Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Апел
ОБЕДИНЕТИ КОН ЦЕЛТА
Атанас Величков

Република Македонија преживува тешки моменти... Што праеме ние Македонците под Пиринот во истото време ? Чекаме а што чекаме ни сами не знаеме. Некои чекаат победи, а други порази па да им се смеат на поразените. Да не беше така, ќе се зачудев дали навистина сме Македонци. Помина уште една година во која за пореден пат се уверив дека ако не застанеме рамо до рамо сите во борбата и не ги заборавиме старите кавги и разлики ништо убаво не не чека. Ме плаши фактот дека со тоа што нема некакво активизирање во нашите редови и влевањето на млади луѓе во нашето мирно и свето дело, нашите негатори ќе ја добијат војната, таа студена војна која се води на сите полиња меѓу нас Македонците и тие кои нас не одрекуваат. Јас можам да кажам дека само со една сосема нова политика на популаризиране на нашето дело, ќе добиеме. Што треба ние да направиме... Треба да работиме, да не се плашиме и да не се лажеме дека Европа со магичен стап ќе ги натера нашите управници (Бугарите) да не признаат.
ОМО „Илинден“-ПИРИН и другите организации и движења во Пиринскиот дел на Македонија не се толку страшна појава за Бугарите. Страшни се последиците кои можат да донесат промените во ставот за нашето постоење. На некој му одговара времето да лета а ние да спиеме како бебенца. Тој некој се нарекува Бугарија- држава која има доживеано три национални катастрофи само поради фикс идејата дека Македонците се Бугари. Нека не живееме во илузијата дека нешто или некој може да ги натера Бугарите да не признаат како нација. Зборот Македонец не постои во речникот на нашите мили браќа Бугари, како назив на посебен етникум. Тоа се нарекува државна политика, а сите знаеме дека Бугарија е снаодлива држава. Историјата тоа го покажува а и практиката исто. Бугарија има свои интереси и своја политика и сите што се на позиција таму работат над тоа. Сите без исклучок. За кој ли пат ќе речам дека во Пиринскиот дел на Македонија не се многу луѓето кои се и посветени на Македонија. Сите ги знаеме кои се тие кои навистина работат нешто и не мислам дека има потреба да им правам реклама, делата сами зборуваат за нив. Треба конечно да сфатиме дека ако на нашето дело не гледаме сериозно нема да ни е крив Каракачанов ниту пак Божидар Димитров,(бугарски службеници кои мораат да ја спроведуваат бугарската асимилаторска политика во однос на Македонците) ако не се избориме за победа и да ја добиеме слободата да бидеме такви какви што сме. Според моите видувања нема поголем Македономразец од самиот Македонец кој се продал за туѓи интереси. Верувајте дека можам да ви спомнам не еден или двајца кои се точно тоа предавници а се наоѓаат во редовите на Македонската борба. Тие се тие кои нам ни сметат. Тие со својот отров не делат и не прават смешни во очите на останатите. Да кажеме еднаш за секогаш доста. Доста ние од дележи доста ние од препокувања, доста ние од предавства. Не е ли време да се замислиме браќа. Не е ли време да му заблагодариме на Господа Бога за тоа мало рајско парче земја која ни го даде и ни остави завет да го чуваме. Факт е дека ако не ја сфатиме работата сериозно, нема да постигнеме ништо и од позициите кои ги заемат одделни персони во бројните македонски организации и партии на територијата на Пиринскиот дел на Македонија, нема да има голема корист.
Изгледа некои си мислат дека ќе останат во историјата, изгледа некои си мислат дека кога ќе дадат лажлива определба на тие кои не им играт по свирката ќе се истакнат себе си како јаките луѓе како тие што до последен здив ја сакале Македонија. Играме игра во која нема победници, се делиме на добри и лоши. Се разбира бидејќи сеуште немаме добро изграден критериум за вредности, добри се оние кои се тупат во градите и на лево и десно се експонираат како борци за човекови права, лоши се оние кои ја разбират борбата на друг начин. Овие пак лошите во наводници за жал на оние добрите имаат очи мозоци и усти. Очи да видат мозок да усмисли и уста да каже. Настанува конфликт од кој не добива никој. Нам ни останува само да си делиме ги определбите агент на ДС бугарофил, михајловист и т.н. Интересно е да се напомене дека никој не се осмелува да го употреби зборот предавник. Дозволете да им се обратам на нив...
Проклети да се...
Проклети да сте предавници на Македонија. Вие сте само искористена можност. Вие не чините ни пукната пара на фонот на Македонија. Македонија која е се за некои и само колатерална штета за други. Јас не планирам да подлегнам на нападите, јас не планирам да се продадам како некои други. Јас ќе продолжам... Ве повикувам да застанеме еден до друг во борбата заборавете на лошото и простете, затоа што христијански е да се простува. Да можев би судел... Неможам а и непланирам, јас само повикувам Македонци обединете се... Македонија нема време да чека. Нема време. Докажете на дело а не само на зборови дека сте потомци на Филип и Александар. Нашата борба е света и во неа нема место за лични интереси и за задоволување на лични ниски страсти. За да бидам докрај отворен со Вас, браќа и сестри, ќе кажам дека на мене ми е многу лесно да играм со зборот да бидам популист и така натаму. На неколку пати сум обвинуван во тоа, без причина, бидејќи кога се работи за Македонија и македонското дело нема место за популизам и игри на ситно. Секогаш се обраќам Вам со чисто срце и душа, бидејќи само со такво срце и душа можеш да ја поднесеш тежината на определбата или подобро состојбата Македонец, ти тој таа тие сите сме Македонци и треба да се обединиме бидејќи мислиме дека Македонија не го заслужува тоа, тогаш и ние не ја заслужуваме Македонија. Се чудам како да го завршам ова мое обраќање кон Вас мои браќа и сестри. Што уште да ви кажам...
Еве вака го поздравувам татко ми Тихан Величков Атанасов од село Стара Кресна, ја поздравувам мајка ми Захаринка Стојанова Атанасова од село Крупник, затоа што тие мене ме воспитаа како Македонец и тие ме научија дека ако на Светот постоат нешта кои немаат цена Македонија е едно од нив. Им посакувам на сите чесни Македонци среќен дочек на Божиќните и Новогодишни празници, здравје и сила затоа што тоа е најважното. Здравјето да не служи а силата да ни помогне во борбата...

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting