Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Инциденти на промоцијата на грчко – македонскиот речник во Атина

ЕЛИНОФАШИЗАМ

(Преземено од МИМ)

Првиот грчко-македонски речник отпечатен во Грција успешно беше промовиран, и покрај обидот на поголема група ултранационалисти да го спречат настанот.
Ова на 3 јуни за Макфакс го изјави претседателот на „Виножито“ Павле Васкопулос, изнесувајќи детали за промоцијата одржана синоќа во строгиот центар на Атина.
„Грчки ултранационалисти, неонацисти и хулигани се обидоа да влезат во салата и да ја спречат промоцијата на речникот. Иако задоцнето, полицијата интервенираше и спречи поголем инцидент “, изјави Васкопулос.
Во инцидентот бил повреден еден новинар на грчкиот весник „Протофема“, кој бил нападнат од хулиганите.
Промоцијата на речникот ја следеле и други грчки новинари од неколку телевизии и печатени медиуми.
„Успешната промоција на современиот Грчко-Македонски речник за нас е уште еден мотив да продолжиме со нашата борба за одбрана на македонштината, за признавање на македонското малцинство и за демократизација на грчкото општество“, изјави претседателот на партијата на Македонците во Грција, „Виножито“, Павле Васкопулос.
Тој додаде дека речникот, испечатен во тираж од 2,000 примероци, освен за припадниците на македонското малцинство е наменет „и за секој современ грчки граѓанин“.
Во врска со изборите за Европскиот парламент, што се одржаа во Грција, Васкопулос нагласи дека „Виножито“ се соочиле со огромен притисок.
„За Виножито нема никакви демократски услови за фер учество на изборите. Партијата е целосно исклучена и бојкотирана и од страна грчките медиуми“, изјави Васкопулос. Како пример, тој наведе дека пропагандниот телевизиски спот на „Виножито“ бил емитуван на една приватна тв - станица во 06,00 часот изутрина.
„Тоа е само еден очигледен пример за притисокот што се прави врз „Виножито“ и порака дека нашите предизборни активности можат да ги гледаат само грчките петли“, изјави Васкопулос

Врати се на претходната страница   Врати се горе