Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Извештај на ПАСЕ за Бугарија

СТРАСБУР БАРА ОДГОВОР

(По македонскиот печат)

ВО брзањето да ги испочитува роковите за членство во Европската унија, Бугарија спроведе само „формални промени“, пишува во најновиот извештај на Парламентарното собрание на Советот на Европа, изработен во рамките на постмониторинг-дијалогот со Бугарија.

Заклучокот на известувачот, украинскиот пратеник Серхиј Холовати, е дека Бугарија како членка на ЕУ не ги сметала како приоритет обврските преземени со членството во Советот на Европа, од кои голем дел се совпаѓаат со критериумите од Копенхаген. Холовати тука ги наведува уставните реформи и посебно реформата на правосудниот систем на Бугарија. Слабоста на правосудниот систем, според него, може да има последици врз целото бугарско општество и може да го погоди доброто функционирање на демократските институции. Како пример за неработење на сутскиот систем во Бугарија се посочува на неспособноста на Бугарија да ја исполни пресудата на Европскиот суд за човекови права во Страсбур во врска со забраната на ОМО „Илинден“-ПИРИН. Бугарија веќе на два пати одбива да ја исполни таа пресуда не дозволувајќи повторна регистрација на партијата. Во делот посветен на положбата на малцинствата, Холовати забележува дека бугарските власти не се расположени да го признаат етничкиот идентитет на околу 5.000 Македонци кои живеат во Бугарија. Тој забележува дека некои извештаи зборуваат за кршење на нивното право на слободно и мирно собирање, како и на правото на организирање.
ОВА е поредниот силен шамар за управувачката елита во Бугарија која се надеваше дека ќе може да помине само со привидно извршување на реформите, а во пракса ќе продолжи по старо. Институциите во Европа сепомалу се наклонети да й гледат на новата европска членка низ прсти.

Врати се на претходната страница   Врати се горе