Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Историјата разобличува
ТАЕН ГРЧКИ ДОКУМЕНТ ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ
(Преземено од МИМ)
(Продолжува од минатиот број)


Тоа се толку ефективни гласови, така што може да се претпостави дека секој од нив зрачи влијание врз 30 и 40 луѓе меѓу останатите месни селани. „Драгумис ги остава предлозите за четвртата глава, која ја насловува: „Надворешно-политички причини за претпочитање на терминот бугарофони“. Тука веќе пишува отворено:

“Дури и кога не би било вистина дека словенскиот идиом, за некои делови од македонското население е навистина бугарски идиом, а не македонско-словенски или едноставно дури словенски и ако оние меѓу нив што ги мразат Грците со тежината на својата душа не би и сочувствувале на Бугарија, туку на Југославија или Русија, би било во наш интерес да ги квалификуваме како склони кон Бугарите или симпатизери на Бугарите, а не како божем национално безбојни Словени, кога веќе називот Славомакедонци го исклучуваме“.

Да се искоренат Македонците од нивните огништа

Размена на населението како со Југославија така и со Бугарија, станува невозможна, затоа што во овие две земји не постои веќе изразито грчко население и особено гркофони. Вредноста на последниов параграф, мислам дека станува разбирлив, штом дава одговор на се што неописливо и нереално се тврдеше од многу Грци познати по име и презиме, по офанзивата против соседната Република за неупотреба на името Македонија. Но, извонредно интересна е и втората причина за отфрлување, според Драгумис, на размената и откорнувањето на македонското население. “Меѓународно признаена принудна размена или откорнување на какво било население апсолутно се исклучува, затоа што таквите тоталитарни мерки, промовирани од Германците и препишани со усовршувања од руските комунисти, прогласени се како неприфатливи од страна на западните демократи“.

Драгумис, се разбира, го премолчува фактот дека првиот проповедник на принудната размена или откорнување на населението е грчката држава, која предничи за три децении, како со прочуената грчко-бугарска спогодба од Неили од 1919 година така и главно со грчко-турската спогодба за принудната размена од Лозана од 1923 година. Според Драгумис ако е невозможно целосно откорнување на Македонците од своите родни места, тоа не значи дека не постојат други начини за значаен удар и нивно отстранување од својата татковска земја. И така, Драгумис во главата: „Отстранување како хранители на бандите и опасни за националните вооружени сили и агенти на бандитизмот од пограничните реони“, го предлага следново: Навистина можеме преку разни законски, уставни, на вистина либерални и меѓународно признаени мерки да ги обезглавиме славокомунистичките махинации во Грција. Треба само тие мерки да се применат со координација и на единствен начин од сите надлежни разграноци на администрацијата и со согласноста на сите политички партии“. Понатаму авторот на Меморандумот напоменува дека подготовката за комплетирање на досиејата за македонското население (политички убедувања) веќе е во тек во последните три години и тоа со негово учество. Сета подготовка за прибирање на статистички податоци е извршена со мисијата на тогашната грчка влада, кога министер за надворешни работи беше г. И. Политис, а составена од господата Д. Андреадис (починал тогаш) , Г. Модис и од потпишаниот, кои по тримесечно истражување на самото место и работа низ Македонија и Тракија, со помошта на месните органи на власта, црковни, судски, административни и воени, составивме комплетни списоци на разни луѓе осудени за злосторства, кои не се појавија пред судот и на оние по секое село посебно со податоци дали се наклонети кон Грците или се со нестабилна свест или пак се со јавно докажани антигрчки убедувања и тоа посебно за префектурите Костурска, Леринска и Пела.

Овие списоци беа доставени до Генералната управа за Македонија во Солун, до Генералштабот на војската и до Министерството за надворешни работи. Значи, постои веќе основата, која послужи и која мора да послужи и денес, со понатамошно информирање и со дополнување, за спроведување на одредена политика.

Овие собрани податоци од списоците постојат во доверлив извештај на Министерството за јавен ред до Министерството за надворешни работи потпишани од министерот С. Теотокис, со датум 24 јули 1946 година. Така, согласно со овие податоци, како сомнителни со антигрчки убедувања се сметаат 104. 655 Македонци и 2. 207 Власи од Македонија. Во истиот извештај, Теотокис е на мислење дека треба да се соочиме со прашањето за протерување на споменатите, а со него се согласува и Комисијата под претседателство на првиот заменик началник на Генералштабот на армијата.

Драгумис во својот Меморандум и самиот смета дека бројот на Македонците изнесува 120 илјади, признавајќи дека јавно, обично признаваме дека не се повеќе од 90 илјади, но смета дека бројот на „уривачите“, како што ги вика, е 10 до 20 отсто.

Тој го коментира, исто така, прашањето на двојазичноста, забележувајќи дека освен Македонците (бугарофоните, како што систематски ги именува) , и другите ксенофони, односно влахофони, албанофони, туркофони се веќе двојазични, затоа што го разбираат и зборуваат, особено мажите, грчкиот јазик.

Мерки за елиминирање на националното малцинство

Кога би биле принудени на меѓународен план да го признаеме постоењето на славофонско или бугарофонското јазично малцинство во Грција, нема ниту еден селанец да се осмели да се пријави и да побара ниту отворање на малцински училишта ниту цркви па дури и просто изучување на нивниот јазичен идиом во грчкото основно училиште во своето село, затоа што во меѓувреме оние бугарофони со лабилна свест ќе бидат поучени од последиците на откорнувањето на славокомунистичките агенти-нивните селани и ќе бидат соодветно просветени од нашите надлежни власти. Посебно, одземањето на нивите и оддалечувањето од семејствата ќе создаде во нив најдлабок впечаток, така што нема да потклекнат на прикриените притисоци и закани за славокомунистите, а пак оние кои покажуваат упорност за грчкото образование и верност на Грчката црква, ќе биде корисно да им се доделуваат специјални морални признанија и награди.

. Ако во спротивно, пак, им поверуваме на хистеричните и демагошки гласови, на оние кои тврдат дека е потребно да се протераат насилно сите славофони и тн. , ние ќе создадеме самите во овој критичен за меѓународниот мир и за грчката кауза момент, национално малцинство во Грција, од кое ќе биде веќе невозможно да се ослободиме преку каква било принудна размена или друга тоталитарна мерка, меѓународно неприфатлива и неостварлива. Таква насилна мерка се обидоа да применат кон средината на оваа тековна година воените власти во Костур и Лерин, протерувајќи насилно од овие околии кон границата и кон реоните што ги држат бандите, такви фамилии кои останаа во своите села. Во главата под наслов „Мерки што треба да се преземат за елиминирање на создавањето на национално малцинство“, следуваат предлозите на Драгумис за мерките што треба да се преземат против Македонците“. Соодветниот извадок што го приложуваме, е поопширен од претходните затоа што го опишува, речиси со фотографска точност, се она што следуваше по поразот на оружените македонско-комунистички сили. За да се избегнат потешките последици од меѓународното признавање, макар и само јазичното, односно националното признавање на бугарофонското или воопшто славофонско малцинство, потребно е од сега да решиме и активно, но бесшумно, да ги примениме следните мерки, кои ги предложив пред една година до локалните, административните, судските, воените власти итн. , во западна Македонија, како и до Министерството за надворешни работи (до постојаниот заменик министер г-н С. Китрилакис) .

а) Оние што соработуваат со окупаторите и посебно со Бугарите за време на окупацијата и осудените и оние на кои им се суди за криминални дела поврзани со бандитизмот и комунизмот во тие погранични региони, како и оние кои доброволно избегаа во соседните територии или што им пристапија на бандите (не принудно) и оние кои не се појавуваат пред суд, да се сметаат официјално дека се откажале од грчкото државјанство и дека избрале практично друго државјанство.

б) Да им се конфискуваат имотите, а нивните ниви да им се отстапуваат отсега, од страна на државата за обработка, на соселани-безимотни луѓе со потврдени грчки убедувања, но само од блиските реони, на пример, од гркофонските села од Грамос, кои полесно ќе можат да се адаптираат на суровите природни и општествени услови на овие погранични ридишта, а да примаат туторство, за да не се претворат во мали тирани над останатите стари жители.

А пак, доделувањето земјиште на идните колонисти, треба да е доволно за издржување на петчлено семејство, како би имале интерес да се населат за постојано и да не ги напуштат своите нови живеалишта при првото дувнување на ветерот, и нивните семејства независно од јазикот, што значи и гркофоните да се интернираат постепено во јужна Грција. Но, распрскани по едни или најмногу две семејства во секое село или град, во согласност со законот за разбојништвото, а за сигурност на воените сили, кои водат операции во пограничните реони.

При нивниот транспорт и сместување во местата на интернацијата да се почитуваат од страна на државните органи, строго сите законски и хуманитарни правила на однесување спрема жените и децата што ќе бидат интернирани... Во пограничните реони сместени се во актуелни пунктови и гркофони Грци (како на пример оние од Русија наречени Кавкасци) од кои, за жал, многумина се опасни комунисти. Значи за да не биде обвинета грчката влада дека дејствува незаконски, против слободата и нечовечки и особено за прогони-јазични и национални, би било препорачливо интернацијата да почне со семејствата на гркофоните злосторници.

На тој начин ќе биде јасно истакнат принципот дека оние од осудените или не појавените пред суд што покажаа практично дека сакаат да и припаѓаат на славомакедонската, на бугарската или друга националност, се откажаа автоматски од грчкото државјанство и нема повеќе да бидат примени на грчкото тло, а ќе им бидат испратени во погодно време во своите нови татковини.

Не постојат веќе гркофони

А резултатот беше, по неколку дена, тие да се вратат, речиси сите, а и по новото протерување повторно се вратија во своите села или во други соседни села. За среќа, ставен е крај на оваа произволна и извонредно опасна игра од страна на Генералштабот на владата. Потребно е да сфатиме дека никаква изолирана мерка не може да се примени без одговорна владина иницијатива, комплетна соработка и совршена координација на постапките на сите надлежни категории на администрацијата. А за каква било политика врз национални прашања, потребна е согласност од сите лојални големи политички партии. Конкретно за комплетна соработка на воените, на судските и на чисто административните власти и на жандармеријата со генералната линија што ќе ја дава Министерството за надворешни работи во согласност, се разбира, со Генералштабот на војската.

Во претпоследната глава од Меморандумот, се истакнува неопходно потребното внимание кое државата треба да го обрне на прашањето на ксенофоните и одразот што може да го има една погрешна политика по ова прашање, особено на експанзионистичката политика на Грција, или како што поелегантно се наведува, врз националните претензии на Грција. Тука Драгумис е сосема јасен и категоричен. „Ние сме должни, пишува тој, да обрнеме внимание и на овој аспект, кој во недалечна иднина, не е исклучено да има големо влијание врз нашиот интерес да создадеме впечаток оти наводно не ги сметаме за Грци, ксенофоните и дека имаме намера да ги уништиме. За жал, не постојат веќе гркофони-грчко население во соседните територии врз кое ние имаме претензии, освен само неколку остатоци во југозападен Северен Епир (односно околиите Погони, Делвино, Аги и Саранда и Химара) „.

Своето размислување Филипос Драгумис го продолжува поставувајќи го прашањето: „ Значи, ако ние се откажеме од тоа дека ксенофоните Грци од Грција се Грци, врз што ли ќе ги засноваме евентуалните претензии да добиеме соседни територии, во кои живеат, исто така, и уште покомпактно слични ксенофони жители. Како ќе го бараме Аргирокастро, Премети, Корча, Москополе, Битола, Струмица, Мелник, Неврокоп итн. ?

На крајот Драгумис го завршува својот Меморандум за преименување на Македонците и на нивниот јазик со одредени специјални укажувања за случајот кога грчката држава беше обврзана од големите сили во тоа време да им даде на малцинствата слобода за изучување на негрчки мајчин јазик. При такво соочување, тој подвлекува дека треба да се преземат неопходните мерки, така што изучувањето да не стане преку специјални ксенофони училишта, (каде што грчкиот јазик ќе се изучува задолжително како странски официјален јазик на државата) , туку факултативно во веќе постојните држави грчки основни училишта, каде што останатите предмети ќе се предаваат на грчки јазик. Учителите, пак, на странскиот јазик ќе бидат задолжително грчки државјани, лојални на грчките закони и под надзор на инспектори Грци. И предлага уште при предавањата да се користи, поради национални причини, кирилското (а не латинското) писмо, поради своето византиско потекло и неговата блискост до грчкото писмо.

Филипос Драгумис ќе се наврати пак на ова прашање за политичката опција на грчката држава за преименување на Македонците, со доверливо писмо за соочување со славокомунистичката опасност против северна Грција, четиринаесет години подоцна на 14 септември 1962 година тој го состава новиот текст што му го испраќа на кралот, на премиерот К. Караманлис и на министерот за надворешни работи Е. Авероф. Во интерес на Грција, читаме повторно таму, а славофоните од западна и централна Македонија која граничи со Југославија да се именуваат од нас подобро како бугарофони, отколку како Македонци.

Настојувањето на Филипос Драгумис по прашањето за преименување, како што произлегува од погоре изложеното, веќе неколку децении пред грчката држава да ја воведе и загуби неодамнешната битка за името, го издигнуваат него историски како главен вдахновител на политиката за преименување и духовен водач на една стратегија што ја изолира на меѓународен план Грција и ја доведе до врвен дипломатски пораз. Грчките протагонисти на антимакедонската политика во годините 1991-1996 година, беа, без тоа (повеќето од нив) да го знаат, гласноговорници или претприемачи на една идеја која веќе беше стара половина век.

(крај)


Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting