Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Историјата разобличува

ТАЕН ГРЧКИ ДОКУМЕНТ ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

(Преземено од МИМ)
(Продолжува од минатиот број)

Не постојат веќе гркофони

А резултатот беше, по неколку дена, тие да се вратат, речиси сите, а и по новото протерување повторно се вратија во своите села или во други соседни села. За среќа, ставен е крај на оваа произволна и извонредно опасна игра од страна на Генералштабот на владата. Потребно е да сфатиме дека никаква изолирана мерка не може да се примени без одговорна владина иницијатива, комплетна соработка и совршена координација на постапките на сите надлежни категории на администрацијата. А за каква било политика врз национални прашања, потребна е согласност од сите лојални големи политички партии. Конкретно за комплетна соработка на воените, на судските и на чисто административните власти и на жандармеријата со генералната линија што ќе ја дава Министерството за надворешни работи во согласност, се разбира, со Генералштабот на војската.
Во претпоследната глава од Меморандумот, се истакнува неопходно потребното внимание кое државата треба да го обрне на прашањето на ксенофоните и одразот што може да го има една погрешна политика по ова прашање, особено на експанзионистичката политика на Грција, или како што поелегантно се наведува, врз националните претензии на Грција. Тука Драгумис е сосема јасен и категоричен. „Ние сме должни, пишува тој, да обрнеме внимание и на овој аспект, кој во недалечна иднина, не е исклучено да има големо влијание врз нашиот интерес да создадеме впечаток оти наводно не ги сметаме за Грци, ксенофоните и дека имаме намера да ги уништиме. За жал, не постојат веќе гркофони-грчко население во соседните територии врз кое ние имаме претензии, освен само неколку остатоци во југозападен Северен Епир (односно околиите Погони, Делвино, Аги и Саранда и Химара)“.
Своето размислување Филипос Драгумис го продолжува поставувајќи го прашањето: „Значи, ако ние се откажеме од тоа дека ксенофоните Грци од Грција се Грци, врз што ли ќе ги засноваме евентуалните претензии да добиеме соседни територии, во кои живеат, исто така, и уште покомпактно слични ксенофони жители. Како ќе го бараме Аргирокастро, Премети, Корча, Москополе, Битола, Струмица, Мелник, Неврокоп итн.?“
На крајот Драгумис го завршува својот Меморандум за преименување на Македонците и на нивниот јазик со одредени специјални укажувања за случајот кога грчката држава беше обврзана од големите сили во тоа време да им даде на малцинствата слобода за изучување на негрчки мајчин јазик. При такво соочување, тој подвлекува дека треба да се преземат неопходните мерки, така што изучувањето да не стане преку специјални ксенофони училишта, (каде што грчкиот јазик ќе се изучува задолжително како странски официјален јазик на државата), туку факултативно во веќе постојните држави грчки основни училишта, каде што останатите предмети ќе се предаваат на грчки јазик. Учителите, пак, на странскиот јазик ќе бидат задолжително грчки државјани, лојални на грчките закони и под надзор на инспектори Грци. И предлага уште при предавањата да се користи, поради национални причини, кирилското (а не латинското) писмо, поради своето византиско потекло и неговата блискост до грчкото писмо.
Филипос Драгумис ќе се наврати пак на ова прашање за политичката опција на грчката држава за преименување на Македонците, со доверливо писмо за соочување со славокомунистичката опасност против северна Грција, четиринаесет години подоцна на 14 септември 1962 година тој го состава новиот текст што му го испраќа на кралот, на премиерот К. Караманлис и на министерот за надворешни работи Е. Авероф. Во интерес на Грција, читаме повторно таму, а славофоните од западна и централна Македонија која граничи со Југославија да се именуваат од нас подобро како бугарофони, отколку како Македонци.
Настојувањето на Филипос Драгумис по прашањето за преименување, како што произлегува од погоре изложеното, веќе неколку децении пред грчката држава да ја воведе и загуби неодамнешната битка за името, го издигнуваат него историски како главен вдахновител на политиката за преименување и духовен водач на една стратегија што ја изолира на меѓународен план Грција и ја доведе до врвен дипломатски пораз. Грчките протагонисти на антимакедонската политика во годините 1991-1996 година, беа, без тоа (повеќето од нив) да го знаат, гласноговорници или претприемачи на една идеја која веќе беше стара половина век.

(Крај)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


НИКОЛА ВАПЦАРОВ: “НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! И НАШЕТО ТВОРЧЕСТВО ТРЯБВА ДА БЪДЕ В СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.”

Патриотска помош!

БЛАГОДАРНОСТ!

Во последните три години Македонска православна општина од Сиднеј, Австралија има помогнато на весник „Народна волја“ со вкупна сума од 16 500 австралиски долари. Без оваа помош единствениот македонски весник во Бугарија немаше да може да опстане и ќе требаше да прекине да излегува. За ова искажуваме најдлабока благодарност на патриотите од спомнатата црковна општина и им посакуваме многу здравје и среќа во животот и се најдобро!

Редакциски колегиум
на „Народна волја“

Глас од времето на окупацијата
 
МАКЕДОНСКА ПЕСНА
I.
Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!

II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!

III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.

IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.

V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.

РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.


Важно!

СООПШТЕНИЕ

На интернет можете веќе да најдете и бесплатно да користите Македонскиот толковен речник, како и Германо-македонскиот речник. Нивното објавување ги прави достапни за заинтересирани луѓе од целиот свет. Особено значаен е Толковниот речник кој во себе содржи повеќедецениски труд на македонските филолози. Можете да ги најдете и користите на следните интернет адреси.
http://www.germanski.com.mk/
http://www.makedonski.info/

Македонија пее
 
ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
Јас сум Македонец, чука срце македонско
животот ме понесе, во туѓина да живеам
и ти си сине Македонче во тебе тече
крв Македонска
Живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
пеам песна Македонска
од Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.
Рефрен:
И ти си сине Македонче
во тебе тече крв македонска
живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
играм оро Македонско
дење ноЌе сине јас мислам
да се вратам во роден крај.

ИСПРАТИ МЕ МАЈКО НА СТАНИЦА
Далеку ќе одам јас
разделен од роден крај
како ќе ме испратиш
само твојто срце мајко знае.
Рефрен:
Не плачи, не плачи
стисни срце мајко затрај се
солзи течат нема граница
испрати ме мајко до станица.
Слушај сине мајка си
далеку да не одиш
кажи сине прозбори
кому ќе си мајка оставиш.
Две години ќе седам
назад пак ќе се вратам
ти ме роди порасна
долговите да ти исплатам.



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting