Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Со среќа!

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА НАПРЕДУВААТ


Во албанскиот град Корча на 22 февруари о.г. е формиран Регионален комитет на партијата на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција.

На основачкото Собрание се избрани органите и телата на Комитетот: Совет, составен од петнаесет члена, Надзорен одбор, како и координатор на Комитетот. Оваа функција му е доверена на Таќо Гроздани, која ќе ја извршува до одржувањето на првиот партиски конгрес, закажан за почетокот на април. Според Статутот на партијата, делегатите на Конгресот ќе извршат избор и на претседатели на регионалните комитети.

Претходно нови избори се спроведени во општински комитети во населените места во подрачјето на Мала Преспа, Билишта и Корча, а такви активности до средината на т. м. треба да завршат во областите Гора и Голо Брдо.