Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Инициатива на највисоката научна институција

МАНУ БАРА ДА СЕ НАПРАВИ ЕТНОГЕНЕЗА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
(Преземено од МИМ)

Првична иницијатива за мултидисциплинарно научно истражување на етногенезата на македонскиот народ поднесе до Владата лингвистичкото одделение на МАНУ, со кое раководи академикот Катица Ќулафкова. До крајот на годинава МАНУ ќе ги прецизира сите елементи што ќе ги опфати истражувањето, кое, според очекувањата, наредната година треба да влезе меѓу стратегиските проекти на оваа највисока институција од областа на науките и уметностите.
- Истражувањето треба да опфати стручњаци од сите научни дисциплини, кои директно или индиректно се поврзани со етногенезата на македонскиот народ. При тоа мислам на антрополози, етнолози, етнографи, фолклористи, историчари, балканолози, генетичари, лингвисти, стручњаци за топонимија и други - вели академикот Ќулавкова.
Истражувањето, кое во моментов на засилување на процесите на самоидентификација во поширокиов регион се наметнува како стратегиски интерес, би дало одговори на прашањата што се активираа со процесот на т.н. антиквизација на актуелниот општествени амбиент.
Имаме ли врски со античкомакедонскиот супстрат? Од каде е нашето потекло? Кога се доселени Словените во регионов? Каков генетички потенцијал наследиле тие? Каква била овдешната топонимија пред нивното доселување? Што си учествувало во формирањето на македонскиот идентитет?
- Обезбедувањето одговори на сите овие прашања е стратегиски интерес за Македонија и чинам дека е вистинско време тоа и да се стори. Никој не сака да го девалвира својот статус за нечија идеологија. Затоа политиката треба тоа да и го препушти на науката - вели академик Ќулавкова.
Сите држави во регионов, вели таа, имаат или барем велат дека имаат направено такво истражување на етногенезата на своите народи.
- Нивната категоричност дури и во случаи кога зад тоа убе-дување не стои научно докажана теза ја истакна нашата несигурност што е многу незгодна позиција во вакво време на сеопшто регионално превреднува-ње на сопствените корени и идентитети - вели Ќулавкова.
Според очекувањата, проектот за истражување на етногенезата на македонскиот народ, во 2010 година би бил носечки на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ. Иницијативата доаѓа во време кога прашањето за идентитетот, среде преговорите за името со Грците, станува врвно актуелно. Лобирањето на Грција придонесе придавката „македонски“ да биде избришана од сите графи на документацијата во ЕУ и да биде заменета за изразот „треба да се дефинира“. Регионот е зовриен од пресметката околу античките корени, а идентитетот е најчесто споменуваниот и уште почесто оспоруваниот квалитет во личната карта на овдешните народи.
Неодамна швајцарскиот институт за генетички истражувања „Игенеа“, проучувајќи го генетичкото наследство на регионов утврди дека современиот Македонец има дури 30 отсто античкомакедонски генетички потенцијал, за разлика од современиот Грк, кој има 15 отсто такво генетичко наследство.

Врати се на претходната страница   Врати се горе