Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Албанија станува пример за Бугарија

MAКЕДОНСКАТА ПАРТИЈА ВО АЛБАНИЈА ВО КОАЛИЦИЈА СО САЛИ БЕРИША

(Преземено од МИМ)

Македонска партија на 11 мај во Тирана го конституира новоизбраниот состав на Централниот комитет за периодот 2009-2013 година. Централниот комитет на вчерашната седница, на предлог на претседателот Едмонд Темелко, избра двајца потпретседатели и генерален секретар на партијата.
За потпретседатели се избрани Аднан Ќејвани од областа Гора и Кристо Мазнику од областа Голо Брдо, додека за генерален секретар Таќо Гроздани, кој е и претседател на Регионалниот комитет за Корча. На седницата одржана во Тирана, членовите на Комитетот се согласиле историската одлука за тоа со која од двете најголеми албански политички партии, владејачката демократска, на актуелниот Премиер Сали Бериша или опозициската социјалистичка, на Еди Рама, да ја донесат во текот на неделава.
На првиот партиски конгрес, одржан на 25 мај партијата го смени името од Македонска алијанса за европска интеграција во Македонска партија и за прв претседател на партијата го избра Едмонд Темелко, актуелен градоначалник на Пустец.
Едмонд Темелко и Сали Бериша потпишаа договор за коалицирање на претстојните парламентарни избори во Албанија. Според коалициониот договор, Македонска партија ќе понуди кандидатски листи со најмалку 72 кандидати за пратеници на целата територија на земјата. Очекувњата се од нив добитни да бидат од едно до две пратенички места. Темелко задоволен од постигнатиот договор. Очекува соработката со владејачката албанска партија да донесе подобар живот за Македонското население.
„Се залагаме заедно за договорот, прецизно кажано дека ќе бидеме дел од извршната власт, и на централно и на локално ниво и таа коалиција ќе ја продолжиме и на локалните избори, бидејќи се залага Демократската партија на Сали Бериша да не поддржи за наши кандидати во етничките зони каде што живеат чисто етничко македонско население, како областа Мала Преспа, Гора и Голо Брдо“, изјави Темелко.
Демократска партија на Бериша важи за фаворит на изборите што ќе се одржат идниот месец.
Доколку победи, се обврзала да го заврши процесот за враќање на македонските топоними, како и за се заложи за афирмација и заштита на македонскиот јазик. Македонците во Албанија, по регистрацијата на Македонска партија во 2005 година, за првпат ќе учествуваат на парламентарни избори годинава.

Врати се на претходната страница   Врати се горе