Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Во Eвропскиот парламент

УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)

Македонија до крајот на годинава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ и целосна визна либерализација, препорачува Европскиот парламент во извештајот за напредокот на земјата во 2008, што беше усвоен на 13 март во Стразбур.
- Македонија презема чекори за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Направен е прогрес во имплементцијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и на Охридскиот договор, како и во исполнувањето на бенчмарковите што ги постави ЕК. Жалиме што три години по добивањето кандидатски статус Македонија се уште не почнала преговори за членство во ЕУ. Тоа има демотивирачки ефект врз државата и граѓаните и го зголемува ризикот за дестабилизација на регионот. За да се прекине таквата состојба Советот на ЕУ треба да одреди дата за почеток на преговорите до крајот на годинава, стои во Извештајот.
Европскиот парламент ја повикува Европската комисија да му предложи на Советот на ЕУ целосно укинување на визите за граѓаните на Македонија до крајот на 2009, имајќи го предвид, како што се наведува, напредокот што го постигна земјата во напорите за визна либерализација со воведувањето биометриски пасоши, примената на интегрирано гранично управување, формирањето на национален информативен виза систем, борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и корупцијата, како и потпишаниот договор со ЕУ за реадмисија.
Европарламентарците во документот директно не ја повикуваат Грција да не го користи ветото како инструмент за спречување на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ туку е прифатена општа одредба со која се препорачува билатералните проблеми да не го кочат процесот на пристапување на земјите од Балканот во евро и евроатлантските организации.
Се нагласува важноста земјите кандидати да продолжат да ги зајакнуваат добрососедските односи и да ги решаваат билатералните проблеми со соседите, вклучувајќи и заемно прифатливо решение за грчко-македонскиот спор за името врз база на преземените билатерални и мултилатерални заложби и обврски. Европскиот парламент искажува поддршка за преговарачкиот процес што го води посредникот на ОН Метју Нимиц. Предупредува дека ако не биде постигнат брз компромис меѓу Скопје и Атина, прашањето за името може да резултира со одложување на процесот на приклучување на Македонија во ЕУ.
Извештајот на Европскиот парламент нема обврзувачки карактер, но може да влијае во креирањето на политиката на Брисел кон Македонија. Конечните одлуки за следните чекори на Македонија во процесот на евроинтеграција ги носат Европската комисија и Советот на ЕУ.
Дипломатска победа е овој извештај за Република Македонија што го усвои Европскиот праламент во Стразбур, со кој се повикува Европската комисија до крајот на годинава да препорача датум за почеток на преговорите со ЕУ и целосна визна либерализација за македонските граѓани, изјави попладнево вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски.
- Со оваа дебата Република Македонија однесе една мала дипломатска победа бидејќи во завршниот текст на резулуцијата јасно стои дека билатералните прашања на Балканот не треба да го попречуваат пристапот на земјите во евроинтеграциските процеси. На овој начин амандманот кој беше точка на прекршување на дебатата во ЕП на крај беше усвоен во својот потполн текст, рече Боцевски.
Тој посочи дека во извештајот ЕП воедно ги повикува соседните земји на Македонија кои се членки на ЕУ да не ја блокираат македонската евроинтеграција.
- Со гла-сањето Република Македонија доби јасна поддршка. ЕП е гласот на гр-аѓаните на ЕУ. ЕП потврди дека Република Македонија има европска перспектива, препорача дека состојба во која се наоѓа држа-вата е неод-ржлива и оти час поскоро треба да започнат преговорите за полноправно членство во ЕУ, како и целосно завршување на процесот на визна либерализација и дека на билатералните спорови не им е место во ЕУ, рече меѓу другото вицепремиерот Боцевски.
За извештајот позитивно се изјаснија 478 европратеници од сите парламентарни групи, 92 беа против, а 42 воздржани. Тоа според Боцевски претставува висока поддршка за евроинтеграцијата на Македонија.
Во текот на дебатата што почна на 12 март во Стразбур, а заврши на 13-ти со чинот на гласањето, не помина амандманот на грчките европратеници за бришење на точката 12 од текстот на Извештајот изготвен од известувачот Ерик Мејер во која се посочува дека билатералните прашања на Балканот не треба да ја попречуваат евроинтеграцијата на земјите од регионот.