Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Во организација на канадскиот партнер на ОМО “Илинден” - ПИРИН

НЕДЕЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Лилјана Ристова

Македонското интернационално движенје за човекови права во Торонто, од 15 до 21 јуни оваа година организира Недела на македонските човекови права. Целта на оваа манифестација беше јавноста и политичките кругови на Канада да бидат запознати со проблемите со кои се соочуваат Македонците кои живеат во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, односно во Бугарија и Грција. Беше поставена уште една цел - да се обезбеди финасиска помош за македонските културни и правозаштитни активности во овие две земји.
Претставникот на ОМО “Илинден”-ПИРИН, Стојан Георгиев, еден од ветераните на македонскиот национален препород во Пиринскиот дел и Насе Парисис, член на раководството на „Виножито“, после посетата на Вашингтон каде што присуствуваа на конференција на Обединетата македонска дијаспора, на 15 јуни допатуваа во Торонто. Веке утредента, со уште двајца цленови на движењето за човекови права, Стојан Георгиев и Насе Парисис заминаа за главниот град на Канада, Отава, каде што се сретнаа со претставници на канадското Министерство за надворешни работи. Према нивните изјави, посетата била извонредно успешна, а претставниците на Канадската влада веке биле добро запознати со дискриминаторскиот однос на бугарската и грчката влада спрема македонското и другите малцинства.
Во четвртокот, на 18 јуни, Георгиев и Парисис одржаа состанок со претседателите и претставниците на Здружението на децата бегалци од Грагјанската војна во Грција, со организацијата “Обединети Македонци”, со претставници на Леринското друштво и др.
Следните два дена госите го напуштија Торонто и заминаа за Виндсор, каде сто постои прилично голема македонска заедница собрана околу Македонската православна црква “Свети Никола”. Покрај обврските и средбите, гостите, на враЌање во Торонто, можеа да уживаат во убавината на Нијагарините водопади.
Во недела, на 21 јуни, во големата сала на МПЦ “Свети Климент Охридски” во Торонто беше приреден коктел, после кој следуваше трибина на која заинтересираните можеа да поставуваат прашања за проблемите со кои се соочува нашиот народ во Пиринскиот и Егејскиот дел. Беше прикажана и видео снимка од инцидентот кој се случи во Атина за време на промоцијата на грчко-македонскиот речник, од страна на грчката нео-нацистижка партија “Златна зора”.
“Денес само во Грција може да се протестира за издаванје на книга. Грција и Бугарија се уште се придржуваат на одамна надминатиот концепт на етнички чисти дрзави”, беше една од изјавите на Насе Парисис. Стојан Георгиев, на прашањето “што е следниот чекор на ОМО “Илинден”-ПИРИН после неодамнешното повторно одбиванје на бугарските власти да ја регистрираат партијата”, одговори: “Одиме понатаму, никогаш нема да се откажеме од нашата цел”.
И двете партии, ОМО “Илинден”-ПИРИН и “Виножито” се членови на Европската Слободна Алијанса која ги обединува скоро сите малцински партии во Европа.
Останува фактот дека времето веке ги гази заостанатите, конзервативни и дискриминаторски општества, базирани на национал-романтизмот од минатите векови. Во Европа живеат околу 40 милиони лугје, припадници на разни малцински групи, кои, во најскоро време, би требало да станат фактор на обединуванје и соработка помегју државите.

Врати се на претходната страница   Врати се горе