Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Иницијатива на ЕФА “Виножито” во Страсбур
СТОП НА ГРЧКАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА!
(Преземено од МИМ)


На иницијатива на Европската слободна алијанса (ЕСА) – “Виножито”, во Парламентарното собрание на Советот на Европа поднесе нова Предлог резолуција за „дискриминирачките закони против етничките македонски политички бегалци“.
Како што соопшти “Виножито”, Предлог резолуцијата, поддржана од претставници на 13 европски држави од сите главни политички групи во Парламентарното собрание на СЕ, „ја повикува грчката Влада, без одлагање, да ги разгледа претходно споменатите закони и да ја сопре дискриминацијата која произлегува од нив со што етничките македонски политички бегалци можат да побараат грчко државјанство и имот“. Во документот се дава препорака надлежната комисија на ПССЕ „да го испита овој проблем и да се заложи заедно со грчките авторитети за запирање на посочената дискриминација“.
“Виножито”, како политичка партија на македонското малцинство во Грција, посебна благодарност за поддршката на Предлог-резолуцијата упати до првиот потписник, Герт Ламберт од фламанската политичка партија „Влаамс Прогрессивен” од Белгија за неговата континуирана поддршка за прашањата поврзани со човековите права на етничките Македонци, како и до претставниците од Македонија и од Турција.
Потписниците на резолуцијата доаѓаат речиси од сите главни политички групи во ПС на СЕ и зад неа своите потписи ги имаат ставено водечките политички тенори во паневропската асамблеја и целокупниот состав на македонската парламентарна делегација Оливер Шамбевски, Игор Ивановски, Андреј Жерновски, Зоран Петрески и Ермира Мехмети.
Со предложената резолуција „одлучно се бара од грчката влада, без одлагање, да ја сопре дискриминацијата што произлегува од законите со кои се спречува етничките македонски политички бегалци да можат да побараат грчко државјанство и имот“.
Наедно, на соодветната комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа и’ се препорачува „да изврши истрага за овој проблем и да се заложи заедно со грчките власти да и’ се стави крај на дискриминација“. Бидејќи Грција како земја-членка на Европската конвенција за човековите права и на Меѓународната конвенција за елиминирање на сите видови расна дискриминација правно е обврзана да не спроведува дискриминација по етнички мотиви.
Во резолуцијата претходно се потсетува дека илјадници грчки државјани побегнале од Грција по Граѓанската војна (1946-1949), поради што им биле одземени нивните државјанства и имоти. Во 1982 година Грција носи Амнестија (законот бр. 106841) со кој на политичките бегалци „Грци по род“, односно етнички Грци, им се враќа државјанството, но со законот не се опфатени етничките Македонци и другите не-Грци.
Во 1985 година е изгласан и законот бр. 1540, со кој на политичките бегалци им се дозволува да побараат враќање на одземените имоти, но под услов ако се „Грци по род“, со што повторно беа дискриминирани етничките Македонци.
Мнозинството од овие етнички Македонци, погодени од ваквата дискриминација, како што стои во предложената резолуција, денес се на седумдесетгодишна возраст и живеат во повеќе европски земји, како и во Австралија, Канада и во САД. Поднесувачите на резолуцијата потсетуваат дека ЕКРИ (Европската комисија за борба против расизмот) ја подвлекла оваа дискриминација и им препорачала на грчките власти да ги преиспитаат спорните закони за да можат и овие лица да ги уживаат истите права како и Грците по род.
Предлог-резолуцијата, поддржана од 20 членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) од 13 држави-членки, е логичен чекор по одолжувањето на Комитетот на министрите на СЕ да одговори на прашањето поставено од белгискиот парламентарец Герт Ламберт (од групата на европските социјалисти).
Ламберт пред повеќе од една година побара од Комитетот на министрите да даде мислење дали грчките власти треба да ги преиспитаат законите и правната регулатива за да и’ се стави крај на дискриминацијата на која се изложени Македонците-бегалци од Граѓанската војна во Грција, во согласност со принципите на недискриминација врз кои е втемелен Советот на Европа. На ова прашање тој се’ уште чека одговор.
Герт Ламберт за отсуството на одговор рече: „Мислам дека постојат многу причини, добро го знам тоа. Познато е дека кога некој поставува нов проблем, започнуваат да функционираат механизми што велат: тој проблем не постои, тоа не е вистина, тој проблем веќе го надминавме... Зборував директно со претставниците на малцинствата и тие ме убедија. Фактот што тие ми дадоа докази за својата дискриминација ме наведе да го поставам ова прашање. Фактот што се’ до денес немам одговор малку ме зачудува, ако не постоеја проблеми, сигурно дека ќе имав одговор. Се надевам дека проблемот ќе биде вистински поставен и се надевам дека времето што го користат за да ми одговорат ќе биде искористено за да ги разрешат проблемите за кои зборувам во прашањето. Се надевам дека ќе се случи тоа, иако не сум убеден“.
Предлог-резолуцијата, официјално поднесена во текот на последната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, е поставена на веб страницата на Советот на Европа, а се очекува да биде дискутирана од Бирото на Собранието кон крајот на ноември 2008 година.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting