Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Генетиката потврди дека сме потомци на Александар Македонски

ИЗВЕШТАЈ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ИНСТИТУТ ПО ГЕНЕТИКА

(Преземено од МИМ)

Во вените на Македонците тече 30 отсто крв од Античките Македонци, што покажува дека се потомци на славниот освојувач Александар Македонски. Грците само пет отсто од генетскиот профил го должат на потомците на славниот освојувач, објави белградски НИН во крајот на мај, повикувајќи се на резултатите на операцијата Вадење корени.
- Од операцијата Вадење корени најзадоволни можат да бидат новоразбудените потомци на Александар Македонски. Дваесет и два метри високиот Александар на грбот на Букефал, во центарот на Скопје, не се гради туку така, без врска, како што скептиците му наметнуваат на Никола Груевски, туку од очигледно научни побуди, бидејќи во вените на жителите на оваа држава тече 30 отсто крв од Античките Македонци, по кои следат Тевтонците со 20, Хелените и Словените со по 15, па Хуните и Феникијците со по пет отсто придонес.
Освен древните Македонци, останатите нема да добијат споменици, бидејќи, пред се, поради славата на Тевтонците, би било комплицирано да се гради споменик на познатиот замок Малборк или реконструкција на битката кај Чудско Езеро, кое Тевтонците и така го загубиле. А патем, не се работи за славен ред на ерусалемските витези, туку за име под кое се водат генерално сите германски племиња. Со слоганот “Сите ние сме Александар Македонски”, иако помалку од нивните северни соседи Македонци, се вклопуваат и Грците, кои пет отсто од генетскиот профил го должат на потомците на славниот освојувач. Во нив 35 отсто преовладува хеленско потекло, феникиските и словенските корени се застапени со по 20 отсто, додека Тевтонците и Илирите имаат по една петтина влијание - објавува белградски НИН во статијата насловена како “Кога ќе се измешаат племињата”.
Според статијата, швајцарскиот институт за генетика “Игенеа” може да зададе голем удар на сите оние кои до вчера се колнеле во чистотата на нациите на кои припаѓаат, или пак дополнително да ги запалат страстите кај луѓето, кои повикувајќи се на 1000 години историја, сметајќи на градежните објекти во желба на генерациите кои доаѓаат во аманет да им остават градби кои предците, зафатени со историските превирања, некако заборавиле да ги изградат.
Или можеби ги изградиле, па во изминатите векови ги разурнале соседните народи, кои исто така се повикуваат на романтичната историја, а кое расположените историчари го толкуваат еднакво романтично, или пак во согласност со моменталните политички прилики. Швајцарците, кои во истражувањето користат огромна стручна литература и тестови во чија стопроцентност се колнат, тврдат дека немаат ни најмала желба, на кој било начин да се занимаваат со политика, туку ете, се обидуваат во научен контекст да го образложат потеклото на сегашните балкански, но и останати европски народи. Без разлика иако грубо им ќе им го определат потеклото. Со оградување дека генетскиот профил на некои древни, староседелски племиња е невозможно да се одвои, иако нивното постоење е научно цврсто докажано.
Истражувањето на потеклото на Балканот не се покажало како голем проблем, па швајцарските експерти, со анализа на материјалите од терен и огромната литература, дојдоа до заклучокот дека просечниот Србин, да речеме е 30 отсто од словенско потекло, 21 отсто од илирско, 18 отсто од тевтонско, 14 отсто од келтско, 9 отсто од феникиско, но шест отсто потекло влече и од хеленските народи. Во Србите се вградени и околу 2 отсто викиншка крв. Со оглед на тоа дека истражувањето почнало во време додека Србите и Црногорците создавале заедничка држава, заеднички било испитувано и нивното потекло, а во генетскиот профил е вклучено и населението на Косово.
- На секое лице, одделно останува одлуката дали сака да дознае повеќе за своите предци. Расните теории за националсоцијализмот и прогонството на различните групи во текот на историјата, потеклото и наследството ги претворија во тешки прашања. Може да се стекне впечаток дека ваквите истражувања неминовно водат во изолација на одредени групи. Исто така можно е резултатот да биде всушност спротивен, за НИН истакна извршната директорка на „Игенеа“, Ирна Пазос.
- Анализиравме генетски племиња, а не политички или историски племиња, кои генетски можат да се разликуваат. Исклучително е важно да се направи разлика меѓу генетиката, историјата или антропологијата. Сите овие научни гранки можат да имаат заемна корист, но со генетиката не можат да се потврдат сите теории. Бројките до кои дојдовме претставуваат просек на сите студии, споредени со примероците кои ги собравме, објаснува Ирна Пазос.
Според неа, припадниците на иста хаплогрупа никако не живееле во целосна изолација, туку се мешале со другите групи и родиле бројно идно потомство. Токму поради тоа, не се исклучува дека лицата со иста крвна линија, генетски припаѓаат на различни хаплогрупи. Хаплогрупата суштински ги идентификува корените кои ги влечеме од древните времиња.
Со понатамошната анализа на резултатите од швајцарските генетичари, така може да се дојде до заклучокот дека Албанците, без Косово, чии квазиисторичари со децении се расфрлуваат со различни докази за чистотата на своето илирско потекло, во еднаква мера се Илири, колку што и жителите на Србија се Словени. Освен една третина илирско, нивниот профил носи една петтина словенско, 18 отсто тракиско, 15 феникиско, 14 отсто хеленско и несомнено два отсто викингшко потекло. Или како што би протолкувале циниците, расправата за древното право на битисување би можела да се води, не меѓу Србите и Албанците, туку меѓу нивните најдобри третини. Дури и нешто помалку од тоа.
Суштински, резултатите од истражувањето на „Игенеа“ не претставуваат генетски код на народот, туку генетски профил, со тоа што за некои народи, како што се на пример Евреите, полесно е да се дојде до резултати бидејќи истражувањата се обновуваат со материјал добиен од живи луѓе, за разлика од целата маса на древни племиња, како што биле да речеме Илирите, за кои се анализираат археолошки пронајдоци, како заб или коски. Кај келтските или германските племиња, резултатот може да се добие со комбинирање на двете методи, при што тие два профила, од многу причини, многу долго време било невозможно научно да се одделат, се додека направениот профил на Келтот врз база на материјали добиени од луѓе со галско потекло, па во подоцнежниот развој на истражувањето, целиот преостанат различен материјал, едноставно е поставен на рафт кој припаѓа на Германите, т.е. на Тевтонците.
Древните народи, според дефиницијата која ја користи „Игенеа“, претставуваат група која е дефинирана не само со посебен јазик, култура и историја, туку и со ДНК профил, како Келтите, Германите, Илирите, Словените, Викинзите, Арапите, Берберите, Персијците, Хуните, Вандалите, значи профил на угрофински народи. Малку посеверно од Србите и Албанците, меѓу Словенците, на кои историски се гледа како на словенски народ, “генетскиот профил” едноставно е полн со тевтонски траги, чии предци во сегашните државјани на Европската унија оставиле околу 35 отсто генетски материјал, т.е. 15 отсто повеќе од Илирите и Словените. Феникијците придонеле со 17, а Евреите и на општо изненадување Вандалите, со пет т.е. со три отсто материјал.
Според објаснувањето на Ирна Пазос, ДНК генеолошките тестови ја покажуваат хаплогрупата, т.е. древните племиња на кои им припаѓале предците, и суштински, регионите од кои дошле пред 40 или повеќе генерации. Анализите за народите се направени како комерцијален дел на целиот проект, кој овозможува за неколку стотици евра да се реконструира потеклото од татковата или мајчината страна, некаде до 10 или 11 век.
Во текот на истражувањето, „Игенеа“ користела 400 научни трудови, објавувани во водечките светски специјализирани весници, но конечните резултати се базирани главно на наодите од некои 250 трудови, бидејќи кај преостанатите примерите биле многу мали за да можеле да се земат како релевантни, или пак методите биле под знак прашање.
- Важно е да се разјасни дека овде не се работи за гени, на пример словенскиот ген, туку за профили. Постојат определени вредности кои се почести кај некои народи, отколку кај племињата. Тие разлики ни овозможуваат генетски да ги разликуваме племињата, истакнува Пазос.
Експертите на „Игенеа“ себеси се сметаат за водечка европска компанија на полето на ДНК генеологијата, при што сржта на истражувањето на оваа компанија се темели на анализите на потеклото на европските народи, со споредување со историските, антрополошките и археолошките извори и најновите сознанија од генетиката. Суштината на истражувањето е обид да се дојде до спознавање за сите древни народи кои оставиле трага во Европа и чии корени носат денешните Европејци.
