Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Изборите проведени на 6 април поминаа во најдобар ред

ГОРГЕ ИВАНОВ Е НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

(По македонскиот печат)

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со освоени 437.455 гласови победи на четвртите избори за претседател на Република Македонија. Неговиот проивкандидат од СДСМ Љубомир Фрчкоски освои 252.195 гласови. Одуивот, според првичните збирни резултати што ги објави ДИК, е 42,86 проценти, со што е исполнет цензусот за избор на шеф на државата.

- Македонија демонстрираше капацитет, волја и способност за орга-низација на мирни, фер и демократски избори, каде граѓаните слободно ја изразија својата демо-кратска волја, бирајќи претседател и градоначалници. Овој чин силно ги отвора перспективите на Македонија за евро-атлантските интеграции. Најголема заслуга за ова имаат граѓаните на Ма-кедонија и сакам да им се заблагодарам на сите нив. На господинот Бранко Црвенковски и покрај многуте несогласувања да му се заблагодарам за досегашната соработка, изјави премиерот Никола Груевски.
Иванов им се заблаго-дари на избирачите за мирни и демократски избори, а особено на оние над 400 илјади, кои гласале за него.
„Преголема благодар-ност до граѓаните на Ма-кедонија затоа што пока-жаа дека можеме да спро-ведеме навистина европ-ски избори - мирни, де-мократски, без никакви насилства. Покажавме дека знаеме со тој чин да ги отвориме европските перспективи за Маке-донија.
Да се надеваме дека со сите институции кои ќе бидат навистина фокуси-рани за таа цел, за тие три клучни приоритети што ни претстојат како држава - Европската унија, НАТО и решавањето на името, ќе ја имам повторно вашата доверба и сите преди-звици кои стојат пред нас ќе успееме да ги пребродиме. Затоа што покажавме - кога сме сплотени внатре, тогаш сме почитувани надвор.
Се што ни се случува во овој период мора да го искористиме за да овоз-можиме Македонија да стане европска земја, членка на НАТО и земја во која ќе живеат среќни луѓе“, истакна претсе-дателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.
Претседателот на Пар-ламентот Трајко Вељано-ски на средба со нови-нарите информира дека согласно Уставот, манда-тот шефот на државата трае пет години, а со оглед на тоа што досегашниот претседател Бранко Црвенковски на функци-јата стапил на 12 мај, седницата за инаугурација на новиот претседател ќе ја закаже на денот на истекување на неговиот мандат.
Новиот шеф на државата, посочи Вељаноски, веќе нема да работи во Собранието, каде што беа сите досегашни претседатели, туку во работни простории кои се во близина на претседателската резиденција на Водно.
Со заминувањето на претседателот, неговиот кабинет и служби, во Собранието ќе се ослободат 20-ина канцеларии во кои ќе бидат сместени дел од пратениците и собраниските служби. Во претседателскиот Кабинет ќе се пресели претседателот на Собранието.
Избраниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов како што ја започна кампањата, од црквата “Свети Ѓорѓи” во Валандово, така и симболично ја заврши со божји благослов во Соборниот храм во Скопје. Со запалена свеќа, се помоли за здравје и среќа на сите граѓани.
Во мај, веднаш по преземањето на функцијата претседател на државата, ќе ја официјализирам мојата покана за средба со грчкиот претседател Каролос Папуљас, изјави Ѓорге Иванов. Јас сум секогаш оптимист, но ќе видиме како ќе биде прифатена мојата иницијатива, која е придонес за затоплувањето на односите.
Иванов рече дека не’ очекуваат главните предзвици со кои треба да се соочиме - членство во ЕУ и во НАТО и решавање на спорот за името. Овие приоритети ги потенцира и во обраќањето по победата на претседателските избори.
Една од основните задачи - средба со нашиот преговарач за името, амбасадорот Зоран Јолевски, кој е во Македонија и интензивирање на разговорите по изборите во Грција.
-Ќе настојувам сите институции во државата да се фокусираат во тоа прашање и да дадеме целосен наш придонес за решавање на овој спор, и доаѓаме до она што ние во програмата, во мојата програма и во текот на кампањата го именувавме како разумен компромис, компромис кој нема да биде на штета на македонскиот идентитет- вели Ѓорге Иванов.
- По завршувањето на изборите за Европскиот парламент во Грција, ќе настојувам сите институции во државата да дадат целосен придонес за да се дојде до целта - разумен компромис, кој нема да биде на штета на македонскиот идентитет - истакна Иванов.
Поранешните министри за надворешни работи Слободан Чашуле и Денко Малевски сметаат дека сепак не може наскоро да се очекува решение. Од Иванов очекувам да спроведува државна стратегија за решавање на прашањето за името. Тој не е носител на тој процес, но има удел во него. Убеден сум дека ќе направи се’ за да се создаде поповолна атмосфера и разумен дијалог. Но, сигурен сум дека не е можно решение се’ додека е на власт актуелната гарнитура во Грција - истакнува Слободан Чашуле. Според него, спорот за нашето уставно име грчката страна го користи за манипулација со домашната јавност.
- ТРЕБА да бидеме трпеливи, да почекаме таму да поминат европските и парламентарните избори, а во меѓувреме кај нашите меѓународни пријатели да издејствуваме да се почитува обврската од Привремената спогодба од 1995 година за Грција да не ја спречува нашата евроатлантска интеграција - укажува Чашуле.

Врати се на претходната страница   Врати се горе