Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Генетиката го враќа заборавеното минато

НЕ МОЖЕТЕ ДА СИ ГИ СМЕНИТЕ ГЕНИТЕ

Стефан Влахов-Мицов

Добиените резултати од швајцарскиот институт за генетика „Игенеа“ за потеклото на сегашните европски народи се толку револуционерни, па прашање е дали мнозина ќе успеат да ја сфатат нивната суштина. А, повеќемина од тие што разбираат што се крие зад цитираните проценти ќе се обидат да ги омаловажат. Затоа што тие и претходно ја знаеле вистината. Дури и повеќе од тоа. Заедно со многубројните следбеници, во текот на повеќе столетија, манипулираат со минатото и го престоруваат во слуга на политиката и на идеологијата. Генетиката е дел од природните науки, кои се точни затоа што ги проучуваат појавите на природните закони. Општествените науки, пак, се субјективни, како и секое човечко дело. Историјата има гранична положба кон нив. Таа претендира дека е точна наука бидејќи се служи со факти. Од друга страна, значи, тие факти се субјективни. Притоа историјата е подложена на двоен притисок: од фалшивите основи втемелени во минатото и поради перманентното заемно влијание на политичката конјунктура.
Со два збора - човек не може да си ги промени гените. Но, под принуда или доброволно (по потреба) може не само да придобие нова религиозна и политичка припадност туку и етничко самосознание. Можно е и друго “ пропагандата да му наметнала нов идентитет, а тој да не се откажал од стариот. Генетиката е наука што заедно со другите нејзини заслуги ги открива големите измами на политиката во однос на историското минато.
На пример, досега беше познато дека бугарскиот народ не е словенски. Словенската мантија му била наметната на крајот на 9 век од чисто политички причини. Кога го примил христијанството ханот Борис добил европско признание. Словенската писменост, пак, почнува да го брани од аспирациите на „крстилницата“ Византија што се реализира преку грчкиот јазик и култура. Уште на времето, словенската маска ги олеснува бугарските освојувања на земјите на Јужните Словени - Македонци и Срби. Така во името на привремени цели Бугарите добиваат лажен идентитет. За да биде наметнат на голем дел од старата азиско-турска администрација е уништена и интелигенцијата, а другите се приспособиле. Што се случило со т.нaр. чргубил Мостич, бугарскиот владетел? Антрополошката реконструкција на неговото лице го покажува како типичен Монгол, а името му е словенско. Ако го земеме предвид и словенизираниот превод на неговата должност (од старотурското ичиргубоил) денешните приврзаници на „преродбенските процеси“ во Бугарија имаа далечни предци во фалсификуваните корени на историјата. Синови и внуци на Азијци со нови имиња и нов идентитет почнуваат да пишуваат пофалби за словенството во бугарската престолнина Преслав. И се престоруваат во словенски просветители. Не случајно словенската просвета и култура вистински процут доживеале во Македонија, каде што се нејзините корени. Бидејќи дури и денес правата на етничките малцинства во Европа често се потиснуваат (а во држави како Грција и Бугарија воопшто не се признаваат) не е чудно што во средновековието никој не ги прашувал обичните луѓе какво самосознание имаат. Во тоа време летописците (речи ги историчари) одразувале и активно практикувале фалсификати. На пример, во книгата на Георги Иверски е посочено дека во селото Ливада, блиску до Солун, живееле Бугари, што се нарекувале Словени. На авторот воопшто не му паѓа на памет дека напишаното само го открива дека лаже. Затоа што ако некој се чувствувал како Словен, не може да му наметнеш друг идентитет. Средновековните „божидардимитровци“ се скарани не само со вистината туку и со моралот. Затоа во пространото житие на св. Климент Охридски се среќава изразот „родот на Словените, т. е. на Бугарите“. А во солунските легенди се говори за испраќањето на Кирил при словенските народи, наречени Бугари. Генетиката, значи, им удри шлаканица на некогашните и денешните измислици со фактот дека само 15 проценти од гените на Бугарите се словенски. А, речиси половината (49 проценти) се тракиски. Само што до неодамна Тракијците не беа сметани за сериозен дел од бугарскиот идентитет. За предност се бореа словенските и прабугарските (хунското, турското, тевтонското и др.) начела. Во зависност од политичката конјунктура на 20 век Бугарите беа ту Словени (почитувани пријатели на Русија и на Советскиот Сојуз) , ту Тевтонци (сојузници на Германија) . Куриозитет е што според генетиката во Бугарите нема тевтонска крв. За разлика од нив, такви гени има кај Македонците, Србите, Црногорците, Грците и кај Хрватите. Сликата станува уште позабавна од фактот дека самите Германци во поголем дел не се Тевтонци, туку Келти. Разликата меѓу денешните политички шпекулации и тие во минатото е само во интервалот на времето. Токму времето фалсификатот го прави историски факт. Тврдењата на дволичниот летописец Прокопиј, дека Словените го престориле Балканскиот Полуостров во „Скитска Пустина“ автоматски ги „чепка“, по 6 век, етносите како тракискиот, македонскиот и илирскиот. Да, но генетиката вели не. Најголем дел од гените на денешните Бугари припаѓаат на Тракијците, на денешните Македонци најголем дел до гените се античкомакедонски, на денешните Грци - елински, на денешните Албанци - илирски. За разлика од нашата современост кога информацијата за едно или друго собитие е не само нешто повеќе, туку има и алтернативни извори, во минатото дворскиот летописец - историчар е само вистина од последна инстанца. Дури владетелот кому му служи не можел да биде пренебрегнат од неговото перо, што се случува во Тајната историја на Прокопиј, која хули на императорот Јустинијан. Но, бидејќи и тогаш историјата се препишувала со секоја нова власт, лесно се препознаваат противречностите меѓу старите летописци и нивните наследници. Новото време, кога се создавале нациите, ја смени насоката на манипулациите. Но, преку дотогашното акумулирање на подобните факти (т. е. од посебното кон општото), туку со посредство на концепција за која се бараат адекватни „докази“. Според Хаген Шулце нациите создадени на крајот на 18 век и почетокот на 19 век се „исфабрикувани од мал број учени публицисти и поети“. Фредерик Барт уточнува дека улогата на „етничките“ претприемачи и политички лидери се прима со посредство на државата, која принудно му наложува идентитет на населението. Ете зошто, за Ерик Хобсбаум официјалните политички идеологии и доктрини во минатото не се доказ за самоспознанието на државните поданици. Историската вистина, за жал, можела да си пробие пат само таму и доколку е во согласност со политичката конјунктура. Во 17 и во 18 век Хрватите се идентификуваат со Илирите заради активна пропаганда на Ватикан. Денешните генетски истражувања потврдуваат дека 34 проценти од Хрватите имаат илирски корени. Словенскиот дел е едвај 20 проценти, келтскиот - 18 проценти, тевтонскиот - 12 проценти, а феникискиот и елинскиот по осум проценти. Но, апетитот доаѓа со јадењето, па така и тогашната католичка пропаганда почнува да ги идентификува сите Словени со Илирите. И да пропагира илирска нација, која ги зема под своја закрила. Независно од тоа што кај Србите и Црногорците илирските гени се во малцинство во споредба со 30 проценти од гените кои се словенски. Кај Македонците илирски гени нема. Денес, пак, официјалната доктрина на Хрватите тврди дека се Словени. Генетиката го потврдува логичниот факт, но пренебрегнуван од минатите и денешните националистички теории, дека не само на Балканот, туку и во цела Европа нема „чисти“ народи. Така што етничките прочистувања имале и имаат, пред се, економска основа. Не помалку е опасно кога генетиката се користи за корекција на историјата на мрачен начин. Како кај Хитлер. Според генетиката тевтонските гени кај Германците се едвај 25 проценти, а другите се туѓи. Меѓу нив 20 проценти се словенски, а 10 проценти еврејски. Во исто време тевтонското генетско присуство во Европа е значително. За да ја поправи „грешката“ Фирерот организираше крваво прочистување во самата Германија. А потоа и објави војна на Европа за тевтонското „наследство“. Политички мотиви ги воделе и Унгарците да побараат специфичен идентитет. Вистина е дека се народ со словенски корени и со преплетени тевтонски, еврејски и феникиски гени. Според генетиката и денешните Албанци не можат да претендираат за единствени наследници на некогашните Илири. Вистина е дека илирските гени кај нив се најмногубројни - 31 процент, а другиот дел го сочинуваат словенските - 20 проценти, тракиските - 18 проценти, феникиските - 15 проценти, елинските - 14 проценти и викиншките - два проценти. Но илирското наследство кај Хрватите е дури 34 проценти, а рекордери во тој однос се Босанците со 40 проценти илирски гени. Во најголема согласност со генетиката е историската доктрина на Русите како словенски народ. На Балканот Србите, макар и многу измешани, имаат преовладувачки словенски гени. Слична адекватност меѓу генетиката и историјата се огледа и кај Македонците (30 проценти античкомакедонски гени и 15 проценти - словенски) и кај Грците, кај кои надмоќни се елинските гени. Проблемот кај Грците е што сакаат да го присвојат и македонското наследство, а притоа се разграничуваат од словенството.
Резултатите на швајцарскиот институт „Игенеа“ одново покажуваат дека минатото на народите е комбинација од општествени и биолошки сведоштва. Притоа, за разлика од подвижната општествена памет, генетиката е безмилосен архивар на вистината.

Врати се на претходната страница   Врати се горе