- Истовремено, халпогрупата ни покажува на кој начин определена група мигрирала на планетата, а со неа може да се дефинираат и жителите на определени географски региони. Халпогрупите суштински се групи на халпотипови, кои се идентификуваат преку специфичните позиции на хромозомите. Во генетиката ипсилон хромозомот се користи за да се истражат халпогрупите од татковата страна, и митокондријалот ДНК за да се истражат халпогрупите од мајчината страна, објаснува Ирна Пазос.
Врз база на тестовите може да се утврди дали лицето припаѓа на определена група предци или халпогрупа. Да нема забуни, халпогрупите не играат задожително важна улога од генеолошка гледна точка, но потенцијално се интересни од антрополошко значење. Со вакви анализи можат да се следат разгранувања на халпогрупи или подгрупи уште од африканско потекло и да се откријат интересни работи за миграциите на нашите древни предци. „Игенеа“ тврди дека нивните, комбинирани методи на анализи даваат резултати кои се веродостојни во 99 отсто случаи.
Тоа ниту малку нема да ги развесели „следбениците на историските настани”, како Фрањо Туѓман, покажувајќи ќуп на кој било нацртано шаховско поле, докажувајќи дека Хрватите, за разлика од тогашното општоприфатено сфаќање, не дошле на Балканот од Панонската Низина, туку директно од древниот Иран. Но, како што утврдија експертите од Швајцарија, не дошле од древниот Иран, бидејќи дури 34 отсто од генетскиот профил им го должат на Илирите, 20 отсто на Словените, 18 отсто на Келтите, 12 на Тевтонците и по осум отсто отпаѓаат на Феникијците и Хелените. Од Персијците, за жал, нема ниту траг, ниту глас.
Исто така лошо помина и приказната на Мујо за помладиот брат на Кеопс, кој ја открива мистеријата на интернет, па вели како братот на Кеопс ги совладал градежните мајстории во околината на Високо во Босна, па поради неговиот немирен дух се преселил во Египет и ја изградил прочуената пирамида. Босанците кои за потребите на истражувањето не биле поделени на Босанци, Срби и Хрвати, туку заедно биле тестирани и со најголем дел, т.е. со околу 40 отсто потекнуваат од Илирите, 20 отсто од нивниот профил носи тевтонски карактеристики, додека Келтите и Словените биле еднакво застапени со по 15 отсто генетски материјал. Тука се секако и веќе неодминливите Тракијци и Хуни со четири, односно со шест отсто.
Ваквите наоди „Игенеа“ ги опишува како мост меѓу историските истражувања и генетиката и се обидува, предностите од двете гранки да ги искористи на интердисциплинарен начин, за да се дојде до нови сознанија за потеклото. Суштински, комбинацијата на двете дисциплини овозможува теориите на историчарите да се проверат со генетско истражување.
Истовремено, на овој начин можно е да се средат халпогрупите на првите етнички групи од древните времиња, дури иако терминот етничка група не се однесува на збир од културни достигнувања, идентитет, регион во кој живеат, а не се однесува и на историјата. На тој начин со истражувањето пред се, се одредува сродноста меѓу припадниците на таа група, отколку одредување на етничката припадност.
Жителите на Бугарија, чие потекло воопштено се толкува како словенско, само еден отсто помалку од половината на генетскиот профил го должат на Тракијците, по 15 отсто на Словените и Хелените, а 11 отсто на Античките Македонци и осум отсто на Феникијците.
Слично изненадување претставуваат и Унгарците, кои во текот на образованието на многу генерации, беа претставувани како угрофински народ, всушност генетскиот профил во најголем дел го должат на Словените, па потоа на Тевтонците, Евреите и Феникијците. Најшаренолика мешавина на народ, според истражувањата на „Игенеа“, претставуваат жителите на Турција, чиј генетски профил е составен од дури девет народи - Турци, Феникијци, Бербери, Хелени, Тевтонци, Словени, Арапи, Илири и Евреи. Русите се најсловенски народ, додека населението на Германија, за кое за неговата чистота паѓаа милиони глави, во најголем дел го сочинуваат Келтите со 45 отсто, Тевтонците со 25 отсто, Словените 20 и Евреите со 10 отсто.
- Нашата сконцентрираност на потеклото на европските народи е уште толку повозбудлива, бидејќи Стариот свет изобилува со историски богатства кои надминуваат било кој друг дел на светот, а техниките со кои располагаме откриваат колку меѓусебно се поврзани различните жители на Европа... и во која мера важечката правоверност за потеклото на нациите мора да биде изменета, заклучи директорката на швајцарскиот институт.

Врати се на претходната страница   Врати се горе