Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Балканска конференција во Охрид

МАКЕДОНИJА JА ИМА ПОДДРШКАТА ОД БАЛКАНОТ

(По македонскиот печат)

ГРЦИЈА всушност симулира договори, а ни обвинува нас дека не сакаме да преговараме. Тоа го покажа изјавата на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, која рече дека една година пред одржувањето на самитот во Букурешт, Грција одлучила да ја блокира Македонија на влезот кон ЕУ, изјави на 20-ти февруари о. г. во Охрид премиерот Никола Груевски, кој ја отвори Меѓународната конференција на Балканскиот политички клуб.

- Сега, кога Грција ја обелодени својата пози-ција, не барам извинување од СДСМ, туку барам единство во надминува-њето на проблемот - рече Груевски.
Конференцијата во Охрид има цел државите од Балканот да и дадат поддршка на Македонија на патот кон евро-интеграциите и НАТО.
- Доколку Македонија не добие членство, тоа мо-же да доведе до внатрешна дестабилизација, и тоа по етнички линии - изјави поранешниот претседател на Бугарија, Жељу Желев.
Тој укажа и на тврде-њата на одредени кругови македонски државјани од албанско етничко потекло, кои се залагаат за, како што рече, кантонизација и федерализација на држава-та, а во поекстремен случај и поделба на Македонија.
- Тоа може да го запали Балканот, но овој пат, на територијата на Република Македонија - подвлече Желев.
За проблемот со името, заради кој Македонија не може да влезе во ЕУ, поранешниот претседател на Турција, Сулејман Демирел јавно ја изрази својата надеж дека ќе се реши во интерес на Македонија, но и отворено упати апел до македон-ската власт и граѓаните да имаат трпение.
Поранешниот претсе-дател на Романија, Емил Константинеску изјави дека ситуацијата помеѓу Македонија и Грција е во фаза на недостиг на дијалог и замрзнат конфликт.
- Претензиите за тоа дека си што е античко е грчко, се апсурдни мисле-ња. Официјална Атина е против прикажувањето на античките артефакти иско-пани по територијата на Македонија, наводно, поради тоа што тие биле грчки, а ние си имаме своја историја - потсети и првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.
Во рамките на дводнев-ната меѓународна конфе-ренција чиј домаќин е министерот за надворешни работи Антонио Мило-шоски, се опфатени темите „Местото на Република Македонија во ЈИЕ-18 години по осамостојува-њето“, „Меѓуетничките односи и идентитети“, „Улогата на политичките митови и легенди на Балканот“, „Членството на Македонија во ЕУ“ и „ЕУ-стратегија за границите на Балканот-поместување, но не и прекројување“.

За компромис, но не по секоја цена

Македонија е подго-твена на компромис во решавањето на билатерал-ниот спор за името со Грција, кој нема да ги загрози нејзините национа-лни интереси и наци-оналното достоинство, рече вчера премиерот Никола Груевски. Притоа тој истакна дека врвен приоритет на Македонија.