Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
ОЧЕКУВАЊА ЗА ПОЛИТИКА ВО ИНТЕРЕС НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

СВЕТОТ ПОЛАГА ГОЛЕМИ НАДЕЖИ НА НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

ЈАН ПИРИНСКИ

За прв пат во историјата на САД должноста претседател на земјата ја зазема црнец. Овој факт, како за Американците така и за целиот свет, претставува исклучителен настан. Од политиката што ќе ја води Барак Обама зависат важни светски процеси. Америка е моќна држава. Поради таа нејзина позиција, како во политиката така и во економијата, од новиот претседател се очекуваат добри дела и му се доверуваат големи надежи.

Новиот претседател на САД на 20 јануари го-динава на величествена церемонија во Вашингон се заколна дека ќе работи за нова Америка, обно-вена и просперитетна. Сите погледи беа упатени во 44-тиот претседател на Америка. Официјалната церемонија за стапување на должност е најскапата и најстрого чувана во американската историја. Наспроти ниските темпе-ратури во Вашингтон, милиони Американци се собраа во добро распо-ложение на ридот на Ка-питол каде се одржа цере-монијата. А најмногу од нив беа црнци, дојдени од целата земја да ја прослават историската победа на првиот црн претседа-тел на САД.
Во својот скоро осумнаесетминутен говор, Барак Обама вети дека ќе и стави крај на војната во Ирак, при што ќе ја повика ирачката влада конечно да ја преземе одговор-носта за својата земја; ќе работи за нови даночни олес-нувања за Американ-ците од 95 %; ќе води нова натпартиска политика. Објаву-вајќи дека САД се во голема криза, тој изјави дека прашање-то веќе не е дали др-жавата има потреба од голема или мала влада. Прашањето е дали таа работи, дали им помага на луѓето да си најдат ра-бота. „Силата на нашата економија е во перспекти-вите пред секој човек да ги оствари своите амбиции“ изјави уште Обама.
Во однос на надворе-шната политика новиот претседател вети повеќе дијалог со светот, прија-телство со секоја нација која бара мир. „Кон мус-лиманскиот свет ние ќе бараме нов пат напред, основан на заемен интерес и заемно почитување.“ Со тоа тој јасно се разграничи од досегашната политика на Буш. Но и покрај тоа упати предупредување до меѓународниот тероризам со зборовите „Ние ќе ве победиме!“, „Светот се менува, ние исто!“
Различните коментатори говорот го окарактеризираа како „отрезнувачка подготовка за тешки времиња“, како „реалистички“ или „депре-сирачки“. Но говор воз-држан и конкретен без директни напади. Тој му се заблагодари на Џорџ Буш за свршената од него работа во неговите два мандати како претседател на Америка. Обама не упа-ти само една централна порака, туку неколку со цел да најде на што по-голем општествен кон-сенсус.
За Македонија е важно каква политика ќе води и каква позиција ќе заземе новиот американски прет-седател кон проблемите што земјата со години ги има со некои од своите соседи. Проблеми кои чекаат правично ре-шавање.

Новиот претседател на САД според своите досегашни изјави вдахнува многу надежи. Политиката што ветува да ја води ќе биде како во интерес на американскиот народ така и во интерес на стабилноста и мирот во целиот свет. Да се надеваме дека овие ветувања ќе го најдат своето достојно место и ќе бидат преточени во дела.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


НИКОЛА ВАПЦАРОВ: “НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! И НАШЕТО ТВОРЧЕСТВО ТРЯБВА ДА БЪДЕ В СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.”

Патриотска помош!

БЛАГОДАРНОСТ!

Во последните три години Македонска православна општина од Сиднеј, Австралија има помогнато на весник „Народна волја“ со вкупна сума од 16 500 австралиски долари. Без оваа помош единствениот македонски весник во Бугарија немаше да може да опстане и ќе требаше да прекине да излегува. За ова искажуваме најдлабока благодарност на патриотите од спомнатата црковна општина и им посакуваме многу здравје и среќа во животот и се најдобро!

Редакциски колегиум
на „Народна волја“

Глас од времето на окупацијата
 
МАКЕДОНСКА ПЕСНА
I.
Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!

II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!

III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.

IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.

V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.

РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.


Важно!

СООПШТЕНИЕ

На интернет можете веќе да најдете и бесплатно да користите Македонскиот толковен речник, како и Германо-македонскиот речник. Нивното објавување ги прави достапни за заинтересирани луѓе од целиот свет. Особено значаен е Толковниот речник кој во себе содржи повеќедецениски труд на македонските филолози. Можете да ги најдете и користите на следните интернет адреси.
http://www.germanski.com.mk/
http://www.makedonski.info/

Македонија пее
 
ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
Јас сум Македонец, чука срце македонско
животот ме понесе, во туѓина да живеам
и ти си сине Македонче во тебе тече
крв Македонска
Живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
пеам песна Македонска
од Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.
Рефрен:
И ти си сине Македонче
во тебе тече крв македонска
живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
играм оро Македонско
дење ноЌе сине јас мислам
да се вратам во роден крај.

ИСПРАТИ МЕ МАЈКО НА СТАНИЦА
Далеку ќе одам јас
разделен од роден крај
како ќе ме испратиш
само твојто срце мајко знае.
Рефрен:
Не плачи, не плачи
стисни срце мајко затрај се
солзи течат нема граница
испрати ме мајко до станица.
Слушај сине мајка си
далеку да не одиш
кажи сине прозбори
кому ќе си мајка оставиш.
Две години ќе седам
назад пак ќе се вратам
ти ме роди порасна
долговите да ти исплатам.


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting