Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Бугарската пропаганда ќе се замолчува со факти
МАКЕДOНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ВО КОНТРАОФАНЗИВА
(Преземено од МИМ)

Историчарите од Македонија ќе се бранат од налетот на бугарскиот национализам преку дистрибуција на книги во речиси сите меѓународни организации, во кои ќе биде презентирана вистинската слика за односите помеѓу Бугарија и Македонија. Неколкумина македонски историчари своите најнови изданија ќе ги испратат до Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ, како и до амбасадите на сите земји од Европската унија за да се укаже дека земја-членка на Унијата се служи со невистини кои имаат цел негирање на македонската нација, различна од бугарската.
Тоа претставува своевидна контраофанзива на неодамнешната провокација на бугарскиот Културен центар во земјава, кој на посетителите им делеше книги во кои Македонците се претставени како неизоставен дел од бугарската историја. Едно од изданијата, кое полемизира со овие бугарски тези, е делото „Историски соочувања“ на д-р Михајло Миновски, во кое се презентирани факти за односите меѓу Македонија и Бугарија од античкиот период до денес. Во него јасно е истакната посебноста и потеклото на македонскиот и на бугарскиот народ, како и документи од кои се гледа зошто Бугарија константно ги негира македонска нација и јазик.
- Потребно е што повеќе наслови од македонски автори да бидат преведени на неколку јазици и дистрибуирани насекаде низ светот како што тоа константно го прави Бугарија и на тој начин ја шири својата верзија за историјата на односите со Македонија - вели Миновски.
„Бугарскиот карактер на Македонија“, „Десетте лаги на македонизмот“ и многу други наслови се дела кои директно навлегуваат во нашиот идентитет и токму затоа историчарите повикуваат на научна дебата меѓу историчарите и академиците од регионов и отворање на архивите и на историските документи кои точно говорат за националната и за државната посебност на македонскиот народ. При објавувањето на историските документи мора да биде истакнат периодот во кој живееле македонските револуционери за да се избегне впечатокот кој го имаат многумина, дека се работи за Македонци кои имале нагласен бугарски идентитет. Книги во кои се презентира македонската историја во поголемите светски библиотеки веќе подолго време испраќа и Институтот за национална историја.
Директорот на Институтот, Тодор Чепреганов, вели дека делото „Историја на македонскиот народ“, дело на повеќемина автори, е испратено до неколку светски универзитети, но смета дека тоа не е доволно. Тоа се само инцидентни случаи поради недоволната поддршка што ја имаат од државните институции, пред се од Министерството за култура. - Бугарија, за разлика од нас, вложува многу пари за што повеќе книги, во кои се негира македонскиот народ, да бидат преведени на англиски и достапни на што повеќе луѓе. На тој начин тие ја шират својата пропаганда на која ние не сме подготвени да одговориме соодветно - вели Чепреганов.
Историчарот Александар Литовски вели дека бугарската држава на овој начин функционира со децении и тоа е смислена стратегија за негирање на македонската нација. Затоа Македонија мора да одговори со постојана презентација на дела од македонски автори за да се подигне свеста за презентирање на вистината во односите меѓу Македонија и Бугарија.
- Во изминатиот период премногу се фокусиравме на античкото минато и подзаборавивме на периодот на 19 и 20 век, кој е најзначаен за нас. Потребни се многу повеќе дела во кои ќе се претстави вистината за македонската историја - вели Литовски.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting