Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
130 години од Македонското (Кресненско) востание
ВОЕНИОТ АСПЕКТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ
(Преземено од ”Нова Македонија”)
(Продолжува од минатиот број)


Повикот на македонското востаничко раководство го прифатиле многубројни ајдутски, востанички и други вооружени групи и поединци и започнало собирањето во Џумајската околија. Покрај четата на Беровски, која служела како јадро за создавање на востаничките сили, овде пристигнале ајдутските чети на Дедо Иљо Малешевски, Стојан Карастоилов, Тодор Палискар, Коста Кукото, Кочо Љутата, Стојо Цапаревецот и др. Освен колективното пристапување, се пријавиле и голем број поединци. Кога веќе биле насобрани многубројни сили за главен раководител бил избран војводата Стојан Карастоилов. Кон крајот на септември и почетокот на октомври, во Горна Џумаја било одржано советување со војводите. По разгледувањето на резултатите од извршените подготовки, биле донесени неколку значајни одлуки за организацијата, раководењето и командувањето со востаничките сили.

Меѓу раководителите и авантуристите

Паралелно со формирањето на внатрешните востанички сили, Трновскиот комитет Единство формирал чета од околу 100 души и под раководство на рускиот мајор Адам Калмиков ја испратил во Ќустендил. Софискиот комитет организирал друга чета од 300 ополченци на чело со Луј Војткевич, мајор од Полска, па нешто подоцна и тие биле испратени во Македонија. Со оглед на нивните словенофилски и големобугарски определби и военото искуство, тие двајца мајори биле предвидени од страна на комитетите Единство да го раководат, односно да го бугаризираат македонското востание. Меѓутоа, според односот кон задачите двајцата мајори се покажале како авантуристи. Одредите на двајцата мајори, Калмиков и Војткевич биле формирани од македонските доброволци кои во Руско-турската војна останале во Бугарија. Тие добиле задача од реонот на Ќустендил да се уфрлат на територијата на Македонија. Меѓутоа во областа на Крива Паланка биле разбиени од турската регуларна војска. Со остатокот на своите единици, мајорите заминале во областа на Горна Џумаја. Овде се соединеле со внатрешните востанички сили и било одржано советување за натамошните дејства. По завршувањето на советувањето во Горна Џумаја, четите заминале за селото Србиново, каде што го организирале военото раководство на востаничките сили. Биле формирани четири одделенија и над секое одделение бил поставен командир. На чело на првото одделение бил војводата Стојан Карастоилов, второто одделение било под команда на Коста Кукото, со третото раководел Стојо Торолинко, а со четвртото Крсто Аризонов од Свети Врач (денес Сандански). Главен војвода на сите одделенија бил Стојан Карастоилов. На 2 октомври, во Србиново пристигнал мајорот Калмиков, а веќе на 3 октомври, под влијание на Џумајскиот комитет Единство. Калмиков бил поставен за атаман, односно командант на македонските востанички сили. По формирањето на военото раководство се сметало дека подготовките за вооружено востание во Македонија биле завршени. Како објект за првиот напад бил одреден турскиот воен одред што се наоѓал во ановите на селото Кресна. Било планирано нападот да започне во утринските часови на 5 октомври 1878 година.
На 4 октомври 1878 година, востаничките сили поделени во четири одреда, секој од по околу 100 борци на чело со војводите Стојан Карастоилов, Коста Кукото, Стојо Торолинко и Крсто Аризaнов, во најголема тајност во вечерните часови пристигнале близу Кресна и овде на теренот организирале советување, односно тоа било непосредна подготовка за реализација на планот за напад. Откако ги проанализирале податоците и распоредот на турските сили, биле изнесени два предлога за нападот. Стојан војводата предлагал ановите да се опколат и во раните зори да се изврши нападот. Калмиков предлагал нападот да биде фронтален и ненадеен и со борба човек на човек да се совладаат Турците. Бил прифатен планот на Калмиков. Во меѓувреме, состојбата се изменила. Турција, веројатно преко кодошите, дознале за распоредот на востаниците, па и тие излегле на положаите околу касарните. Во таквата состојба почнал да се спроведува планот на Стојан војводата. Вечерта востаниците со помош на водачите од месното население и, пред се, предводени од Стојан војвода, кој одлично го познавал овој реон, се приближиле до турските положаи. По распоредувањето на востаниците, и им била поделена муницијата и пушките на новопристигнатите борци и биле издадени последните задачи за почетокот на бојот.

Првата фаза на Македонското
(Кресненско) востание

Првата фаза на Македонското (Кресненско) востание започнала со првата борба. Во моментот кога востаниците дошле сосема близу до турските положаи, започнала вооружената борба. Турците испукале три куршуми, а Стојан им извикнал на востаниците да залегнат наместо и лазејќи да се распоредат. Се слушнал плотун од турските ровови, но никого не погодил. Потоа бил отворен оган од двете страни. Кога започнала борбата, во помош на востаниците пристигнале неколку стотини селани од Кресна, Влахи, Ошчава и други кресненски села. Стојан војводата директно раководел со борбата. Успеал да ги обиколи Турците и да им го прекине снабдувањето со храна, вода и муниција.
Овековечен успех

Востаничкиот обрач се повеќе се стеснувал и, кога дошле на 50 чекори од турските ровови, Стојан војвода, откако ги презел дополнителните мерки против евентуално бегство, им предложил на Турците да се предадат. Мислејќи дека се работи за некоја арамиска чета која сака да ги масакрира, тие занемеле од страв. Меѓутоа, турскиот командант јузбашија (капетан) кога видел дека се работи за организирана и добро раководена востаничка војска, наредил турските сили да излезат од рововите и да се предадат. Капитулацијата на турската војска пред македонските востаници била глетка која македонскиот народ со векови ја очекувал. Турските офицери и војници ги оставиле оружјето и воената опрема на куп. Пред крајот на борбените дејства, пристигнал и Калмиков. Од него турските офицери побарале заробената турска војска да им ја предадат на руските сили во Бугарија. Плашејќи се од казни, не сакале да бидат испратени во Турција.

Во тоа време во Кресна се наоѓале два буљука (баталјона) турска регуларна војска. Борбата меѓу востаниците и турската војска траела 18 часа. Загубите кај македонските востаници изнесувале еден убиен и тројца ранети. Турската војска имала девет убиени, 11 ранети, а биле заробени 119 војници и два офицера. Освен тоа, биле запленети над 100 пушки, 13 товари муниција и 13 коњи. Во битката кај Кресна особено се истакнал Стојан војводата, кој, покрај извонредната борбеност, храброст и јунаштво, се покажал и како голем познавач на воената вештина и бил душа и глава на востаничките сили. Востаничкото раководство одлучило заробената турска војска да ја испрати во Горна Џумаја и судбината да им ја реши Џумајскиот комитет Единство, кој, пак, ги упатил до Софискиот комитет. На 8 октомври 1878 година, егзархискиот митрополит Мелетиј испратил писмо до Џумајскиот комитет Единство во кое строго се напоменува дека судбината на заробените Турци треба да ја реши водачот на востанието, а не вашиот комитет. Со тоа Мелетиј недвосмислено докажува дека востаниците се самостојна македонска вооружена сила и дека немаат никаква врска со бугарските благотворителни комитети. Со тој проблем била запозната и руската управа, односно лично Дондуков-Корсаков. На крајот турските заробеници биле ставени во надлежност на востаниците, чие раководство, покрај сите други проблеми, морало да се грижи за турските заробеници па и да ги издржува. Непосредно пред борбата во Кресна, дошло до несогласување меѓу првиот војвода на востаничките сили, војводата Стојан Карастоилов и командантот на востанието, мајорот Адам Калмиков. Во прашање биле разликите на планот за напад. Се покажало дека Стојан војводата бил во право, поради што му пораснал авторитетот кај востаниците. Калмиков тоа не му го простил до крајот на животот. Димитар Поп Георгиев Беровски, кој учествувал во таа битка, командата му ја препуштил на војводата Стојан, а самиот се занимавал со штабните должности, односно со организирањето и снабдувањето на востанието. На 6 октомври, испратил писмо до благотворителните комитети во Џумаја, Софија, Дупница, Ќустендил и на други места, во кое јасно нагласува: Ние македонските востаници го следиме своето дело, а потоа ги известува за резултатите на борбата и дека борбата се продолжува кон селата Мелнички. Во истото писмо било предложено во селото Србиново да се формира посреднички пункт меѓу востаниците и комитетите, во кои ќе се собира оружје и опрема, да се формира логор за заробените Турци и болница за ранетите востаници. Разочарани од македонската определба на Беровски, комитетите не го прифатиле овој предлог.
Победа по победа

По заземањето на гарнизонот во Кресна, востаниците ја искористиле збунетоста кај турските сили, па брзо напредувале во освојувањето на други села. Истиот ден било ослободено селото Оштава, а по жестоката битка на 7 октомври го зазеле и селото Влахи. Борбата кај селото Влахи се водела меѓу востаниците и два буљука (баталјона) редовна турска војска, вкупно околу 500 аскери, покрај нив и башибозучки формации. Тие биле испратени од Мелничкиот гарнизон да го задушат востанието. Во селото Влахи турските сили запалиле 20 куќи. Меѓутоа, востаничкото раководство ги засилило своите чети со уште 150 борци и успеале да ги разбијат турските сили. Четири турски аскери и командантот биле убиени, голем број биле ранети и заробени а по 13-часовна борба селото Влахи било ослободено. На 8 октомври било ослободено и Ново Село, а потоа востаниците се префрлиле на десниот брег на реката Струма.
Борбата кај Влахи била втората голема победа на востаниците, која го подигнала борбениот морал и ја зголемила бројната состојба на востаниците. По тие успеси, започнало организирањето на востаничките сили според воените правила и принципи, односно создавањето на македонската востаничка војска. Биле формирани Штаб на востанието како највисоко раководно тело, и команда на востаничките сили. Самите борци се нарекувале востаници. За атаман на македонските востаници бил наименуван мајорот Адам Калмиков, за прв војвода бил прогласен Стојан Карастоилов, за втор, трет и четврт војвода биле поставени Коста Кукето, Стојо Торолинко и Крсто Аризанов. Како највисоко раководно тело бил формиран и штаб, наречен Штаб на востаниците македонски. За началник на штабот бил поставен Димитар Поп Георгиев Беровски, за помошник, благајник и логистичар бил поставен Г. Михајлов. Штабот бил сместен во с. Влахи во куќата на Насо Хаџигеоргиев.

На 7 октомври, во месноста Крива Ливада, военото раководство одржало советување за натамошните тактички дејства. Одлучено било четата на Тодор Поласкарја да го брани правецот откај селото Разловци, а длабоко во Каршијакот да дејствуваат четите на војводите Златко, Георги Окото и Иван Атанасов (Инжето). Заради извршување на таа задача, Стојан војвода со 60 души се насочи кон селата на Каршијакот за да ги изгони Турците. Во селото Грнчар се развила борба, по што селото било запалено. На 9 октомври, востаниците воделе тешки борби со околу 1000 башибозуци собрани од селата Грнчар, Брезник и други, кои се собрале во селото Мораска. Особено е за почит херојството на 9-мина востаници, кои во текот на борбата успеале да се вовлечат во тилот на утврдените Турци, но не успеале да се повлечат со другите востаници, па биле заробени од Турците. Нивниот живот завршил со сечење на парчиња. По борбата во селото Мораска, востаниците ги ослободиле и селата Брезница, Будилци, Сливница и Брезник. Во селото Брезник востаниците заплениле големо количество храна и бакар, кој потоа бил искористен за востанички цели. По два дена откако ги обезбедиле селата во Каршијакот со месна стража, Стојан војводата со својата чета, преку селото Мечкул се вратил во с. Влахи. Во исто време, во селото Влахи под раководството на Димитар Поп Георгиев Беровски се вршеле командно-штабните и политичките работи. Се создавале органи на новата револуционерна власт, се воспоставувале врски со други региони, а од новопристигнатите востаници биле формирани нови чети. Од руската војска од Џумаја се барало оружје и муниција. Штабот преземал мерки во блиските села да се изврши масовна мобилизација.

Началникот на Штабот, Беровски, лично се ангажирал да воведе цврста востаничка дисциплина со оглед на фактот дека во Разловечкото востание токму недисциплината била основна причина за неговиот неуспех. Планот на Беровски предвидувал на ослободените територии прво да се зацврсти народната македонска власт, а потоа востанието да се шири плански, да не се оди кон Ќустендил или Разлошко, туку востанието да се шири кон Берово, Разловци, односно во Малешевијата, каде што имал голем авторитет, каде што веќе постоеле и сили кои сакале да се приклучат кон востанието, а имало и поголеми извори на храна за да се преживее преку зимата.

АВАНТУРИСТИТЕ НА СЦЕНАТА

Во тоа време веќе била ослободена поголема територија: на север од демаркационата линија кај Џумаја на југ до Белица и Градешница, на југозапад целиот Каршијак, на југоисток до Превала. Освен тоа, во Малешевско се забележувале востанички појави, длабоко во тилот на Турците во демирхисарските села дејствувале неколку востанички чети. Во такви услови, штабот формирал полициско началство. Тоа имало задача да ги мобилизира способните за борба, да собираат данок од неспособните за војна, да ги собира дезертерите, да го чува редот и спокојството на населението. Раководството на полицијата се наоѓало во с. Кресна, а се состоело од 6 луѓе, по двајца од Кресна, Влахи и Оштава.

Воочувајќи дека го губи влијанието врз востаничкото раководство и дека востанието се повеќе се шири на југ кон Егејското Море, а не како што предлагал тој кон Ќустендил, софискиот комитет Единство формирал одред од околу 300 души на чело со мајорот Луј Војткевич и го упатил кон Кресна. На 20 октомври, тој пристигнал на ослободената територија во с. Брезница. Веднаш по неговото пристигнување настанале сериозни раздори во раководството на востанието. Поради ривалството меѓу двајцата мајори Калмиков и Војткевич, била извршена реорганизација на востаничкиот штаб. Биле формирани две главни одделенија, командант на првото бил Калмиков, а на второто Војткевич. Двајцата имале само командни должности, а Штабот си го задржал правото да се грижи за целосната организација, устројството, снабдувањето и раководењето со востанието. Македонските војводи, особено Д. Поп Георгиев, С. Карастоилов, дедо Иљо, Георги Пулевски секојдневно го следел раздорот меѓу двајцата мајори и нивното штетно делување врз востанието. Поради тоа, на 23 октомври 1878 година Штабот ги вратил двајцата мајори во Џумаја, односно во Бугарија. На предлог на останатите војводи за привремен командант бил поставен војводата Стојан Карастоилов, а Д. Беровски останал началник на Штабот.

Едно востание, две линии

Комитетот Единство барал востанието да се прошири кон Крива Паланка, додека Штабот настојувал да се зацврсти народната власт во ослободените села, а потоа востанието постепено да се шири кон внатрешноста на Македонија. Поради таквите обиди на пробугарските комитети, началникот на Штабот Д. Поп Георгиев се побунил

По пристигнувањето на двајцата мајори-авантуристи во Џумаја, го запознале џумајскиот комитет Единство со настаните во раководството на востанието, за што го обвиниле Д. Беровски. Комитетот веднаш го повикал Беровски во Џумаја. Меѓутоа, останатите војводи не му дозволиле на Беровски заминување се додека во Џумаја се наоѓале мајорите Калмикон и Војткевич. Обидот на комитетот да доминира во раководењето на востанието предизвикало многубројни противречности меѓу раководството на востанието и комитетот. Раководната улога комитетот ја условувал со испраќање помош, особено оружје и муниција и со промена на стратегијата на востанието. Имено, комитетот барал востанието да се прошири кон Крива Паланка, додека Штабот настојувал да се зацврсти народната власт во ослободените села, а потоа востанието постапно да се шири кон внатрешноста на Македонија. Поради таквите обиди на пробугарските комитети, началникот на Штабот на македонското востание Димитар Поп Георгиев Беровски на 25 октомври 1878 година испратил писмо до Џумајскиот комитет потпишано од сите војводи, во кое пишува: Вашата должност е, мислам, да ни помогнете со средства, а што се однесува до воената страна, Вие треба да сте само набљудувачи. На 26 октомври, Д. Беровски и војводите го испратиле Александар Филипов во Софискиот комитет (кој бил централен) со исто писмо и со задача усно да го објасни таквиот став на раководството на Македонското востание.

РАСЧЕКОР МЕЃУ ВОЈВОДИТЕ

Во меѓувреме, во Кресна пристигнале четите на Коста Буфски, Григор Огненов, Калчо, Стефо и други, со околу 350 души кои дотогаша дејствувале во Западна Македонија. На 28 октомври, востаниците засилени со новите чети воделе жестока битка со турската регуларна војска и башибозукот во реонот на селата Градешница, Белица и Плоски. Меѓутоа, под влијание Џумајскиот комитет и по одлука на митрополитот Натанаил Кучевишки, согласно планот на комитетите, четата на Орчо била испратена во реонот на Ќустендил, а Б. Маринов не се согласувал со Штабот, па со четата заминал за Разлошко, каде што го организирал Разлошкото востание. По јасно изнесените ставови за целите на Македонското (Кресненско) востание, многубројни доброволци, поранешни ополченци, пробугарски определени, побегнале од бојното поле. По тој повод и револтирани од арогантниот однос на бугарските комитети кон Штабот на македонското востание, Г. Николчов, помошникот на началникот на Штабот во името на Д. Беровски, испратил писмо до претседателот на Џумајскиот комитет, К. Босилков, во кое пишува: Началникот на Штабот на Македонското востание, Д. Беровски, ме задолжи да ви јавам дека вчерашната победа е наша, добиена со храброста на македонските ајдуци, а доброволците избегаа кој каде виде...Да живеат храбрите ајдуци со своите војводи!

По одбивањето на Д. Беровски да замине за Џумаја, мајорот Калмиков заминал за Софија и целата вина ја префрлил врз Беровски. Софискиот комитет, кој не се согласувал со доминацијата на внатрешните во Штабот и со политичката и воената стратегија на македонското востание, го повикал началникот на Штабот, Димитар Поп Георгиев Беровски, веднаш да се јави во Софија на објаснување. Меѓутоа, по одлука на војводите, Беровски не заминал ни во Софија, туку го испратил А. Филипов. Со одбивањето на македонското раководство да ги изврши наредбите на бугарските комитети, биле предизвикани многубројни остри реакции во Софија. Претседателот на софискиот комитет, митрополитот Мелетиј, испратил писмо до Џумајскиот комитет во кое се наредува: 1. да се уапси началникот на Штабот, Димитар Поп Георгиев Беровски, 2. да се овозможи комисијата во состав од Димитар Стателов, Пандо Урумов и Андреј Георгиев да го преземат управувањето со финансиите, администрацијата и уредувањето на народната власт. 3. комисијата е претставник на Централниот комитет, преку која тој ќе го води востанието. Потоа Софискиот комитет го испратил во Белград својот член К. Шулев да го доведе Миќо Љубобратиќ, водачот на Херцеговското востание од 1875 година и го замоли Штросмаер двајцата да делуваат врз Беровски за да ги прифати одлуките на Софискиот комитет. Љубобратиќ и Штросмаер тоа го одбиле.

ВНАТРЕШНИТЕ ПРОТИВ НАДВОРЕШНИТЕ

Во почетокот на ноември 1878 година, Софискиот комитет ја испратил комисијата придружена од мајорот Калмиков со многубројни доброволци, која преку Џумаја стигнала во с. Влахи. Димитар Беровски веднаш бил уапсен и затворен во Џумаја. Комисијата се претворила во врховно и законодавно тело над востанието. Калмиков бил поставен за командант на силите на Кресненското востание, а Луј Војткевич на Разлошкото. Војводата Стојан Карастоилов, по затворањето на Д. Беровски се потчинил на одлуките на Софискиот комитет и му ја предал команданта на А. Калмиков. Повеќето војводи, особено оние од западна Македонија предводени од Стефо и Коста Буфски, не го прифатиле враќањето на Калмиков и го напуштиле селото Влахи, заминувајќи преку реката Струма, а некои поднеле оставка. Со тоа на Калмиков му било овозможено да избере свои луѓе и да го преземе раководството на востанието. Меѓутоа, неговото славољубие повторно предизвикало раздор меѓу надворешните и внатрешните војводи Стојан војводата ги штител своите, односно внатрешните војводи. Подготвувајќи го заговорот, надворешните успеале преку измама да ги убијат најверните Стојанови луѓе, а на 25 ноември 1878 година, во текот на ноќта, во селото Оштава на најѕверски начин биле убиени војводата Стојан Карастоилов и неговите другари Георги Чолаков и Иван Трендов, а другите двајца биле тешко ранети.

Со убиството на војводата Стојан Карастоилов и неговите најблиски соработници и со затварањето на началникот на Штабот, Димитар Поп Георгиев Беровски, завршила првата фаза на Македонското (Кресненско) востание. Потоа Софискиот комитет Единство преку мајорот Калмиков во потполност го презел раководењето со востанието. Дошло до промена и во стратегијата на вооружената борба. Софискиот комитет наредувал да се водат ненадејни герилски дејства претежно во близината на бугарската граница кон Ќустендил и Разлошко, за да се предизвика интересот на Европа, односно востанието да биде протест против берлингскиот договор, а за враќање на Санстефанските решенија. Таа стратегија била спротивна на стратегијата на Димитар Беровски, кој настојувал вооружените дејства да бидат всушност регуларна војна, да се водат плански, да бидат раководени од еден центар, односно од Штабот на Македонското востание, а востанието да се шири постепено, т.е. паралелно со ширењето на ослободената територија, со што ќе се овозможи зацврстување на народната власт на ослободената територија, за да може народот да ги снабдува востаниците со храна и со нови борци. На тој начин би се создавала македонската војска која би била гарант на македонската државност. Токму тоа не го сакале бугарските комитети Единство и словенските комитети од Русија.

Димитар Беровски уште пред да биде уапсен остро се спротивставувал на ширењето на востанието кон Разлошко и на обидот на странците, односно надворешните сили да раководат со Македонското востание. По повторното враќање на Калмиков и Војткевич тој изјавил: Софискиот комитет со враќањето на странските офицери со народното свето дело комедија изигруваат. Тој отворено укажувал дека надворешните во раководството на востанието спроведуваат туќа политика. Меѓу туѓите офицери, покрај Калмиков и Војткевич се наоѓале Сретен Сретковиќ, Петко Павловиќ, Валтер Шулц, Мирослав Хубмаер и други доброволци, учесници во Руско-турската војна кои, желни за пари и слава, го продавале своето војничко знаење и наместо офицери револуцинери, станале обични авантуристи во служба на бугарските комитети.

ШТО МИСЛИ ОВЧАРОТ, НЕ МИСЛИ ВОЛКОТ

Односот на бугарските комитети кон македонското востание, особено по апсењето на Беровски и убиството на војводата Стојан, најсликовито го објаснува војводата Горгија Пулевски, кој во едно писмо до Деспот Баџовиќ, испратено на 8 јануари 1879 година, меѓу другото, пишува: На твојот брат Кузман му пишав да собере поголеми чети (во Србија) и да дојде тука... Тогаш верував дека сме тргнале да се биеме за Македонија и сите бевме готови да гинеме, или слобода или смрт, трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот - друго овчарот. Пред неколку дена, Владиката Натанаил ми даде едно твое писмо. Ти пишуваш, Деспоте, дека сакаш да дојдеш доброволец и ветуваш 1000-2000 доброволци. Тоа е убаво и преубаво. Ама јас ќе ти речам да не доаѓаш со луѓе ваму, оти овде има нешто лошо. Тука Бугарите се подигруваат со нас и ја вртат водата на својата воденица заедно со црнокапецот Натанаил којшто е Македонец, ама повеќе влече кон бугарско. Да ти кажам, еве, со чети чекаме толку време да тргнеме во Турско и да биеме за нашата слобода, ама не пуштаат. Го запалија огнот и сега сакаат повеќе тревога да креваат пред Европа... Ако вистина имаш 1000-2000 доброволци, моли ја српската влада да помогне, сметам почовечни се. Тогаш јас со чета ќе дојдам, а и другите чети ќе тргнат и сите заедно ќе удриме од север на Турчинот. Писмово мое не го давај никому, да не го најде црнокапецот Натанаил.

Покрај војводите, кои уште од почетокот ја воочиле пробугарската улога на комитетите Единство, народот, исто така, за кусо време ги разоткрил намерите и целите на странските офицери, руските и бугарските комитети, па одбил да ги храни, особено раководството. Некои внатрешни војводи ги повлекле своите чети. При таквата состојба, бугарските комитети го загубиле влијанието, а постоела можност и да се распаднат. Сите овие на кој и да било начин биле поврзани со убиството на војводата С. Карастоилов, односно А. Калмиков, Сретковиќ, Шулц и други, избегале од востаничкиот реон. Натанаил се зафатил да ја среди состојбата и повторно да го организира востанието. Под негово влијание, Димитар Поп Георгиев Беровски бил ослободен од затвор. На 1 декември 1878 година, Беровски пристигнал во с. Сушица во областа Каршијак. Во таа област, Атанас војводата се уште ја држел востаничката власт.


Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting