Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла
ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ
Крсте Петков Мисирков


Малечките држаици балканцки без церемониiа ке земат во своiи раци сите дооди,од завоеваните части на Македониiа, а македонците ке се обрнат во просiаци, откако си загубат првен своiите национални особини.
Можит да се предречит, каква ке бидит судбата на Македониiа под Австро-Унгариiа: Босна и Ерцегевина iасно ни покажуваат, оти не ке поминат и 10 години од Австриiцката окупациiа, како ке зафатат македонците без разлика на вера и народност да си оставуат своiите катои и да се исел’уат.
А и присоiединуаiн’ето до iедна од балканцките држаици, шчо не iет никоi пат возможно, ни делеiн’ето, ни окупациiата, не сет воѕможни без револ’уциiа од натре. И имаат ли смисла тиiе револ’уциiи, кога ни обезпечит Н .И. .В Султано националното и религиозното сашчествуаiн’е и ни гарантират равноправност пред законо и во областната самоупраа со турците? А се имаат осноаiн’а да се мислит, оти Иксператорцкото праителство iет исполнено со добри намереiн’а за своiите македонцки народности. Историiата помагат да секоi народ да си видит грешките, коiи шчо имат праено, и да се чуат да не се повторуат. Сегашното востааiн’е iет многу поучно, како за нас, исто така и за турците. Јас не можам да допушчам, турците да не се поучат од него: iасно iет за секоi, па и за турците, оти Турциiа не можит поеке да сочуат Македониiа ако продолжат истата политика, кон нас, шчо iе водеше досега, Турциiа не можит да сочуат таiа своiа провинциiа без содеiство на местното жителство. Једна воiска не iе доста, како шчо не iет доста и доволството на меншеството на населеiн’ето. Турцкото господство во Македониiа ке се сочуат само тогаi, ако во неiа имат многочислено населеiн’е, коiе шчо видит своiето благосостоiаiн’е обеспечено само под власта на Турциiа. Тоа населеiн’е ке составуат главниiо оплот на турцките интереси во Македониiа. А поддржката на болшинството Турциiа ке добиiит само, ако се погрижит да воведит во Македониiа истинцки реформи, способни деiствител’но да сочуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граг’ански праа и сносно економско сашчествуаiн’е. Ако тиiа потребности на поданиците не се сочуваат, и Турциiа продолжаат да бидит неискрена во прилагаiн’ето на реформите, то от тоа ке пострадат наi много пак она: 1, она ке бидит принудена со сила да воведит некоiи реформи, 2, ако и после тоа населеiн’ето не бидит оградено во национално-религиозен и економцки однос, то со тоа ке се восползуваат неприiатиелите на Турцко да напраат во Македониiа брканица за да ловат риба во матна вода.
И така првото нешчо, коiе шчо ке требит Македонцката интелегенциiа да се добиват, тоа iет: устранеiн’ето на недоверiето мег’у интелегенциiата, со разно национално и религиозно образуаiн’е, обiединуаiн’ето на таiа интелегенциiа, како во самата Македониiа, така и зад неiните граници; совместното обсудуаiн’е обшчите интереси на Македонците; устрануаiн’ето на национално-религиозната мрзн’а; воспитаiн’ето на македонцките словени во чисто македонцки национален дух; задолжителното изучуаiн’е на македонцкиiо iазик и слоесност во стредно-учебните заведеiн’а во градоите со словенцко населеiн’е; обучеiн’ето во селцките сколиiи со словенцко населеiн’е на македонцки iазик. Во словенцките села во црквата словенцко богослужеiн’е. Ако тиiа бараiн’а стретат отпор од некоiа от пропагандите, то да се молит турцкото праителство и Големите Сили, да се отдалечат од Македониiа деморализуiук’ите пропаганди, да се востаноит Охридцката Архиепископиiа, во раците на коiа да преминит црковно-сколиiцкото дело за сите рисiански народности во Македониiа.
Друго нешчо, коiе се барат од нас, iет, да се обрниме до нашите браiк’а, шчо воiуваат во таткоината ни, да сложат оражiето, за да се даит возможност на Русиiа и друзите сили, да земат сите мери, шчо зависат од ниф, да се удовлетворат сите наши религиозни, национални и економцки интереси.
Јасно ми iет, со какво негодуаiн’е ке се однесат мнозина кон тоа мое предложеiн’е. Можит, ке го наречат и предател’ство. Можит да бидит, да се наiдат и л’уг’е, коiи шчо ке речат, оти требит да се мавнат от тоiа свет лица со такви мисли.
Коi како сакат, нека речит, нека мислит и нека приiимат против мене. Долго кон народот и таткоината му диктуваат да се искажам во таква смисл’а. Јас сум iеднаш уверен, оти во постапоко ми немат нишчо предателцко: 1, оти мислите, не само на частни лица, како мене, но и на сите македонци од боiното поле и од Бугариiа, и мислите, бараiн’ата и предложеiн’ата на целиiо бугарцки народ и бугарцкото праителство, не сет во состоiаiн’е, да изменат погледите на Големите Сили и Русиiа на нуждите на македонцкиiо народ; 2, сите усилиiа по натамо одваi ли ке изменат поведеiн’ето на држаите во нашето прашаiн’е. Наi много, шчо можит да бидит, тоа iет - европеiцка конференциiа; но таiа конференциiа не можит да се зафатит по рано от пролетга, и то, тогаi ке се зафатит само, ако востааiн’ето тогаi бидит по силно от сегашното. Но можит ли да се предвидит одот на востааiн’ето? Пак и да се допушчит, оти востааiн’ето тогаi ке бидит, и по силно от сега, и ке принудит Европа, да се повикат европеiцка конференциiа, можит ли некоi да предречит, оти решеiн’ата на таiа конференциiа ке бидат во наша полза? - Одваi ли. Европеiците до сега си имаат напраено непраилен закл’учок за народноста на македонците, и ето зашчо, последните, коiи носат на своiот грб сите тешкотиiи и нестреки от сегашното востааiн’е ке имаат наi малу полза од решеiн’ето на конференциiата. Требит да бидиме слепи, за да не видиме тоа, шчо iет очигледно. Во конференциiата ке се земат цел ред мери во полза на македонцките народности. Но коiи сет тиiе народности? .- турци, бугари, срби, грци, власи, арнаути.
Кого требит да броiат на конференциiата: бугарин, србин, грк? Каде iет границата мег’у ниф? Наi после коi ке заседаат на таiа Конференциiа? Коi ке даат сведеiн’а за македонцките народности и нивните потребности? Зар не iет iасно, како бел ден, оти предстаители од нас немат да имат, оти ке решаваат нашите судби, без да не питат нас, шчо бараме ниiе, а зато, ке питат нашите неприiатели, коiи имаат своiи држаи и своiи дипломати, икоiи ке извлечат сета полза од нашата пролиена крв?!
Не браiк’а! Никаква конференциiа не не спасават. Многу по арно ке бидит, да се довериме на наi многу заинтересуаните во нашите работи држаи, особено на праославна Русиiа, коiа знаiит убао нашите нужди, а не да се надеiаме во сами себе и во некакви конференциiи. Да беше било така лесно и арно созиваiн’ето на конференциiа, и сега ке имафме друг способ трактуаiн’е на нашите работи и наместо Европа да остаит Русиiа и Австриiа да решаваат нашето прашаiн’е, сите европеiцки Големи сили ке сакаат во него да играат iеднаква рол’а. А шчо пишит англицкиiо министер-председник на кентерберiцкиiо архиiепицкоп за политиката на Големите Сили во нашите работи: „участiето на сите Сили воразрешеiн’ето на македонцкото прашаiн’е само можит да задржит, на место да ускорит, неговото разврзуаiн’е. Во дадениiо случаi наi арно iет инициiативата и наi главната рол’а да iет во раците на наi заинтересуаните големи држаи, коiи наi арно знаiат нуждите на македонците”. - Да, ниiе требит да знаiиме, оти од участiето на сиiот „концерт” можит да се очекуат големо неблагозвучiе, по малко давлеiн’е на Портата, от колку можит да се очекуат од работите на двете наi многу заинтересуани држаи. Држаите разно гледаат на прашаiн’ето, а тоа разногласiе бркат на iеднодушно давлеiн’е на Портата.
Можит ли да се мислит, оти на конференциiата ке имат по големо iедногласiе, от тоа шчо го видиме сега во постапоците на двете заинтересуани држаи? Сегашната конференциiа ке бидит сосем во Друзи условиiа от тиiе, во коiи работеше конференциiата пред последната рускотурцка воiна.
Сегашната конференциiа ке изиграет само во полза на малите држаици, шчо бараат на есап на македонците да си осноат и рашират праата на нивните народности. Ако iет така, а инак не можит ни да бидит, то ексик му и конференциiата!
Једно iет така, то немат смисл’а и по накашното сопротивуаiн’е. Знаете ли, шчо мисл’ат тиiе, шчо сет за по накашното сопротивуаiн’е? - Једно имаат надеж за набркуаiн’е на Силите; друго, се надеiат на конференциiа; и трек’о, кажуваат, ако не бидит ни iедното, ни другото, то ке напраат Турцко економцки да пропаднит со долгото содржуаiн’е на голема воiска. Једнаш се видит, оти двете првни надежи не ке бидат во наша полза. А трек’ото ушче по малу. Зошчо ке питате?
Европа имат интерес, да се сочуат Турцко, ето зашчо, ке му дават средства, за да се сочуат. А коi ке и плаiк’ат тиiе пари и процентите од ниф? - Пак ниiе. Но да предположиме оти турцкото економцко разоруаiн’е не ке се отразит на нас. Но не iет ли iасно, оти, ако Турцко ослабнит економцки ниiе к’е ослабниме во неколку пати поек’е? Не знаеме ли ниiе, оти сето време, до кога ке се продолжаат борбата со четите, турцкиiо аскер ке грабит, ке насилуат и ке праит секакви друзи пакости на населеiн’ето? Народо не ке можит да вршит своiата работа, а од друта страна ке трибит да ранит гладната турцка воiска и четите?
