Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
По случаj 24 маj

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ СРЕТНА СО ПАПАТА

(По македонскиот печат)

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој ја предводи државно-црковната делегација на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ na 22 мaj во Ватикан беше примен од папата Бенедикт XVI.

На средбата со поглаварот на Римокатоличката црква Иванов ги истакна добрите односи меѓу Македонија и Ватикан и залагањето на Македонија за остварување на правата на припадниците на сите заедници во земјата.
Шефот на државата побара од папата негови високи претставници да присуствуваат на настани што ќе бидат организирани од него во иднина, а исто така ја повтори поканата Неговото Блаженство Бенедикт XVI во 2010 да дојде во Скопје по повод 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.
По аудиенцијата кај папата и разговорот со него, Иванов се сретна и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Тарчисио Бертоне.
Во Рим истиот ден Иванов разговараше и со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент Џанфранко Фини.
Традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ почна на 21-ви маj со концертот на етногрупата „Баклава“ на кој, покрај претседателот Иванов и членови на македонската делегација, присуствуваа и неколку амбасадори и претставници на десетина други амбасади.
Во македонската државна делегација се и министерката за култура Елизабета Канчевска - Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Валентина Божиновска. Црковната делегација ја предводат поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и скопскиот бискуп на Католичката црква Кирил Стојанов.
Министерката за култура Канчевска - Милевска во Ватикан се сретна со монсињор Џанфранко Раваси, претседател на понтификалниот Совет за култура, а потоа ја отвори изложбата на новите изданија на Државниот архив на Република Македонија „Македонија низ вековите“. Актерот и режисер Петар Темелковски потоа изведе монодрамата „Филип Втори“.

Молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ по 41. пат се одржа на 24 маj, а со него чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан придружуван од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј и епископот Хераклејски Климент. Македонија секоја година го одбележува 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Врати се на претходната страница   Врати се горе