Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Темелко на албанската државна телевизија

НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК


Eдмонд Темелко, лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, во петминутното обраќање на албанската државна телевизија, зборувајќи на македонски јазик, ги повика Македонците да гласаат за кандидатите на нивната партија. Неговото обраќање беше во рамки на бесплатното политичко рекламирање за претстојните парламентарни избори кои се одржаа на 28 јуни.
Ова беше и прво учество на партијата на Македонците на парламентарни избори во Албанија. Претходно лидерот Темелко потпиша договор за широка коалиција во која е и Демократската партија на актуелниот премиер Сали Бериша.

Врати се на претходната страница   Врати се горе