Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
И Конго, Панама и Мексико jа одбија Грциjа
НОВ ГРЧКИ НЕУСПЕХ
(Преземено од МИМ)


И Конго и Мексико остануваат на одлуките да не ословуваат со уставното име, а не ги повлекле како што јавуваше Атина, велат од МНР. Овие информации покажуваат дека битката на официјална Атина да го релативизира фактот што не имаат признаено 125 земји под уставното име е неуспешна, а во меѓувреме Македонија на своја страна ја доби Индија, која на светскиот пазар е трета сила.
-Кратко траеше еуфоричниот дипломатски успех на официјална Атина која изминативе денови објавуваше привидни успеси во обидите да издејствува промена во употребата на уставното име на Република Македонија од страна на трети земји. Грчката офанзива со краток здив запре токму во Конго, држава за која јужниот сосед тврдеше дека во иднина ќе ја користи привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија, велат од македонското МНР. Од Конго е упатен и официјален документ, дипломатска нота доставена до МНР. Властите на оваа африканска земја во овој документ потврдуваат дека нивната позиција во однос на името на Македонија останува непроменета, “почитувајќи го заедничкото Коминике со кое двете држави воспоставија дипломатски односи во септември 1999 година”. Одговорот од властите на Конго доаѓа по интензивните дипломатски контакти помеѓу официјални претставници на двете држави. Во таа насока, информираат од МНР, министерот Антонио Милошоски му испратил писмо на својот колега, Антипас Мбуса Ниамвиси, во кое му се заблагодарува за тоа што Владата на Конго го користи уставното име на Република Македонија, во друштво со уште 125 земји во светот меѓу кои се САД, Русија, Кина, Бразил, Индија, Велика Британија и други, респектирајќи го правото на сопствен идентитет и име.
Високи дипломатски извори од Министерството за надворешни работи на Конго откриваат што се крие зад понудата од Грција до нив ако во иднина не ословуваат со референцата ПЈРМ. На Конго му биле понудени сто тенкови, илјада хаубици и неколку борбени авиони од кои грчката армија сака да се ослободи по зделката за купување оружје од Франција. Притоа дел им бил понуден како подарок, а дел по многу ниски цени. Но, како што велат од Конго понудата била одбиена.
Македонија е известена и од властите во Мексико дека не ја смениле владината одлука согласно со која не ословуваат со уставното име. Тамошните власти информираат дека Грција побарала да се смени таа одлука и во иднина да не нарекуваат со референцата ПЈРМ. Македонското МНР добило уверување дека следниот договор со земјава ќе биде потпишан под уставното име. Пред веста за Мексико и Конго, Грција пренесе информација дека и Панама се повлекла од одлуката да не ословува со уставното име, но и таа се покажа како неточна.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting