Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Панајот Димитрас, член на грчкиот Хелсиншки монитор
МАКЕДОНЕЦ СО ДОСТОИНСТВО
(Преземено од МИМ)


Грчката држава против мене води истрага за велепредавство, бидејќи зборував за македонското малцинство, истакнува во интервју за „Би-би-си“ - Програма на македонски јазик Панајот Димитрас, член на грчкиот Хелсиншки монитор. Веќе дадов изјава пред обвинителот. Ако ме испратат на суд за тоа, единствена можна казна е доживотен затвор - додава Димитрас, долгогодишен борец за човековите и малцинските права во Грција. Интервјуто е направено по посетата на независниот експерт за малцинства на ОН, Гај Мекдугал, во северна Грција и во западна Тракија, на која присуствуваше и Димитрас. Тој и другите членови на Хелсиншкиот монитор ја информирале Мекдугал за сите прашања од нејзиниот мандат, како што се македонското и турското малцинство, верските малцинства, вклучувајќи ги и Ромите и проблемот со расизмот и антисемитизмот.

Пораката за неа е дека состојбата е екстремно тешка, бидејќи никој не зборува во прилог за повеќето од овие групи. Напротив, кога се жалат, тие се често напаѓани од медиумите и од државата. Не само малцинствата, туку и организациите како што е нашата, која ги промовира правата. Ако можам да употребам една реченица - демократијата во Грција, која за другите дојде во 1974, допрва треба да дојде за малцинствата - вели Димитрас.

Можете ли да ни ја опишете нејзината реакција на вашите излагања?
- Не сме овластени да ги пренесуваме нејзините реакции. Единствено нешто што можам да кажам, а што беше Атина, е дека тоа што е напишано во препораките на Комитетот на Обединетите нации и во препораките на грчкиот Комитет за човекови права, ќе биде дел од нејзиниот извештај. А во тие препораки стои дека Грција не признава Македонци и Турци, како и дека состојбата со Ромите е ужасна. Не се сомневам дека тоа што таа ќе го објави ќе биде поинакво од она што ние го велиме - дека има луѓе што се идентификуваат поинаку од Грците.

Дали мислите дека оваа посета може да смени нешто?
- Тоа е тешко да се каже. Бидејќи во препораките на Советот на Европа и во препораките на Обединетите нации се вели истото ова, но Грција не менува ништо. Тие не губат ништо со тоа што не ја менуваат состојбата. Нема санкции за Грција, освен пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои Грција ги игнорира. Во оваа земја, ако зборувате за правата на малцинствата, ќе имате проблеми. Така ќе биде се’ додека не бидат применети санкции.

Дали вие лично имате проблеми?
- Па, против мене се води истрага за велепредавство бидејќи зборував за македонското малцинство. Веќе дадов изјава пред обвинителот. Ако ме испратат на суд за тоа, единствена можна казна е доживотен затвор. Се надевам дека работите нема да отидат толку далеку, но морам да ви кажам дека воопшто не е пријатно. И „Виножито“ може да се соочи со слична истрага, бидејќи екстремно десна партија во парламентот го побара тоа и, за жал, министерот за правда го испрати барањето до главниот обвинител.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
КОИ СЕ ПОГОЛЕМИ КРЕТЕНИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ИЛИ ИСТОРИЧАРИТЕ?
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО 1900: НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА ТУЃА ПОМОШ, ДА НЕ ЧЕКАМЕ ПОМОШ ОД БУГАРИЈА
Читај
АТАНАС ШОПОВ ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО В МАКЕДОНИЯ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting