Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
ВЗАЕМНОТО ПОЧИТУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ – ЗАЛОГ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО И МИР
ДЕJ ГИДИ МЕРАЦИ, СТАРИ МЕРАЦИ - САНСТЕФАНСКИ
ЈАН ПИРИНСКИ


ПРЕД некоја година една прекрасна идеја ја најде својата реализација. Таа беше остварена благодарејќи на меѓусебното и разумно договарање меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Станува збор за отворањето на културно-информативните центри во двете престолнини. Се разбира, граѓаните на двете земји го поздравија тоа извонредно дело и очекуваа овие институции да бидат иницијатори за изградба на вистинско пријателство и добрососедство.

А дали овие очекувања се оправдаа? Наскоро по отварањето на македон-скиот културно-информа-тивен центар во Софија македонското државно знаме ставено пред него беше варварски скинато. Следеа и други хулигански акции, а потоа знамето по-вторно беше откраднато. Одговорите што бугарската полиција ги даде на жалбите на тогашниот раководител на центарот г-н Стефан Влахов-Мицов, беа неве-ројатно цинични, а што е најважното – виновниците никогаш не беа пронајдени.
Што направија пона-таму овие културни центри за подобрување на односите меѓу двете земји и двата народа, за запознавање на нивните култури? Го поста-вувам сега ова прашање би-дејќи во октомври годинава бугарскиот културно-информативен центар во Скопје со директорот Спас Ташев, познат претставник на бугарската врховистичка организација, т.н. ВМРО БНД, решил дека неговата мисија во Македонија е да го проповеда бугарскиот национал-шовинизам и да шири антимакедонска пропаганда. Тој започнал во центарот бесплатно да им раздава на македонските граѓани книги напишани од бугарски псевдоистори-чари, во кои се тврди и „докажува“ дека македонска нација и народ не постојат, дека населението, јазикот, историјата и се друго во Македонија е бугарско. Делејќи пасквили како „Бугарскиот карактер на Македонија“ и „Десетте лаги на македонизмот“ од Божи-дар Димитров и други слич-ни чкртаници напоени со идејата за Санстефанска Бу-гарија, тој јасно покажува која е вистинската цел на тој центар.
Зарем бугарскиот амбасадор и бугарските државници и политичари не знаат каква дејност раз-вива овој центар? Несом-нено знаат. Всушност, сами-от факт дека бугарската др-жава има одлучено за директор да постави при-падник на една ултра-националистичка и анти-македонска организација покажува каква политика води бугарската држава кон Македонија, а отсуството на реакција и санкционир-ање на неговата провокатив-на дејност од страна на неговите шефови потврдува дека акциите на културно-информативниот центар не се самоиницијатива на Ташев, туку централно ди-ригирана политика.
Дејноста на центарот јасно сведочи дека неговата намена е, не да работи за добрососедството, пријател-ството и меѓусебното запоз-навање на двата народа, туку против Македонија, да провоцира непријателство меѓу Македонците кон Бугарија за да се искористи последното во антимакедон-скиот курс на пишман европска Бугарија. Позна-вајќи го добро карактерот на нашите властодржци одвај ли можеме да се сомневаме дека тие уште пред потпишувањето на спогодбата за отварање на културни центри со нивните македонски колеги ја определиле токму оваа цел на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Само чекале да влезе Бугарија во Европската уни-jа за да ги симнат овчките кожи и лисичји маски.
Што би рекле бугар-ските шовинисти доколку Македонскиот културно-информативен центар во Софија започне да дели слични книжулиња со кои ќе докажува дека бугарски народ и нација не постојат и да се подигрува со Бугарија и Бугарите? Како би се чувствувале? И како би реагирале?!

ЕВРОПСКА унија. А во неа – членки опијанети од шовинизам, жедни за територии и слава, полни со реваншизам и претоварени со историски комплекси. И две од нив ја дебнат Македонија на патот кон Европа. Каде се европските принципи? Каде е обединета Европа? Зарем не ги согледува безобѕирните аспирации на две свои балкански членки кон еден кандидат-член како Македонија. Во средство за наметнување апсурдни националистички претензии ли сака таа да се претвори? Уште еден инструмент во рацете на луди балкански политичари со кој да ги уценуваат нивните соседи? Како и да било! Македонскиот народ има славна историја, помина низ пеколот и се прероди, и нема сила која ќе може да го запре неговиот развој.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting