Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Во Сoровичево, Леринско
КОНГРЕС НА “ВИНОЖИТО“
(Преземено од в. Дневник)

На 23 ноември во леринското село Соровичево се одржа Вториот конгрес на партијата “Виножито” на кој присуствуваа околу двесте делегати, гости од ЕУ и новинари. На конгресот беше побарано грчката држава да ја признае реалноста на постоење македонско малцинство и позитивно да одговори на барањето на оваа партија околу која гравитира македонското малцинство во Грција, да се отворат училишта на македонски јазик. Група дваесетина нервозни припадници на националистичката Хриси авги (Златна зора) се обидоа да протестираат и да го попречат одржувањето на собирот.
Тие делеа летоци со повик „Надвор вулгари и скопјанофили“ и „Ако сте дошле во Аминдео (Соровичево), не сте дошле никаде“. Беа спречени од полицијата, која дискретно ги блокираше сообраќајниците околу Домот на културата, каде што претпладне почна собирот.
Конгресот на „Виножито“ беше и своевиден собор на Македонците од соседните земји. Стојан Георгиев од ОМО „Илинден“ - ПИРИН од Бугарија, човек кој осум години бил во тамошните затвори зашто се изјаснувал како Македонец, порача дека светот мора да знае дека борбата за македонски права не значи промена на границите меѓу земјите, туку за Европа и за Балкан без граници. Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец во Албанија, рече дека е дојдено време Македонците да бараат духовно обединување и дека тие сами мора да се изборат за своите права.
Најоригинален настап на Конгресот имаше Абдул Деде, Турчин, сопственик на весник и на радиостаница на турски јазик. Тој својот говор го искажа откако им сврте грб на делегатите.
- Секогаш кога им требаме не’ бараат, но не сакаат да не’ видат. Затоа јас ќе се свртам како Караманлис, за да не гледам непостојно малцинство. Затоа што нема Македонци и Турци во Грција, ќе им се обратам на оние кои не постојат - рече Деде.


Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting