Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акција на македонската влада во Хаг
МАКЕДOНJА JА ТУЖИ ГРЦИJА ЗА ВЕТOТO
(По МИМ)


МАКЕДОНИЈА ја тужи Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради ветото на НАТО -Самитот во Букурешт. Во тужбата бараме од Судот во Хаг да и’ наложи на Грција да ја почитува Привремената спогодба и да не ни го попречува влезот во НАТО и во другите меѓународни организации чија членка е.

Министерот за надво-решни работи Антонио Милошоски соопшти дека со поднесувањето на барањето до Судот Маке-донија не отстапува од преговорите за компроми-сно решение во спорот за името, кои се водат под покровителство на ОН.
За таа цел македонската влада го известила Судот дека барањето не се од-несува на прашањето за името, туку само на прек-ршувањето на членот 11 од Привремената спогодба, според кој, Грција нема да приговара на зачленува-њето на Македонија во меѓународни, мултилате-рални и регионални орга-низации и во институции чија членка е, но дека го задржува правото да приговара на секое за-членување ако во так-вите орга-низации или институции и’ се обраќаат поинаку, а не со референ-цата Поранешна југосло-венска република Македо-нија. Грција во Букурешт не дозволи Македонија да биде примена во НАТО ниту под привремената референца.
Одлуката на Судот за македонското барање, ќе биде обврзувачка за двете страни, бидејќи Македонија и Грција при потпишувањето на Привремената спогодба се согласиле во случај на евентуални спорови при нејзиното применување, надлежен да биде Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Советот за безбедност на ОН е надлежен за извршување на одлуката на Судот.
- Ја поднесовме аплика-цијата во Меѓународниот суд на правдата за да ги заштитиме нашите права од Привремената спогодба. Размисливме многу внимателно пред да го покренеме овој случај, но не гледаме друг начин за да се задоволи правдата. Се надеваме дека овој чекор ќе ја поттикне Грција своите постапки да ги усогласи со меѓународните правни обврски, како и дека ќе ги поттикне нашите две земји да постигнат конечно решение за нерешените прашања во духот на добрососедството и соработката предвидени со Привремената спогодба - оцени министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој е официјален застапник на Македонија пред Судот на правдата во Хаг. Македонија како членка на ОН има право да назначи ад хок судија. Во случајов, тоа ќе биде д-р Будислав Вукас, професор на Правниот факултет при загрепскиот универзитет. За оваа одлука министерот Милошоски вчера ги извести и амбасадорите акредитирани во земјава. Тој е уверен дека Меѓународниот суд на правдата ќе ни помогне да го решиме овој правен спор, имајќи предвид дека Судот работи праведно и делотворно и може да дејствува брзо.
- Не бараме од Судот да разгледува политички прашања, па затоа спорот за името не е предмет на нашата апликација. Исто така, сакаме да нагласиме дека остануваме цврсто посветени на сите аспекти од Привремената спогодба, особено на преговарачкиот процес со Грција, со посредништво на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН - додаде Милошоски. Со тужбата, Македонија бара од Меѓународниот суд на правдата да утврди и декларира дека Грција, преку своите државни органи и овластени лица, ја прекршила обврската од Привремената спогодба.
Министерот Милошоски оцени дека ако Грција продолжи да ги крши или да не ги почитува обврските од Спогодбата, Македонија би се соочила со правна несигурност и нејзините аспирации за понатамошно етаблирање во меѓународните односи, пред се’, во европските и евроатлантските структури ќе бидат целосно оневозможени и блокирани од Грција. Исто така, оваа практика на Грција би можела да доведе до де факто ставање вон сила на Привремената спогодба, што би било контрапродуктивно и за двете страни.Привремената спогодба што ја склучија Македонија и Грција на 13 септември 1995 година претставува единствена и соодветна правна рамка за регулирање на меѓусебните односи помеѓу двете земји, и тоа во повеќе сфери на билатералната соработка. Со ВС, Грција ги призна независноста и суверенитетот на Македонија во рамките на нејзините меѓународно признати граници и се воспоставија дипломатски односи на соодветно ниво, со што се нормализираат односите меѓу двете соседни земји.

Мирчев: Логична одлука
Одлуката на Владата е логична и разбирлива ако се имаат предвид развојот на односите со Грција и текот на разговорите за името. Лично сметам дека можеше и порано да се направи тоа, но особено мораше по Букурешкиот самит на НАТО. И претходно имаше голем број инциденти и чекори што ги влошуваа добрососедските односи и ја кршеа Привремената спогодба, а самитот во Букурешт беше вистински пример за тоа, бидејќи ја обврзува втората страна да не’ поддржува во пристапот во меѓународните организации - вели професор Димитар Мирчев.Тој укажува дека не е оптимист оти Судот бргу ќе реагира, ниту дека е сигурно оти одлуката ќе биде во наша корист, но го оценува потегот како добар бидејќи им укажуваме на меѓународната заедница и на ООН дека не прифаќаме уцени. Постапката може да трае неколку години
Меѓународниот суд на правдата е главниот судски орган на Обединетите нации. Тој, во согласност со меѓународното право, е надлежен да решава правни спорови поднесени од државите и да дава советодавни мислења за правни прашања само по барање на овластените органи и специјализирани агенции на Обединетите нации. Судот го сочинуваат 15 судии. Според вообичаената практика на Судот, се очекува постапката до донесувањето на пресудата да трае неколку години. Пресудите на Судот се правно обврзувачки за страните и нивното почитување е гарантирано од Советот за безбедност на ОН. Во постапката, Македонија ќе биде застапувана од тим составен од афирмирани меѓународни правници, искусни во водење постапки пред Судот за правда, експерти на МНР и домашни експерти во областа на меѓународното право. Ако некоја од државите-странки во спорот одбие да ја почитува одлуката на Судот, другата држава-странка може да ја изнесе оваа околност пред Советот за безбедност, кој е надлежен да препорача или да реши за мерките што треба да се преземат за да се спроведе пресудата. Во тек се повеќе спорови пред овој суд како, на пример, Унгарија - Словачка, Романија - Украина, Мексико - САД, Хрватска - Србија и други.
Црвенковски: Не бев консултиран
Од Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски немаше коментар за одлуката на Владата да ја тужи Грција, туку забелешка дека, спротивно на Уставот и на Законот за надворешните работи, Владата за ова клучно прашање не се консултирала со него. „Со овој чин, како и со досегашниот однос во процесот на преговорите за спорот за името со Република Грција, премиерот Груевски и Владата на Република Македонија дефинитивно ја преземаат целосната одговорност за решавањето на спорот, како и за успехот или неуспехот на процесот на нашето интегрирање во ЕУ и во НАТО“, соопшти Кабинетот на претседателот. Оттаму велат дека и покрај најавите оти Владата во најкус можен рок, а најдоцна по враќањето на премиерот од САД, ќе достави предлог до Претседателот за нов преговарач за името. „Премиерот Груевски соопшти дека Владата се’ уште нема оформено став за личноста што треба да биде назначена за преговарач на Република Македонија во преговорите за името со Република Грција“, соопшти Кабинетот на претседателот.

ВО тужбата бараме од Судот во Хаг да и’ наложи на Грција да ја почитува Привремената спогодба и да не ни го попречува влезот во НАТО и во другите меѓународни организации чија членка е. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски соопшти дека Македонија не отстапува од преговорите за спорот за името.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting