Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Крсте Петков Мисирков
(Продолжува од минатиот број)

И така, значат, Бугариiа ни напраи до сега веке сите арнотиiи, остааше само и у нас да развиiат клас „самостоiни националисти”, коiи ке разберат наi после, каде iет коренот на секоiе зло во нашето национално развиiаiн’е, т. е. Бугариiа реши, и каi нас да насеiет русофобство, та и ниiе да изгубиме секоiа вера во праославна Русиiа. Мисиiата на Бугариiа iет прекрасна, само за жалост ниiе тука во Петроград сме далеко од Бугариiа, та русофобското семе не можит да ни западнит глабоко во душата и да даiит арни плодои.
Од сите преброiени фактои се видит големата вреда за нас македонците от тоа, шчо ниiе, или барем мнозина од нас, отожествуафме до сега нашите интереси со обшчебугарцките. Ниiе се велефме бугари. Со тоа, од iедна страна сакафме тоа име да ни послужит како центр, около кого ке можиме сите да се згрупираме, без да бараме за таiа цел’а некоi друг, а можит и сосим нов, од друга, ниiе мислефие, оти вистина во соiединен’ето со бугарите iет нашата сила.
И вистина од нашето велеiн’е да сме бугари, ниiе имафме прао да очекуаме за нас добрини, а не злини: ниiе можефме да очекуаме од Бугарите поддржуаiн’е на сите наши дуовни нужди. Бугариiа iет слободна држаа. Она располагат со пари, просветеiн’е, државни мажи и дипломати. Она требит да сознаат неiните и наши национални интереси и мошно да бранит. Но видофме да сме горко излажани во нашите надежи и да на место арнотиiи, ниiе видофме само лошотиiа.
Тиiе лошотиiи преминуваат секоiе очекуаiн’е. Се прашат, коi iет во с тоа крив ? — На тоа прашаiн’е iас не можам да одгоорам. Не iет моiа работа да барам, али некоi зол демон на Бугариiа имат напраено сите лошотиiи бугарцки нам македонците. За мене iет iасно само тоа, да голем дел во сите наши нестреки се должит на бугарцкиiо народ. Не iет кн’азот крив во тоа, да речиме, шчо немаат бугарите арни дипломати. Ако напр. г. Станчев iет предстаител’ на кн’азот, а не на Бугариiа, то не сет таквиiа Цоков, Бешков в др. Н.е iет извинеiн’е за бугарцкиiот народ и тоа, шчо недостоiните дипломати принадлежат кон таiа или друга партиiа, и кн’азот се ползуат со повикуаiн’ето на власт, по лични сообразуаiн’а. то iедна, то друга партиiа. Главната нестрек’а за Бугариiа и неiните интереси iет, не во тоа, шчо имат многу партиiи, и не сите знаiале арно народните интереси, а во тоа, шчо бугарите малку сет проникнати со народните интереси, особено со надворешните.
У бугарите немат национални идеали, кoi да бидат обшчо достоiаiн’е и светиiн’а за сите бугари. Тиiе идеали се изработуваат од историiата на народот, но се изработуваат во iеден долог историцки период. Долго време членоите од iеден народ требит да се увличаат од iедни исти народни идеали, обшчи и свети за сите членои на народот. Тиiе идеали требит да бидат изработени од наi видните предстаители на народот и усвоiени от сите негои членои. Идеалите народни требеше да бидат iедна програма, кон осашчествуаiн’ето на коiа ке требеше да бидат напраени сите сили на народот. Народните идеали не одiеднаш сите можат да бидат осашчествени, но нивното осашчествуаiн’е требит да бидит само резултат на обшчата и самоотвржена народна работа. Трудностите во достижеiн’ето на народните идеали служит само како сколиiа, во коiа окрепнуат народниiот дух и се готвит за ушче по голема борба. Во замена на тоа, ако iеден народ добиiет политична слободиiа, или се исполнит нешчо друго важно за народниiот жиот, без негоо, или со мало негоо содеiство тогаi, кога у него ушче немат изработено народни идеали, или, ако сет изработени, не сет усвоiени от сите членои на народот,—то, во таков случаi, народот не ценит народните идеале, и како чоек без определена цел’а и програма за работеiн’е, се фрл’ат, то во iедна, то во друга страна, праеiки тоа, не зашчо тоi iет убеден, оти така требит да бидит, а зашчо видит да имат околу него л’уг’е, шчо постапуат така или инак.
Шчо видиме ниiе во наi ноата бугарцка историiа? Бугариiа добиiат политична слободиiа, наi важното нешчо во народниiот жвот, ушче тогаi, кога у ниф немаше народни идеали, кога и сами не знаiеа, шчо сакаат. Слободиiата iе добиiа бугарите со наi мали жртви и усилиiа; неiа им iе подариiа русите. Ослободеiн’ето напраи iедна голема пропаст мег’у по прег’ешната бугарцка историiа и жиот, и ноата. Во првата бугарите видеа сато iеден мрак, за тоа ови се одврнуваа од неiа. И така бугарите во ноиот слободен жиот се iавиiа како народ без традициiи, народни идеали, сознаiн’е на народните и државни интереси и историiцко наследиiе. Значит, Бугариiа се iави како држаа во вид на историiцко недоносче. Со усил’ата на Русиiа тоа недоносче окрепна малу, но при првото осек’аiн’е на своiите сили заiавуат претенциiа на самостоiна политика — извор на нестреки за македонците
Но не само во таiа самостоiна политика се закл’учаваат нашите нестреки, а следствено и причината за оддел’аiн’е на нашите интереси од бугарцките, па и причината на оддел’аiн’ето ва македонците овде во македонцко другарство.
Тоа оддел’аiн’е си имат и друзи причини, а имено, употребуаiн’ето на нашите умствени сили на изучааiн’ето на себе, како членои на iедна таткоина и iеден народ. За да се достигнит таiа цел’а, требит да се состаит оддел’но другарсгво од лица, за коiи изучааiн’ето на Македониiа во етнографцки, географцки и исторвiцки одчос имат првостепен значаi; а таквиiа лица сме ниiе македонците.
За да се достигнит таiа цел’а, ниiе требит да се одделиме од друзите балканци народи и самостоiно и критично да погледаме на сами себе и нашите интереси, како и на балканцките народи и нивните интереси. Постапуаiки така, ниiе ке се ослободиме од грешките, шчо и праат друзите балканцки народи.
За да бидит по iасна ползата от таквоа оддел’уаiн’е наше од друзите народи, доста iет iеден критичен поглед на работеiн’ето на тукашните студентцки другарства:
бугарцкото и србцкото.
Бугарцките студенти имаат големи претенции да сет предстаители на наi ноите течеiн’а на чо-ечката мисла. За ниф немат никаков значаi национализмот, коi шчо се броiит за нешчо, шчо имат одживеiано своiот век. Они сет интернаци-оналисти. Они сет наi напред луг’е, па после, ако им останит за тоа време, сет бугари. За ниф чоечеството имат по голем значаi од Бугариiа, а за тоа поеке интересуваат ниф Швеiцариiа, Соiединените С. - Американцки Држаи и нивната историiа, отколку Бугариiа со неiните национални интереси. Бугарцката младеж овде употребуат сите своiи сили и стредства, да се покажит напредничаа т. е. социалистична: долги и безмислени речи, долги коси, и убао исчешл’ана брада, првена или сиiн’а руска кошул’а и пр. Со национални прашаiн’а не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографиiата, па и по каква и да бидит друга наука, осим политичната економиiа. Но за то секоi считат своi долг да критикуат с шчо ке му се попаднит. Со научни прашаiн’а не л’убат да се занимаваат, но за то сет убаи организатори : можат да устроiаваат лотариiи, да пропагандираат некоiа работа, да устроiат некоiа вечеринка со благотворна цел’а, без да му гледаат многу многу, оти со неiа ке оскандал’ат и себе и бидното поколеiн’е од бугарцки студенти во Петроград. У опшче они сет готои да се занимаваат со работи, шчо бараат малу труд, но зато даваат голема попул’арност и самомнеiн’е.

Македониiа iа признаваат за бугарцка во етнографцки однос, но мисл’ат, да iет излишно да си арчат силите за да научат нешчо за таiа страна, за тоа, нишчо не знаiат за неiа, ни од историiата, ни од географиiата и етнографиiата неiна, осим да имат тамо чети и востааiн’е, на коiе требит да се помогнит само со лотариiи, и не со сами себе. Тоа платоническо и само платоническо и евтино сочувство кон македонците, тоа неразбираiн’е на националните интереси, тоа отсутство на национал’ни идеали и таiа жажда од попул’арност со приврзаност кон социализмот, iет отражеiн’е на дуовното состоiаiн’е на бугарцкиiот народ и негоото обшчество. Оттука многу iасно се видит, до колку бугарите не сет во стаiн’е да бранат не само нашите, но и собствените интереси.

Србцките студенти праат совршено друг и проти-оположен упечаток од бугарцките. Србите не сет интернационалисти, а сите буквално, без разлика, дали iет некоi от Србиiа, Босна, Ерцегоина, или Црна Гора, сите сет националисти. Они знаiат, да сет они прво срби, а после л’уг’е. Секоi знаiит и се интересуат со србството разместено во разни земiи. Они знаiат нивната историiа и историiата на саседанте народи и земiи. Они се интересуваат сите главно со културно-историiцките науки и изучаваат. Изучаваат како стредство за достигаiн е србцки национални цели. Со цел’а да зашчитат србцките интереси пред русите, они преводат или состауваат на руски книги со историцко содржаiн’е. Таков утилитарен, тенденциозен и спекул’ативен однос кон науката не iет за одобруаiн’е и iет причина и резултат на национален шовинизм, но последниiот iет резултат на тиiа историiцки прилики, во коiи попадна србството, особено после Берлинцкиiот догоор. Србите можиме да обвинуаме во шовинизм; но они не сет по големи шовинисти од бугарите Србите сет националисти, со арно сознаiани народни идеали и интереси, коiи шчо, со труд, наука, перо и дипломатиiа, сите, како iеден чоек, одат по iеден обшч за сите пат, и за тоа одржуваат победи над бугарите на секоi рачкор. Србите сет шовинисти; они сет отчаiани во борбата со своiите неприiатели за зашчита на нивните национални интереси. Но, ако порамниме србцкиiот шовинизм со бугарцкиiот национален индиферентизм и и разгледаме од македонцко па и од обшче чоечко гледишче, то ке требит да признаiиме, да србцкиiот шовинизм, како резултат на основно изучените народни интереси, стоiит много по високо и много по горе од бугарцкиiот национален индиферентизм, коi iет резултат на отсатствиiе на секоiе разбираiн’е на бугарцките државни интереси. Во тоа време, кога србите од крал’от и министрите до последниiот србцки амалин сет националисти и наог’аат за нужно сите да се сплотат во iедно, за да достигнат со обшчи сили народните идеали, бугарите се цепат на социалисти и секакви друзи — исти, коiи наi малу сакаат да: оправдаат послоицата, да соiединеiн’ето праит силата. — Туку с тоа iет резултат на политичната зрелост на народот: србите во течеiн’ето на цел век изработуваат националните идеали и изучуваат националните интереси, а пак бугарите го праат тоа само во 1/4 век.

Како и да iет, но одделеiн’ето наше од бугарите ке ни даiит возможност критично да се односуаме кон бугарцките работи, а не слепо да и копираме, и да насадуаме во Македониiа, на место национализм, социализм, како шчо го праела тоа натрешната македонцка револ’уциiна организациiа. Значит оддел’уаiн’ето на нашите интереси од бугарцките, покраi другото, ке не избиiат от положеiн’ето, како маiмуни да копираме бугарцките неомислени постапоци, и на вера да приiимаме бугарцките увереiн’а, да iет Бугариiа нашата арнотворка, а Русиiа нашиiот наi голем неприiател; оно ке развиiет во нас критичен однос кон нашите и туг’и постапоци.

А од тоа одваi ли можит да имат по големо оправдаiн’е на сашчестауаiн’ето и програмата на нашето другарство. Ако iет така, то не ни остаат нишчо друго, осим да му се помолиме на Господ, да умножит македонцки другарства, подобни на Петроградцкото — „Св. Климент” на секаде, каi шчо живеiат македонци.


*) Прочетено на II-та седница на Петроградцкото Македонцко научно-литературно Другарство „Св. Климент“ на 28-и Септ. 1903 г.

Врати се на претходната страница   Врати се горе