Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Дали претстојат преговори за регистрацијата на ОМО “Илинден” - ПИРИН?

ПИРИН ЗА “РАДКО”?!

(Преземено од МИМ)

Македонија и Бугарија во почетокот на идниот месец во Стразбур ќе почнат преговори за надминување на долгогодишните спорови со малцинствата и регистрирање на спорните здруженија во двете земји - ОМО „Илинден“ - ПИРИН и „Радко”, дознава „Време“ од владини извори.
Дознаваме дека ваква средба, на пониско дипломатско ниво, се договара веќе подолго време, и тоа на инсистирање на Комитетот на министри на Европската унија кој смета дека крајно време е двете земји да седнат на заедничка маса и да го решат овој проблем. Доколку се постигне првичен договор, преговорите во иднина ќе продолжат на повисоко ниво во кои би биле вклучени и претставници од македонската и од бугарската влада.
Неколкумина пратеници од Советот на Европа, под чија надлежност се Судот за човекови права и Комитетот на министри, неодамна побараа објаснување од бугарските власти зошто не се почитуваат препораките на Судот во Стразбур за признавање на правото на Македонците во Бугарија да основаат партија.
Од Владата засега не сакаат да коментираат дали има најави за одржување ваква средба и дали постои можност Македонија и Бугарија конечно да го решат последното отворено прашање меѓу двете земји.
Во дипломатските кругови во земјава се погласно се говори дека регистрацијата на партијата на македонското малцинство ќе биде своевиден политички „пазар“ меѓу двете држави. Се поизвесно е дека Македонија како позитивен чекор кон подобрување на односите со источниот сосед доследно ќе ја почитува одлуката од Европскиот суд за здружението „Радко”, а од Бугарија ќе се бара да ја забрза постапката за регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.
Европскиот суд за човекови права неодамна донесе одлука во корист на здружението на Бугарите во Македонија. Судот одлучи дека Македонија треба да им плати 5.000 евра на членовите на здружението за претрпената штета. “Радко” се жалеше на одлуката на Уставниот суд во Македонија, кој во 2001 година го забрани нивното дејствување.
Од “Радко” сметаа дека со тоа земјава ја прекршила Европската конвенција за човекови права и правото на здружување.
Бугарија веќе подолго време се наоѓа под набљудување од европските институции токму поради постојаното одбивање да дозволи регистрација на партијата на македонското малцинство. Иако Судот во Стразбур неколкупати донесе одлука во корист на ОМО “Илинден” - ПИРИН, официјална Софија ги игнорираше пресудите.
Единствената санкција што судот досега ја изрече за Бугарија беше парична, и со тоа таа сметаше дека ја исполнила својата обврска за ова прашање.
Претставниците на македонското малцинство во Бугарија се надеваат дека Врховниот суд ќе има повеќе разбирање за нивните напори за регистрирање на партијата и ќе донесе одлука нивното барање повторно да се врати на разгледување во Софискиот градски суд, кој и досега одлучуваше за нивните барања.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


НИКОЛА ВАПЦАРОВ: “НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! И НАШЕТО ТВОРЧЕСТВО ТРЯБВА ДА БЪДЕ В СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.”

Патриотска помош!

БЛАГОДАРНОСТ!

Во последните три години Македонска православна општина од Сиднеј, Австралија има помогнато на весник „Народна волја“ со вкупна сума од 16 500 австралиски долари. Без оваа помош единствениот македонски весник во Бугарија немаше да може да опстане и ќе требаше да прекине да излегува. За ова искажуваме најдлабока благодарност на патриотите од спомнатата црковна општина и им посакуваме многу здравје и среќа во животот и се најдобро!

Редакциски колегиум
на „Народна волја“

Глас од времето на окупацијата
 
МАКЕДОНСКА ПЕСНА
I.
Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!

II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!

III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.

IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.

V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.

РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.


Важно!

СООПШТЕНИЕ

На интернет можете веќе да најдете и бесплатно да користите Македонскиот толковен речник, како и Германо-македонскиот речник. Нивното објавување ги прави достапни за заинтересирани луѓе од целиот свет. Особено значаен е Толковниот речник кој во себе содржи повеќедецениски труд на македонските филолози. Можете да ги најдете и користите на следните интернет адреси.
http://www.germanski.com.mk/
http://www.makedonski.info/

Македонија пее
 
ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
Јас сум Македонец, чука срце македонско
животот ме понесе, во туѓина да живеам
и ти си сине Македонче во тебе тече
крв Македонска
Живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
пеам песна Македонска
од Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.
Рефрен:
И ти си сине Македонче
во тебе тече крв македонска
живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
играм оро Македонско
дење ноЌе сине јас мислам
да се вратам во роден крај.

ИСПРАТИ МЕ МАЈКО НА СТАНИЦА
Далеку ќе одам јас
разделен од роден крај
како ќе ме испратиш
само твојто срце мајко знае.
Рефрен:
Не плачи, не плачи
стисни срце мајко затрај се
солзи течат нема граница
испрати ме мајко до станица.
Слушај сине мајка си
далеку да не одиш
кажи сине прозбори
кому ќе си мајка оставиш.
Две години ќе седам
назад пак ќе се вратам
ти ме роди порасна
долговите да ти исплатам.


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting