Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју со Даниел Фрид, помошник на Кондолиза Рајс
ТОА ШТО МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ ГО САКАЛЕ
(Преземено од МИМ)


- Каде гледате простор за консензус, бидејќи Македонија и Грција имаат различни позиции?
- Да, имаат различни позиции, но двете страни почнаа малку да се придвижуваат. Ние не сме преговарачите, мислам дека во двете влади има луѓе кои сакаат да се постигне решение, луѓе кои настапуваат со добра волја и мислам дека е работа на Метју Нимиц да се обиде да изнајде начини за напредок и ние го поддржуваме.

Што му кажавте на македонскиот министер за надворешни работи, која беше вашата порака и дали може да кажете каква ќе биде пораката на државната секретарка Рајс до министерката Бакојани?
- Па, би го рекол следново - ние сакаме договор, ние не вршиме притисок, тоа не е наша работа. Вашиот министер ни е пријател и ние Американците на решение гледаме како на нешто што може да биде од помош за безбедноста на Македонија, на Балканот и е во наш интерес. Тоа беше пријателски разговор. Ги разбирам потешкотиите со кои се соочува македонското раководство и сакам да помогнам.

Мислите ли дека е можен исчекор во овој период?
- Се надевам, ни останува работа, но мислам дека народот на Македонија сака решение, кое го зачувува нивниот дигнитет, тоа е важно, но влезот во НАТО и во ЕУ е исклучително значајно. Тоа е вистинска награда. Тоа значи дека иднината на Македонија како европска држава е обезбедена. Тоа е ог-ромно достигнување ако можете да го пос-тигнете.

Мисли-те ли дека има шанса да се убеди грчката страна дека за Македо-нија се многу важни прашањата за македонскиот идентитет и јазик?
- Мислам дека грчките претставници кои го следат процесот разбираат колку е ова тешко и за Македонија и мислам дека Грците сакаат решение и македонската, исто така, прашањето е да се дојде до решение прифатливо за двете страни. Нимиц прави се што може, ние го поддржуваме. Да расчистиме, не постои американски план, нема алтернатива.

Што ќе се промени во процесот и во односот кон Македонија со изборот на новата американска администрација?
- Да бидам искрен, мислам дека секој американска администрација беше пријателска кон Вашата земја и без разлика дали ќе биде Обама или Меккејн идниот американски претседател ќе биде пријател на Македонија, но морам да бидам искрен - гарантирам дека идниот претседател нема да знае толку многу за името колку што знае претседателот Буш, тој навистина го разбира процесот, зборувал со лидерите, ги слушнал нивните ставови, ме прашува како напредувам, тој ја следи работата и факт е дека идниот американски претседател, независно кој ќе биде, нема веднаш да се нафати со ова прашање и Вие тоа го знаете. Затоа, мислам дека сега е добар период да се обидете да се постигне договор зашто овој американски претседател навистина многу знае за овој проблем.

Мислите ли дека целиот процес ќе биде во мирување една година?
- Не, се надевам дека нема да биде така. Мислам дека сега имаме добра можност за решавање на прашањето, кое како што знаете со текот на времето нема да биде полесно за решавање.

Што би рекле за ризиците за Македонија ако поради името предолго време остане надвор од ЕУ и од НАТО?
- Членството во НАТО значи безбедност, членството во ЕУ значи просперитет и реформа. Колку долго сакаат Македонците да бидат без институционална безбедност и без просперитет и реформа во рамките на ЕУ? Во Ваш интерес е да и се приклучите на Европа. Не ли е тоа што македонските патриоти отсекогаш го сакале. Тоа никогаш не било поблиску од сега, толку е блиску што можете да го допрете. Речиси е тука. Преземете го тој чекор.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА ФОРМИРААТ СВОЕ ЗДРУЖЕНИЕ
Читај
ПРАТЕНИКОТ СТЕРЈОВСКИ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ОПШТИНА ПУСТЕЦ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting