Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
ДРЖАВА ШТО НЕ ГИ ПОЧИТУВА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НЕМА ПРАВО ДА ЧЛЕНУВА ВО ЕУ
ГРЧКИ МЕГАЛОМАНИ, КАЖЕТЕ МУ JА НА СВОJОТ НАРОД ВИСТИНАТА!
ЈАН ПИРИНСКИ


ГРЦИЈА продолжува безобѕирно и безумно да му натура на светот дека има право да диктира и наметнува друго име за Република Македонија. Самиот факт, дека претендира јавно да биде кум и против волјата на соседната држава и на нејзиниот народ да им го одредува името, го докажува апсурдот на мизерниот и незауздан шовинизам што ја има совладано грчката политика.

Зарем не зачудува дека Грција, макар да е членка на Европската унија, ги крши принципите за правата на човекот и про-должува спокојно да ги наметнува своите антиев-ропски и нечовечки тези? Грција е збесната од тоа што Република Македо-нија го брани своето при-родно право да се нарекува така како што сака неј-зиниот народ. Едно право што е валидно и им при-паѓа на сите народи во светот.
Поради тоа што Македонија побара од Грција јавно да ги гаран-тира правата на Македон-ците на нејзина територија и да се вратат имотите на со сила протераните од Егејот, Грција не можеше да ги здржи своите емоции и испрати војска во села во кои живеат Македонци, си дозволи да ги заплашува и малтретира луѓето демон-стрирајќи сила (за тоа види повеќе на стр. 5). Зарем европските државници не гледаат што прави Грција?! Зарем не ги гледаат сите злодела, асимилацијата и понижувањето на кои таа сеуште ги подложува Ма-кедонците и другите малц-инства во своите граници? И до кога ќе молчи Европа и ќе си ги затвара очите пред јавното кршење на правата на малцинствата во Грција?
Можат ли да се пожалат грчките новинари дека Република Македонија ги ограничува и не им дозво-лува да посетуваат секое место и дури да пишуваат невистини за неа? Таков случај нема. А зошто, кога грчките тенкови ги газеа нивите на Македонците во село Забрдени, македон-ските новинари беа избркани од Грција?
Многу се прашањата што чекаат одговор од стр-ана на Грција и од страна на Европската унија. Вре-ме е претставниците на ев-ропските институции да најдат храброст и достоин-ство и да одговорат на овие болни проблеми, што го измачуваат целиот македонски народ.
Во рамките на оваа политичка ситуација, што злонамерно и брутално се разигрува од Грција во врска со името на Репуб-лика Македонија, се слуш-наа и демократски гласови на искреност и јавна заш-тита на правото на маке-донскиот народ да го штити името на својата држава. Тоа го направи и претседа-телот на Балканскиот поли-тички клуб и поранешен претседател на Република Бугарија д-р Жељу Желев во интервју за Дојче Веле. (Во еден личен разговор д-р Желев сподели со мене детали за тоа како за време на неговиот мандат Република Македонија е признаена од Бугарија под нејзиното уставно име.) Но да цитирам за читателите на в. „Народна волја“ одделни пасуси од интервјуто на д-р Желев: „Грција нема никакво право да й наметнува име на Македонија...Името и идентитетот на еден народ и држава се егзинстен-цијално прашање и сувере-но право на сопственикот. Кога станува збор за слични егзинстенцијални прашања за еден народ, за една држава, не може друга држава да диктира како таа да се нарекува“. Бидејќи, продолжува д-р Желев, обраќајки се кон Грците, „државите од поранешна Југославија што се соз-дадоа, се поранешни југословенски републики. Зашто тогаш не барате Хрватска да се нарекува Поранешна југословенска република Хрватска, Словенија – Поранешна југословенска република Словенија, Србија – Поранешна југословенска република Србија? Зошто само кон Македонија сакате да се додаде тоа име?“

ГОСПОДИНЕ Желев, македонскиот народ знае, а сигурен сум и Вие знаете зошто Грција беснее и по секоја цена сака да й наметне друго име на Република Македонија. Вашето мислење по тоа болно за македонскиот народ прашање и Вашата јавна справедлива заштита е демонстрација на вистинко достоинство и чест за Вас како демократ и виден политички деец. Добро би било и други бугарски државници да го следат Вашиот пример. А зошто да не се очекува да го сторат тоа и грчки државници и политичари!

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting