|
Успех за Р Македонија |
МАКЕДОНСКА ИНТЕРНЕТ-ПЛАТФОРМА СО НАГРАДА НА СВЕТСКИ САМИТ
|
(Преземено од МИМ) |
|
Интернет-платформата www.epolicy.mk, која Министерството за транспорт и врски ја користи за вклучување на сите заинтересирани граѓани, компании и институции во процесот на креирање стратешки документи е победник на националниот избор за Наградата на светскиот самит за информатичко општество во областа е-владеење и институции, со што оваа интернет-платформа е македонски кандидат за добивање Наградата на светскиот самит за информатичко општество во областа е-владеење и институции на светско ниво.
Стратегијата за развој на следна генерација широкопојасен интернет, како што соопштуваат од Mинистерството за транспорт и врски е во завршна фаза на изработка и во неа се имплементирани голем дел од идеите кои беа добиени при непосредната консултација со заинтересираните лица и преку интернет страницата www.epolicy.mk.
Според податоците од Државниот завод за статистика и ЕУРОСТАТ, Република Македонија е водечка држава во регионот во користењето на широкопојасен интернет од стана на физички лица, домаќинства и компании.
“Со Стратегијата за развој на следна генерација широкопојасен интернет се предвидува спроведување на многу значајни проекти кои ќе создадат дополнителни поволности за зголемување на конкуренцијата и развојот во областа на електронските комуникации, како на национално, така и на локално ниво. Дел од предвидените проекти се однесуваат на креирање на единствен национален катастар за електронски комуникации, усогласување на постојната законска легислатива од областа на градење и просторно и урбанистичко планирање со легислативата од електронските комуникации, како и создавање поволна околина за развој на нови видови услуги кои се обезбедуваат преку широкопојасниот интернет“, се истакнува во соопштението.
|
|
|
|
|
|
|
НАРОДНА ВОЛЈА
|
|
|
|
|
Глас од времето на окупацијата |
|
МАКЕДОНСКА ПЕСНА |
I.
Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!
II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!
III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.
IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.
V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.
РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.
|
|
|
|
|
|
|