Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју на министерот Милошоски за германскиот весник “Тагеспост“
ИМЕТО Е КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ
(Преземено од МИМ)

Господине министер, Македонија ја тужи Грција пред Меѓународниот суд на правдата затоа што Атина го блокираше членството на Македонија во НАТО. Зошто?
Затоа што Атина со тоа прекрши важечки меѓународен договор, Времената спогодба од 1995 год. Со спогодбата двете страни се обврзаа да го надминат спорот за името во преговори и со помош на посредник на ОН. Освен тоа Грција со овој договор се обврза да го поддржува членството на Македонија во меѓународни организации, како што е НАТО.
Мислите ли дека тужбата непотребно ќе ги оптовари грчко-македонските меѓусоседски односи?
Македонците и Грците имаат тесно испреплетени меѓусоседски односи. Грчките стопанственици се важни и бројни инвеститори во мојата татковина. Грција е туристичката дестинација број еден за моите сограѓани, а многумина и зборуваат помалку грчки. Веќе 16 години овој позитивен развој се успорува поради спорот што Атина го разгоре во однос на нашето име.
Македонија се стреми кон ЕУ. Очекувате ли дека Атина ќе го блокира односно одложи овој процес на зачленување?
Ние се надеваме на поддршката од нашите партнери во ЕУ, како и од Германија, да се спротивстават на блокадата од страна на една земја-членка и да ги скротат нашите грчки пријатели. И Германија своите отворени билатерални прашања со своите соседи, како на пример со Чешка за судетските Германци не ги искористи како причина да го блокира нејзиното членство во ЕУ.
Скопје и Атина со години веќе спорат за името на Вашата држава. Нели две европски, западно-ориентирани демократии и правни држави треба да знаат како билатерално да надминат едно вакво недоразбирање?
Примерот на Германија и Чешка, која е и следен претседавач со ЕУ, е најдобриот пример за европско решение: отворени прашања и проблеми од минатото се изземаат од дневната политика и се дискутираат од страна на експерти во соодветни форуми, а со тоа едновремено се поттикуваат и средбите помеѓу луѓето. Ова цивилизирано решение во духот на 21. век и јас го предложив за нас. За жал, Атина опстојува на својата политика во стилот на 19. век.
Зошто прашањето за името за Вашата земја е толку решавачко? Кои компромиси би биле прифатливи за вас?
Ние сакаме добри односи со соседот, но го сакаме и нашето право на самоопределување како мала држава. Тоа го вклучува и нашиот идентитет како Европејци и Македонци. Името Македонија е камен-темелникот на националниот идентитет на македонскиот народ. Ние со тоа никого не загрозуваме и никому не му земаме нешто. Во последните 16 години имаше многу варијанти за компромис, не како последно и на НАТО-самитот. Решението може да биде само компромис, а не диктат од Атина. Македонија го призна Косово. Очекувате ли замрзнување на односите помеѓу Скопје и Белград?
Ние секогаш се обидувавме да бидеме конструктивни: за време на косовската криза без големи подготовки прифативме 380.000 бегалци, а за време на режимот на Милошевиќ македонскиот претседател во Скопје ги примаше на разговор Зоран Ѓинѓиќ и други белградски дисиденти. Во сличен дух и денес ја водиме нашата политика кон соседите. Се надевам дека ова и во Белград конечно ќе биде разбрано.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting