Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Изјава на германски лидер

ГРЦИЈА ДА ПОПУШТИ ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИМ)

Валтер Колбо, координатор на пратеничката група на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и претседател на Германско-македонското друштво, на 20 мај, по средбата со премиерот Никола Груевски, изјави дека неговата партија го повикала грчки ПАСОК и нејзиниот лидер Јоргос Папандреу да ја сменат позицијата во однос на проблемот за името.
- Директен одговор од ПАСОК засега нема, но мислам дека првиот одговор ќе го имаме по евроизборите - рече Колбо и додаде дека тие дејствуваат и покрај тоа што имаат многу обврски поради јунските евроизбори и националните избори во септември.
Германскиот пратеник истакна дека ја поддржува Македонија во однос на прашањето за името. Ние сме на ваша страна од 2004 година, кога во германскиот парламент беше изгласано дека Македонија има право да го земе она име што го сака. Очигледно е дека Грција е во НАТО и во ЕУ и има можност да го стопира влезот на Македонија. Ние не го одобруваме тоа - изјави Колбо.

Врати се на претходната страница   Врати се горе