Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Јазиците го претставуваат идентитетот на луѓето

СВЕТСКИ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

(Преземено од МИМ)

Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, на 21 февруари годинава се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Заштитата на јазиците во светот, борбата против нивното измумирање и одржувањето на идентитетот на нациите преку јазикот, се клучните цели на манифестациите што денеска ќе бидат организирани во светски рамки.
- Јазиците го претставуваат идентитетот на луѓето и се основа за образованието и за милениумските развојни цели, вели генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Мацура во пораката по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Мацура порачува јазикот да не биде причина за поделби и непријателства во светот, а Владите во сите земји да обезбедат соживот и почитување меѓу народите кои зборуваат различни јазици.
- По вниманието што секоја држава го посвети на промоција на мајчиниот јазик, овој Ден го зголеми вниманието на меѓународната заедница кон основите на лингвистичката разноликост и мултилингвизмот. Појавата на се повеќе столбови во владините организации и цивилното општество потврдуваат дека јазиците се центар на сите форми од социјалниот, економскиот и културниот живот, истакнува Мацура.
Според него, поврзаноста на мултијазичното образование во кое спаѓаат мајчиниот јазик, националниот јазик и интернационалните јазици, го прави столбот на секоја издржана развојна стратегија.
- Се надевам дека владите во своите формални и неформални образовни системи ќе ги запознаат луѓето со мерките што се предевидени да обезбедат хар-моничен и плоден соживот на јазиците во една земја, вели Мацура.
Анализите на УНЕСКО покажуваат дека може да исчезнат околу 2.500 јазици од речиси 6.000 што се зборуваат во светот. Во изминатите 90 години исчезнале околу 200 јазици, а 199 ги зборуваат помалку од десет луѓе. Последен што исчезнал е „ајак“, јазик што го зборувала жена која починала лани на Алјаска.
Најголемите причини за исчезнување на јазиците се војните и принудното иселување. Имигрантите исто така го мешаат родниот јазик со јазикот на државата во која престојуваат за да се интегрираат подобро. Сепак, има примери, најмногу во Австралија, каде јазиците кои се „под закана“ ги зборуваат младите лица, вели претсатвник УНЕСКО.
Тринаесет од јазиците што се зборуваат во Франција меѓу кои и бретонскиот и норманскиот, се „под силна закана од исчезнување“.