Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Џорџ Робертсон:

СРАМОТА ЗА НАТО

(Преземено од МИМ)

Срамота е што Македонија не доби покана за членство во НАТО поради таинствена, неодбранлива и шокантна блокада од нејзин сосед член на Алијансата, истакна поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон на собир во Вашингтон по повод 60-годишнината од формирањето на Северноатлантската алијанса.
Робертсон, јави Гласот на Америка на македонски јазик, смета дека со текот на времето Македонија, сепак, ќе стане дел од НАТО. Тој предвидува зачленување и на Црна Гора, Косово, Молдавија, Србија, Украина, Грузија па дури и на Шведска и Финска. Не прецизира временска рамка, но наведе оти тој процес може да биде комплетиран за 10 или 15 години.
- Во ниту еден момент во иднина НАТО не ќе може да каже дека нема место за други. Кога држави како Босна и Црна Гора, дури и Србија, кажат -ние сме подготвени да ја усогласиме нашата држава и нашата армија, нашиот начин на живот, нашиот начин на размислување и нашите вредности за да бидеме компатибилни со оваа широка алијанса, зарем ние ќе речеме не може, за жал, полни сме! Членството е комплетирано! Се разбира нема и не можеме тоа да го сториме, рече поранешниот прв човек на НАТО.
Затоа предлага Алијансата уште сега да почне да се планира за таков вид иднина. НАТО, вели Робертсон, ќе мора да се реформира во нов тим организација определена за колективна безбедност и за справување со новите закани во светот, а во тој контекст не гледа никаков смисол да се исклучи Русија.
- Ако чекаме да не чукне по глава одзади, прашање е дали ќе има нешто на кое вреди да му се приклучиш, посочи Робертсон.
Тој забележа дека приближно на секои четири години се отвора дебата за наводна криза на идентитетот на НАТО, но тоа за него значи дека, сепак, се случува нешто што потврдува оти постоењето на Алијансата е неопходно.
Џорџ Робертсон го водеше НАТО за време на турбулентните времиња на Балканот, војните во Босна, Косово и конфликтот во Македонија.