(По НИМ)
НЕМА временско ограничување за решавање на спорот за името, но овој период е важен и не треба да ја пропуштиме можноста, рече посредникот во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц, кој потенцираше дека лидерството во земјава, премиерот Никола Груевски и претседателот Бранко Црвенковски, имале “исти позиции и пристап”.
НА новинарско прашање дали ќе продолжи практиката премиерот и претседателот на државата да имаат одвоени средби со медијаторот Нимиц, Груевски одговори дека е оценето оти засега така е подобро. |