Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Од историјата на пиринскиот дел на Македонија
БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА
Д-р Васил Јотевски
(Продолжува од минатиот број)


На каков начин се зголемил процентот на бугарското население во пиринскиот крај за десетте години од 1946 до 1956 година веќе кажавме. Меѓутоа, тоа што се случило за време на пописот во 1965 и посебно при пописите во 1975 и 1985 година го заслужува нашето внимание па треба да се задржиме малку повеќе на тоа прашање.
За време на пописот на населението на НР Бугарија од 1965 година се случил статистички геноцид над Македонците, православни христијани. Од вкупниот број на населението во НР Бугарија, 8 227 866 лица, како Македонци биле евидентирани само 8 750, и тоа само во пиринскиот крај. Но тоа не е s#. Бидејќи показателите од претходните пописи на населението не упатуваат на сомневање дека пописот од 1965 година бил направен со употреба на репресивни мерки и со едноставно бришење на Македонците, некои западни „историчари“ го поставуваат прашањето за употребата на репресивните мерки токму при претходните пописи од 1946 и 1956 година! Сепак, тие констатираат и дека; „Меѓутоа, познавајќи го дејствувањето на милицијата и државната безбедност во Бугарија, беше малку веројатно дека ако Министерството за внатрешни работи навистина го планирало ’геноцидот’, тешко би имало 8 750 непоправливи Македонци кои би имале граѓанска храброст официјално да се искажат како такви“. Според нив, репресии биле вршени при пописите од 1946 и 1956 година, а не при пописот од 1965 година. Ако господата од запад, „познавајќи“ го дејствувањето на бугарската полиција се сомневаат во храброста на 8 750 Македонци, над кои „не биле вршени репресалии“, тогаш, како е можно да не си го постават истото прашање за храброста на одделните народности кои при пописите од 1946 и 1956 година, „кога биле вршени репресии“, 54 424 лица се изјасниле како Бугари, 28 927 како помаци, 4 615 како Цигани, 3 156 како Турци итн.? Но, без да сугерираме некој наш заклучок, уверени сме дека секој објективен читател, кога ќе ги спореди добиените резултати од пописите во НР Бугарија и процентуалната застапеност на другите народности што живееле и живеат во Бугарија, ќе дојде до нивната вистинска застапеност. За да го олесниме приодот до таквиот заклучок, ке се повикаме повторно на бугарските статистички податоци. Имено, ако во НР Бугарија, според податоците од пописите во 1946 и 1956 година, процентот на населението во пиринскиот крај претставувал 3,59 од вкупниот број на населението во НР Бугарија, а во 1956 година тој процент приближно се задржал и изнесувал 3, 68, а од него 2,28% (1946 година) или 2,34% (1956 година) биле Македонци православни христијани, и ако го задржиме истиот принцип кај обработката на пописите во 1965, 1975 и 1985 година, лесно се заклучува дека од вкупниот број жители во пиринскиот крај во 1965 година, кој изнесувал 301 392, процентот во однос на населението во НР Бугарија е одржан на границата од 3,67. Тогаш од тој број, 64% биле Македонци, а нивниот број, земајќи го предвид високиот процент на раѓање во однос на другите делови на Бугарија, во најмала рака би изнесувал 193 170 лица, што би претставувале 2,55% од вкупниот број на жители во НР Бугарија.
Со пописот од 1975 година, владејачката гарнитура во НР Бугарија си поставила за цел да формира таканаречена „социјалистичка нација“, при што од формуларите ја избришале графата за националната припадност на граѓаните на НР Бугарија. Но, да се задржиме на истиот принцип при обработка на статистичките податоци. Резултатите од пописот извршен во 1975 година, според истите параметри би изгледале приближно вака: вкупниот број жители во НР Бугарија изнесувал 8 727 771, во пиринскиот крај живееле 3,69%, или 322 139 жители. Ако од нив, во споредба со жителите на Бугарија 2,66% биле Македонци, тогаш нивната бројка би изнесувала 204 760 или 63,50% од вкупниот број жители во пиринскиот крај.
При пописот од 1985 година, бугарските органи на власта ја презеле акцијата за промена на имињата на нејзините граќани со муслиманска вероисповед, по националност Турци и други. Но и покрај сите настојувања, ако го употребиме истиот принцип на обработка на добиените резултати, ги добиваме следните резултати: во 1985 година, НР Бугарија имало 8 942 976 жители. Ако од нив во пиринскиот крај живееле 344 195, тие претставувале 3,85% од вкупниот број на жители во НР Бугарија, што се совпаѓа со процентот од претходните пописи. Применувајќи ја истата метода при обработката, ќе дојдеме до заклучокот дека 64% или 220 284 биле Македонци, православни христијани. И покрај тоа што навидум се чини дека излеговме од рамките на нашата основна тема, овие наши укажувања сакаме да ги потврдиме со уште едни статистички податоци од НР Бугарија. Нив ќе ги понудиме само како голи факти и без никакви сугестии.
По промените што настанаа во Народна, односно Република Бугарија по ноември 1989 година, во 1991 година беше направен попис на населението и резултатите од тој попис беа објавени во 1992 година. Согласно промените, при тој попис беа евидентирани сите припадници на народносните групи што живееле во бугарската држава: Бугари, Турци, Цигани, Татари, Евреи, Ерменци, Черкези, Гагаузи, Албанци, Арапи, Англичани, Виетнамци, Грци, Курди, Пољаци, Руси, Словаци, Словенци, Романци, Украинци, Унгарци, Французи, Чеси, Срби, Хрвати итн.
Нивниот број приближно изгледа вака: Бугари 7 271 185, Турци 800 052, Цигани 313 398, Руси 17 139, Ерменци 13 677, а другите се под десет илјади. За одбележување е дека кај другите, чиј број изнесува 16 288, како Македонци се запишани 10 803 лица, што според нивната определба и бројност би требало да бидат забележани на шестото место. Но нив ги нема ниту во списокот од триесетте (30) народности и национални малцинства што живеат во Република Бугарија.
Од посебно значење претставуваат резултатите од последниот попис што се изврши во Република Бугарија, во 2001 година. Во него е забележана и присутноста на помаците во листата на одделните народносни припадници. Наспроти пописот од 1991 година, во кои помаците влегоа во составот на графата за турската национална припадност, во овој попис од 2001 година тие се обележани како помаци во пиринскиот крај. Нивниот процент изнесува 10,2 и приближно одговара на бројот, односно, на процентот од пописот што бил извршен во далечната 1946 година. Сето тоа ни влева надеж дека во следните пописи ќе се најде место и за македонската национална припадност.

Заклучок

Кога една организирана политичка сила или партија, легална или нелегална, во својот поход кон освојувањето на власта изградува стратегија и тактика, таа избира најразновидни форми и методи на борба и притоа употребува секакви дозволени и недозволени средства за остварување на поставената цел, освојувањето на власта во сопствената држава. Меѓу таквите политички партии и организации во борбата за остварување на поставената цел, без исклучок, прифатена е макијавелистичката доктрина „целта ги оправдува средствата“. Во таа борба за освојување на власта, гледано од политичка перспектива, можеби е оправдано така да се постапува. Мегутоа, една партија што ја освоила власта, што ја зацврстила својата позиција и опстојува како раководен фактор педесетина години и која, според Уставот, им ги гарантира правата на граѓаните да избираат и да бидат избирани, без разлика на полот, националноста, расата, вероисповедта, образованието и општествената положба, која е против уживањето привилегии врз основа на нечие национално потекло, вера и имотна состојба, која казнува според закон за нарушувањето на вакви и слични изводи од бугарскиот устав и која најпосле, според истиот највисок акт, гарантира дека на „националните малцинства им се дава правото да се образуваат на својот мајчин јазик и да ја развиваат својата национална култура“, таква партија да ги менува своите основни принциппи во однос на едно толку суштествено прашање, какво што се смета дека е националното, да ги менува заедно со националните права на малцинствата со кои живеат и со кои заеднички се бореле во борбата за освојување на власта, нема никакво оправдување за своите постапки, ниту политичко, а уште помалку етичко.
Токму тоа го правеле и го прават раководните политичко-партиски и државни структури на власта во НР Бугарија. Тоа се забележува особено во последниве 45 години од владеењето на БКП во НР Бугарија. Тие промени во ставовите поврзани со националното прашање особено се видливи во однос на националните права на Македонците во пиринскиот дел на Македонија, кои влегоа во состав на бугарската држава по 1912 година.
Денационализацијата и асимилацијата како социолошко-политолоцко-историски процес што ги спроведувале организираните партиски и државни структури на власта во НР Бугарија врз Македонците во пиринскиот дел на Македонија во периодот од 1948 до 1989 година поминале низ неколку фази.
Првата фаза од 1948 до 1953 година е фаза во која се извршила целосна блокада на сите врски и контакти меѓу НР Македонија и пиринскиот крај. Таа се одликува со тоа што бугарската партија на власт декларативно ги признавала како објективна историска стварност македонската нација и македонската држава во рамките на ФНР Југославија, како и националните права на Македонците во пиринскиот дел на Македонија. Но во практиката, по обиавувањето на резолуцијата на Информбирото „За состојбата во КПЈ“ од јуни 1948 година, таа преземала сериозни чекори за укинување на националните права што ги уживале Македонците во пиринскиот крај во текот на 1944-1948 година.
Истовремено, бугарската партија на власт и државата преземале акции за отстранување од јавниот и политичкиот живот на сите истакнати македонски раководители.
Таа иста власт ги протерала македонските учители што ги предавале предметите македонски литературен јазик и македонска национална историја во основните и средните училишта во пиринскиот крај и вовела факултативно учење на македонскиот литературен јазик а наместо историја на македонскиот народ, определила да се предава историја на македонското револуционерно движење.
Таа ги затворила македонските национални институции од областа на културата: книжарниците на „Македонска книга“ и Обласниот македонски народен театар. Презела акции за следење и репресивни мерки против сите што не ја прифатиле новата политика и го задржале или ги истакнувале своето македонско национално чувство и потекло.
И покрај резултатите во пописот на населението од 1946 година, биле преземени административни мерки Македонците да не се евидентираат како посебна националност од ниту една служба што ги водела книгите на родените, венчаните, умрените, иселените, доселените итн.
Отпорот на Македонците во пиринскиот крај и на Македонците од македонската емиграција во НР Бугарија во оваа фаза се карактеризира со јавно манифестирање на македонската национална самобитност, која до јуни-јули 1948 година им се гарантирала со законите на НР Бугарија. Логорите и затворите во НР Бугарија во овој период се полнеле со национално свесните Македонци.
Втората фаза ја обележува смртта на Јосиф Висарионович Сталин и дипломатската попустливост што настанала потоа меѓу ФНР Југославија и НР Бугарија. Но и поктај тоа, положбата на Македонците во пиринскиот крај во поглед на нивните национални права останала непроменета.
Отпорот на Македонците во оваа фаза се карактеризира со пасивност и тој бил поединечен. Најсилен израз на македонскиот непокор се пројавил за време на пописот на населението во 1956 година. Резултатите од пописот во пиринскиот крај, како и настаните во Унгарија од 1956 година, биле причина за повторно заладување на односите меѓу ФНРЈ и НРБ, а положбата на Македонците се влошила во секој поглед. Таквата состојба траела до 1962 година.
Третата фаза започнува со доаѓањето на Тодор Живков на чело на БКП, а подоцна и на чело на бугарската држава, кога осетно се почувствувала промена во бугарските ставови во однос на македонското национално прашање и посебно спрема националните, какви-такви, декларативно признаени права на Македонците во пиринскиот крај. По повторното дипломатичко нормализирање на односите мегу НР Бугарија и СФР Југославија (со Уставот од 1963 година ФНРЈ е преименувана во СФРЈ) почнала да се чувствува и личната ангажираност на Тодор Живков во креирањето на најновата бугарска политика во однос на македонската нација и посебно спрема националните права на Македонците во пиринскиот крај.
Тодор Живков, со својата лична ангажираност, дефинитивно на југословенските партиски и државни раководители им ги наметнал ставот дека македонското национално прашање би требало да се разрешува на релацијата Белград-Софија, без учество на македонскиот субјект. Под негово влијание и со негово директно учество во креирањето на најновата бугарска политика во донос на македонското национално прашање, по 20-годишни напори, отпори, двоумења и усогласувања, Бугарската академија на науките, во ноември 1968 година, ја издаде историско-политичката информација „Македонското прашање“. Гледано од бугарска перспектива, брошурата што ја издаде БАН претставува усогласување на бугарската политика, наука, општествено-политичка свест, мисла и совест во однос на ’непостоењето“ на македонската нација и јазик на Македонците во пиринскиот дел на Македонија и нивните национални права.
Меѓутоа, наспроти увереноста на бугарската општествено-политичка свест и мисла дека дефинитивно и со успех е извршена таа толку и одговорна - би рекле - нехумана, неблагодарна и неблагородна задача да се докаже дека во НР Бугарија, поточно во пиринскиот дел на Македонија не постои друг национален елемент освен бугарскиот, токму таа 1968 година, кога е објавена брошурата на БАН, за Македонците во пиринскиот крај претставува и го означува новиот почеток на нивниот нелегален, но сега веќе организиран отпор против денационализаторската политика на НР Бугарија над Македонците во пиринскиот дел на Македонија. Многубројните судски процеси, изречените долги и тешки казни против членовите на тие организации, не само што се доволен туку се и преголем доказ за тоа.
Таа борба за своите национални права Македонците од пиринскиот крај ќе ја завршат со успех во 1989 година, кога неколку нелегални македонски организации ќе излезат јавно и ќе го објават формирањето на Обединетите македонски организации (ОМО) „Илинден“. Со тоа повторно ќе излезе на виделина нерешениот национален статус на Македонците во пиринскиот дел на Македонија, за кого бугарската политика сметала и се надевала дека успешно го разрешила. Новите меѓународни состојби им влеваат надеж на Македонците од пиринскиот крај дека еднаш и засекогаш ќе им бидат признаени нивните национални права во Република Бугарија и дека ќе можат слободно и без последици да ја развиваат својата национална култура, слободно да иа проучваат своиата да ја развиваат својата национална историја, слободно да ги вршат своите вековни битови ритуали и дека и тие ќе станат дел од македонското национално духовно обединување.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting