Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Крсте Петков Мисирков
(Продолжува од минатиот број)

Причините за рако-полагаiн’ето на Фирми-л’ана ушче еднаш iасно ке ни покажат, каква нес-трек’а за нас македонците iет носеiн’ето на името бугарин. Од ниф ке се видит, оти политичното недоносче — Бугариiа не iет во состоiаiн’е да зашчишчаат не само нашите, но и негоите интереси.
Бугариiа немат дип-ломати, а ушче по малу—во странство И тиiе шчо сет от последнате, не сет да чуваат и подигаат значеiн’ето на Бугариiа, а да умал’уваат и осмеiуваат, и себе, и своiата држаа. За подтврдуаiн’а на тоа, доста iет да се потсетит на троiица: г. г., Бешков, секретар и gеrаnt на Трговското Агентство во Битол’а, Цоков, дипломатически агент во Лондон и Станчев таков во Петроград.
За г. Бешков, попрашаiте кого сакате во Битол’а, било то от персонало на тамошните консулства, било од бугарцките учители, било од влашките, било од граг’аните, ила наi после од циганчин’ата, со коiи се имат разгоарано г. Бешков, постоiано врвеiки по Градот без работа, — сите ке ви кажат, коi iет г. Бешков. За тоа србите имаат во Битол’а прекрасен предстаител’, коiи се пол’зуат со полно уважеiн’е у консулите. Тоа iет г. Ристич.
Сета своiа дипломатиiа си искажа г. Цоков во разгоорот негов со кореспондентот на Реiтер.
Но наi интересен iет г. Станчев, iедно, како частно лице, друго, како дипломат и трек’о, како дипломат на наi важното за Бугариiа от сите дипломатцки места. Прво нешчо, шчо биiет на очи, тоа iет, шчо г. Станчев си остаат на истото место од сето време, како знаiам за него (имат около 9 години). Тоiа факт на вид iет многу утешен, зашчо он како да покажуат постоiанство во политиката на Бугариiа. Србцките посланици вистина седат во Петроград по неколку години со ред, но по 4—5 години се менат. Но тоiа утешен факт, iет утешен само за вид. Ушче првата година на моето студентство мене ме запитаа, кавов чоек iет г. Станчев ? Iас за него не знаiеф нишчо, затоа рекоф, оти мало го познаам. Тогаi ми дадоа iедна немцка книга, со наслов Die Wahrheit uber Bulgarien. Iас замолиф, да ми iе дадат, да iе прочитам дома. Ми iе дадоа, и така iас се запознаф прв пат со г. Станчев и со бугарцките работи, особено со положеiн’ето и авторитетот на бугарцкиiот предстаител’ во Петроград. После iас чуф ушче некоiи слуои за г. г. Станчев од нивниiот жиот во Петроград. подобни на пасажите за ниф во упоменатата книга. Од разгоор со журналисти iас чуф, оти г. Станчев праил опит да повлиiаiет на ниф, но неуспешно. Вообшче сите тиiе, со коiи имаф случаi да се видам или зборуам, г. Станчев или не го знаеа, или лошо се одзоуваа за него. Но во последната година г. Станчев, кажуваат се пушчил толку долу, така ниско пушчил бугарцкиiот престиж во Петроград, как не ке можеше да напраит и наi големиiот неприiател’ на бугарцките интереси.
А знаiат ли бугарите, оти во тоа вреие, кога они имаат во Петроград iеден Станчев, србите имаат тамо iеден Пашич, или iеден Груiич, или iеден Новакович ? Тиiе дипломати последовател’но сет, или во Петроград, или во Стамбул; и на iедното, и на другото место они остануат по неколку години со ред. Во Петроград они имаат обширни познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеи на руското обшчество и имаат големо влиiаiн’е на него. Они се знаiат со дипломати, профецори, редактори и издатели на ноини. Они зборуваат убедител’но и со глабоко знаiаiн’е на работите. Добаите кон тоа, да iет србцката надворешна политика устаноена, као и то, да имаат они и цел ред друзи, осим упоменатите дипломати, а ке разберите, оти ракополагаiн’ето на Фирми-л’ана iет победа на србцката дипломатиiа и поразиiа на бугарцката; победа, добиiена со своiи т. е. србцка сили, а не нешчо наврзано од русите ; поразиiата пак на бугарите iет резултат на немаiн’е бугарцки дипломати, коiи да разбираат бугарцките интереси и да ги зашчитуат со авторитет и знаiаiн’е.
Ама г. Зиновiев помагал и сочувствуал на србите. Тоа можит да бидит вистина, но тоi го праит тоа, не зашчо мрзит бугарите, а зашчо србцките посланици во Стамбул сет логични, знаiат арно нивните интереси, и можат да и зашчитуат. Исто така, можит, руските консули зашчитуваат србцките интереси во Македониiа, не за атар, а iедно, зашчо и србите, како и бугарите сет словени, а друго, зашчо србите по арно имаат разбрано и знаiат да бранат нивните интереси.
Значит бугарцката надворешна политика не издржуат никаква критика. Она iет главниiот извор на сите наши нестреки. За тоа не можит и да се зборуат за некакви арнотиiи од Бугариiа за Македониiа. Арнотиiа ли iет материiалната помок’ на Бугариiа за востааiа’ето, кога таiа поддржка само не застаи да си расфрлиме народните сили, со кои ниiе бефме силни, а сега сме нишчо? Арнотиiа ли iет ранеiн’ето на избеганите во Бугариiа македонци, кога Бугариiа iет првата и последната причина да им се разорат куките? Арнотиiа ли iет тоа, шчо приiимат она на своiа служба македонци, кога последните со службата, или заради неiа, забрауваат своiата таткоина, и неiните интереси жртвуваат на бугарцките? Зар не сет македонците, шчо сет на служба или кандитати за служба тиiе, коiи изопачуваа мег’у населеiн’ето во Македониiа значеiн’ето на руските праител’ствени постапаци, и толкуваа пред него стамбуловцки, и го тискаа да востанит, против советите на Русиiа за благоразумие? Македонци! Време iет да се убедиме, оти лошиiот демон за Македониiа, не iет никоi друг, осим Бугариiа, ето зашчо час по скоро требит да одделиме интересите наши од бугарцките. Тоа го барат од нас благоразумието.
От гореречено се видит, оти бугарцките арнотвiи за нас македонците ни наi малу не се разликуваат од србцките, но за то ни костуваат сто пати поеке:
1, за бугарцкото име, шчо ни го подари екзархиiата, ниiе зедофме на себе сите добрини, шчо сет врзани со него, и со коiи се украси тоа име во наiноата историiа на Балканцкиiот полуостров.
2, за бугарцквте сколиiи и бугарцкото „покротел’ство” на нашите интереси, ниiе немаме никакво сочувство от страна на русите, не за тоа, шчо тиiе мрзат бугарите, а по тиiе сообразуаiн’а, шчо они толку многу напраиле за бугарите, колку за никоi од словенцките и прао-славни народи; изле-гуат, оти они и за нас македонците напра-иле многу, и немало зашчо ушче нешчо да очекуаме од ниф. Руското покровител’-ство стаат не нужно, кога ниiе имаме „самостоiно” и „наци-онално” бугарцко покроител’ство. 3, за бугарцките владици, шчо ни и подари Стамболов, ниiе заплатифме со немаiн’е автономни праа, предвидени по Берлинцкиiот трактат. Таiа арнотиiа добиiат ушче по големо значеiн’е со тоа, шчо она беше причината да се образуваат комитети, организациiи, чети, востааiн’а, да имат убиiства, грабежи, колеiн’а и пр. и во се тоа Бугариiа ни поможа, и со пари, и со трпеiн’е на комитетите на своiа земiа.
4, верата во бугарцкото чувство кон нас си iа платифме со востааiн’ето, од коiе Бугариiа вистина не не задржа. и не ни поможа, но . . . го испрати Наiчеича да прегоарат... Исто така Бугариiа со своiата искусна дипломациiа не поддржа . . .!
5, За ранеiн’ето на избеганите македонци во Бугариiа и како наi голема награда за името бугарин, шчо го насадиiа каi нас, ни покажаа барем да знаiиме, коi iет причината за сите наши нестреки, а тоа била . . . Русиiа.

И така, значат, Бугариiа ни напраи до сега веке сите арнотиiи, остааше само и у нас да развиiат клас „самостоiни националисти”, коiи ке разберат наi после, каде iет коренот на секоiе зло во нашето национално развиiаiн’е, т. е. Бугариiа реши, и каi нас да насеiет русофобство, та и ниiе да изгубиме секоiа вера во праославна Русиiа. Мисиiата на Бугариiа iет прекрасна, само за жалост ниiе тука во Петроград сме далеко од Бугариiа, та русофобското семе не можит да ни западнит глабоко во душата и да даiит арни плодои.

Од сите преброiени фактои се видит големата вреда за нас македонците от тоа, шчо ниiе, или барем мнозина од нас, отожествуафме до сега нашите интереси со обшчебугарцките. Ниiе се велефме бугари. Со тоа, од iедна страна сакафме тоа име да ни послужит како центр, около кого ке можиме сите да се згрупираме, без да бараме за таiа цел’а некоi друг, а можит и сосим нов, од друга, ниiе мислефие, оти вистина во соiединен’ето со бугарите iет нашата сила.

И вистина од нашето велеiн’е да сме бугари, ниiе имафме прао да очекуаме за нас добрини, а не злини: ниiе можефме да очекуаме од Бугарите поддржуаiн’е на сите наши дуовни нужди. Бугарвиiа iет слободна држаа. Она располагат со пари, просветеiн’е, државни мажи и дипломати. Она требит да сознаат неiните и наши национални интереси и мошно да бранит. Но видофме да сме горко излажани во нашите надежи и да на место арнотиiи, ниiе видофме само лошотиiа.

Тиiе лошотиiи преминуваат секоiе очекуаiн’е. Се прашат, коi iет во с тоа крив ? — На тоа прашаiн’е iас не можам да одгоорам. Не iет моiа работа да барам, али некоi зол демон на Бугариiа имат напраено сите лошотиiи бугарцки нам македонците. За мене iет iасно само тоа, да голем дел во сите наши нестреки се должит на бугарцкиiо народ. Не iет кн’азот крив во тоа, да речиме, шчо немаат бугарите арни дипломати. Ако напр. г. Станчев iет предстаител’ на кн’азот, а не на Бугариiа, то не сет таквиiа Цоков, Бешков в др. Н.е iет извинеiн’е за бугарцкиiот народ и тоа, шчо недостоiните дипломати принадлежат кон таiа или друга партиiа, и кн’азот се ползуат со повикуаiн’ето на власт, по лични сообразуаiн’а. то iедна, то друга партиiа. Главната нестрек’а за Бугариiа и неiните интереси iет, не во тоа, шчо имат многу партиiи, и не сите знаiале арно народните интереси, а во тоа, шчо бугарите малку сет проникнати со народните интереси, особено со надворешните.

У бугарите немат национални идеали, кoi да бидат обшчо достоiаiн’е и светиiн’а за сите бугари. Тиiе идеали се изработуваат од историiата на народот, но се изработуваат во iеден долог историцки период. Долго време членоите од iеден народ требит да се увличаат од iедни исти народни идеали, обшчи и свети за сите членои на народот. Тиiе идеали требит да бидат изработени од наi видните предстаители на народот и усвоiени от сите негои членои. Идеалите народни требеше да бидат iедна програма, кон осашчествуаiн’ето на коiа ке требеше да бидат напраени сите сили на народот. Народните идеали не одiеднаш сите можат да бидат осашчествени, но нивното осашчествуаiн’е требит да бидит само резултат на обшчата и самоотвржена народна работа. Трудностите во достижеiн’ето на народните идеали служит само како сколиiа, во коiа окрепнуат народниiот дух и се готвит за ушче по голема борба. Во замена на тоа, ако iеден народ добиiет политична слободиiа, или се исполнит нешчо друго важно за народниiот жиот, без негоо, или со мало негоо содеiство тогаi, кога у него ушче немат изработено народни идеали, или, ако сет изработени, не сет усвоiени от сите членои на народот,—то, во таков случаi, народот не ценит народните идеале, и како чоек без определена цел’а и програма за работеiн’е, се фрл’ат, то во iедна, то во друга страна, праеiки тоа, не зашчо тоi iет убеден, оти така требит да бидит, а зашчо видит да имат околу него л’уг’е, шчо постапуат така или инак.

Шчо видиме ниiе во наi ноата бугарцка историiа? Бугариiа добиiат политична слободиiа, наi важното нешчо во народниiот жвот, ушче тогаi, кога у ниф немаше народни идеали, кога и сами не знаiеа, шчо сакаат. Слободиiата iе добиiа бугарите со наi мали жртви и усилиiа; неiа им iе подариiа русите. Ослободеiн’ето напраи iедна голема пропаст мег’у по прег’ешната бугарцка историiа и жиот, и ноата. Во првата бугарите видеа сато iеден мрак, за тоа ови се одврнуваа од неiа. И така бугарите во ноиот слободен жиот се iавиiа како народ без традициiи, народни идеали, сознаiн’е на народните и државни интереси и историiцко наследиiе. Значит, Бугариiа се iави како држаа во вид на историiцко недоносче. Со усил’ата на Русиiа тоа недоносче окрепна малу, но при првото осек’аiн’е на своiите сили заiавуат претенциiа на самостоiна политика — извор на нестреки за македонците

Но не само во таiа самостоiна политика се закл’учаваат нашите нестреки, а следствено и причината за оддел’аiн’е на нашите интереси од бугарцките, па и причината на оддел’аiн’ето ва македонците овде во македонцко другарство.

Тоа оддел’аiн’е си имат и друзи причини, а имено, употребуаiн’ето на нашите умствени сили на изучааiн’ето на себе, како членои на iедна таткоина и iеден народ. За да се достигнит таiа цел’а, требит да се состаит оддел’но другарсгво од лица, за коiи изучааiн’ето на Македониiа во етнографцки, географцки и исторвiцки одчос имат првостепен значаi; а таквиiа лица сме ниiе македонците.

За да се достигнит таiа цел’а, ниiе требит да се одделиме од друзите балканци народи и самостоiно и критично да погледаме на сами себе и нашите интереси, како и на балканцките народи и нивните интереси. Постапуаiки така, ниiе ке се ослободиме од грешките, шчо и праат друзите балканцки народи.

За да бидит по iасна ползата от таквоа оддел’уаiн’е наше од друзите народи, доста iет iеден критичен поглед на работеiн’ето на тукашните студентцки другарства: бугарцкото и србцкото.

Бугарцките студенти имаат големи претенции да сет предстаители на наi ноите течеiн’а на чоечката мисла. За ниф немат никаков значаi национализмот, коi шчо се броiит за нешчо, шчо имат одживеiано своiот век. Они сет интернационалисти. Они сет наi напред луг’е, па после, ако им останит за тоа време, сет бугари. За ниф чоечеството имат по голем значаi од Бугариiа, а за тоа поеке интересуваат ниф Швеiцариiа, Соiединените С. - Американцки Држаи и нивната историiа, отколку Бугариiа со неiните национални интереси. Бугарцката младеж овде употребуат сите своiи сили и стредства, да се покажит напредничаа т. е. социалистична: долги и безмислени речи, долги коси, и убао исчешл’ана брада, првена или сиiн’а руска кошул’а и пр. Со национални прашаiн’а не се заниваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографиiата, па и по каква и да бидит друга наука, осим политичната економиiа. Но за то секоi считат своi долг да критвкуат с шчо ке му се попаднит. Со научни прашаiн’а не л’убат да се занимаваат, но за то сет убаи организатори : можат да устроiаваат лотариiи, да пропагандираат некоiа работа, да устроiат некоiа вечеринка со благотворна цел’а, без да му гледаат многу многу, оти со неiа ке оскандал’ат и себе и бидното поколеiн’е од бугарцки студенти во Петроград. У опшче они сет готои да се занимаваат со работи, шчо бараат малу труд, но зато даваат голема попул’арност и самомнеiн’е. Македониiа iа признаваат за бугарцка во етнографцки однос, но мисл’ат, да iет излишно да си арчат силите за да научат нешчо за таiа страна, за тоа, нишчо не знаiат за неiа, ни од историiата, ни од географиiата и етнографиiата неiна, осим да имат тамо чети и востааiн’е, на коiе требит да се помогнит само со лотариiи, и не со сами себе. Тоа платоническо и само платоническо и евтино сочувство кон македонците, тоа неразбираiн’е на националните интереси, тоа отсутство на национал’ни идеали и таiа жажда од попул’арност со приврзаност кон социализмот, iет отражеiн’е на дуовното состоiаiн’е на бугарцкиiот народ и негоото обшчество. Оттука многу iасно се видит, до колку бугарите не сет во стаiн’е да бранат не само нашите, но и собствените интереси.

Србцките студенти праат совршено друг и проти-оположен упечаток од бугарцките. Србите не сет интернационалисти, а сите буквално, без разлика, дали iет некоi от Србиiа, Босна, Ерцегоина, или Црна Гора, сите сет националисти. Они знаiат, да сет они прво срби, а после л’уг’е. Секоi знаiит и се интересуат со србството разместено во разни земiи. Они знаiат нивната историiа и историiата на саседанте народи и земiи. Они се интересуваат сите главно со културно-историiцките науки и изучаваат. Изучаваат како стредство за достигаiн е србцки национални цели. Со цел’а да зашчитат србцките интереси пред русите, они преводат или состауваат на руски книги со историцко содржаiн’е. Таков утилитарен, тенденциозен и спекул’ативен однос кон науката не iет за одобруаiн’е и iет причина и резултат на национален шовинизм, но последниiот iет резултат на тиiа историiцки прилики, во коiи попадна србството, особено после Берлинцкиiот догоор. Србите можиме да обвинуаме во шовинизм; но они не сет по големи шовинисти од бугарите Србите сет националисти, со арно сознаiани народни идеали и интереси, коiи шчо, со труд, наука, перо и дипломатиiа, сите, како iеден чоек, одат по iеден обшч за сите пат, и за тоа одржуваат победи над бугарите на секоi рачкор. Србите сет шовинисти; они сет отчаiани во борбата со своiите неприiатели за зашчита на нивните национални интереси. Но, ако порамниме србцкиiот шовинизм со бугарцкиiот национален индиферентизм и и разгледаме од македонцко па и од обшче чоечко гледишче, то ке требит да признаiиме, да србцкиiот шовинизм, како резултат на основно изучените народни интереси, стоiит много по високо и много по горе од бугарцкиiот национален индиферентизм, коi iет резултат на отсатствиiе на секоiе разбираiн’е на бугарцките државни интереси. Во тоа време, кога србите од крал’от и министрите до последниiот србцки амалин сет националисти и наог’аат за нужно сите да се сплотат во iедно, за да достигнат со обшчи сили народните идеали, бугарите се цепат на социалисти и секакви друзи — исти, коiи наi малу сакаат да: оправдаат послоицата, да соiединеiн’ето праит силата. — Туку с тоа iет резултат на политичната зрелост на народот: србите во течеiн’ето на цел век изработуваат националните идеали и изучуваат националните интереси, а пак бугарите го праат тоа само во 1/4 век.

Како и да iет, но одделеiн’ето наше од бугарите ке ни даiит возможност критично да се односуаме кон бугарцките работи, а не слепо да и копираме, и да насадуаме во Македониiа, на место национализм, социализм, како шчо го праела тоа натрешната македонцка револ’уциiна организациiа. Значит оддел’уаiн’ето на нашите интереси од бугарцките, покраi другото, ке не избиiат от положеiн’ето, како маiмуни да копираме бугарцките неомислени постапоци, и на вера да приiимаме бугарцките увереiн’а, да iет Бугариiа нашата арнотворка, а Русиiа нашиiот наi голем неприiател; оно ке развиiет во нас критичен однос кон нашите и туг’и постапоци.

А од тоа одваi ли можит да имат по големо оправдаiн’е на сашчестауаiн’ето и програмата на нашето другарство. Ако iет така, то не ни остаат нишчо друго, осим да му се помолиме на Господ, да умножит македонцки другарства, подобни на Петроградцкото — „Св. Климент” на секаде, каi шчо живеiат македонци.


*) Прочетено на II-та седница на Петроградцкото Македонцко научно-литературно Другарство „Св. Климент“ на 28-и Септ. 1903 г.

Врати се на претходната страница   Врати се горе