Борбата имат, не толку национален, колку религиозен характер. Како та iет опустошител’на, во неколку пати поеке од обичната воiна! Тоа опустошеiн’е имат смисл’а, ако се имат надеж на успеф. Сиiот надеж наш iет на европеiцко набркуаiн’е. Но iасно iет, оти такво набркуаiн’е немат да последуат. Ниiе мислиме, оти Европа ке се сожалит над мирното населеiн’е, и заради него ке се набркат во нашите работи. Но имено нашите есапи не даваат на европеiците возможност да се претечат на помок’ на мирното населеiн’е. Европеiците кажуваат, оти не можат да напраат нишчо, оти секоiа мера од Европа, комитето ке приимит за пооструаiн’е на негоата агитациiа.
Значит, до тогаi, до кога ке се продолжит движеiн’ето ниiе не можеме да очекуаме деiствително набркуаiн’е во нашите работи, и до тогаi нашиiот народ ке бидит принуден да трпит наi големи бесполезни и бессмислени нестреки.
Во таков случаi имат ли смисл’а по накашната борба? - По моето мнеiн’е немат. Ниiе немаме излишни народни сили, за да и принесеме на жртва за бугарцките, србцки и грцки интереси, оти сегашната борба iет само во туг’а полза. Нашите народни сили сет нужни и за културна борба.
Да допушчиме и противното, оти сегашната борба наi после ке принудит Европа да се набркат во турцките работи и да принудат Турцко да даит равноправност на македонцките народи. Дали ниiе македонците (словените) во таков случаi ке можеме да се поздраиме со успеф? Мисл’ам не. Равноправноста ке бидит за сите народи, па и за турците, грците и пр. и пр. Значит, нашата крв се проливала за праата на тиiа народности, коiи шчо, или си седеа мирно во време на борбата, или беа против нас. Малу iет тоа, шчо ниiе проливафме крвта на нашиiот народ за туг’ите, па и за интересите на нашите неприiатели, но со нашата крв и разореiн’е, к’е се восползуваат нашите неприiатели от слободните држаици за да продолжаваат со своiите религиозни и национални пропаганди, да не дел’ат на протиоположни и неприiател’цки лагери: срби, грци и бугари.
После борбата на боiното поле, ке настапит време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме возможност, да се ползуаме со плодоите на пролиiената крв и да преуспеваме културно, ниiе, и тогаi, како и сега, ке требит да помагаме во наша вреда, то србцките, то грцките, то бугарцките интереси.
При таква национална раздвоiеност, и при полното економцко разоруаiн’е беземислени к’е станат секакви конференции, набркуан’а и реформи, оти сите ке водат кон iеден дележ на Македониiа. По сите тиiа сообразуан’а, како и по полната убеденост во тоа, оти, не само бесполезно и невозможно iет по накашното успешно сопротивуаiае, iас мисл’ам, оти наш долг iет да замолиме македонцката интелигенциiа, коiа имат влиiаiн’е на сегашното движеiн’е, да обрнит своiот поглед на сериозноста на положеiн’ето, да измислит патот и сите стредства, колку се можит по скоро, за да се искажит полно доверiе кон постапоците на заинтересуаните Големи Сили во полза на македонците, и откако ке им даiит обек’аiн’е, да прекинит, по накашната борба, да и замолит да се помогнит, морално и материiално на постраданото населеiн’е да се попраит; да замолит, да се воведат сите предложени реформи и тиiа, коiи лгчо ке наiдат Силите за нужно, како раширеiн’е на израбогениiо проект; да се отстранат пропагандите и востаноит Охридската Архиепископиiа со црковносколиiцка автономиiа, амнистиiа на емигрантите и сите четници, признаiн’е на словените во Македониiа за одделна народност: македонци, и внесуаiн’е на тоа име во официалните книги и пр.
Со полното прекратуаiн’е на востаiн’ето, ке се устаноат мег’у нас и турците односи, коiи одговараат на интересите и наши, и нивни. Тогаi ке се имат возможност да се видит, оти нашите интереси со нивните така сет сплетени, шчо, со загубуаiн’ето на iедните, губат и друзите, а сета полза извлекуваат од нашето неприiател’ствуаiн’е треки, ке се речит, малите балканцки држаи. Тоа се видит особено iасно од возможнните последици на востааiн’ето, коiи за наша и турцка стрек’а не последуваа. Зборот ми iет за делеiн’ето на Македониiа мег’у малите балканцки држаици.Востааiн’ето се дигна и разори, и нас, и турцката држаа. Вредата од него, и за нас, и за Турциiа iет громадна, но па по мала отколку, шчо можеше да бидит. Стрек’а и за нас и за Турциiа iет, шчо мег’у Бугариiа и Србиiа немаше никакво согласуаiн’е по македонцкото прашаiн’е. А такво согласуаiн’е немаше, зашчо Бугариiа мислеше да присоiединит до себе цела Македониiа сама без помок’ на друзите саседни и големите држаи. Бугариiа се излажа во расчето. Во тоа се состоит нашата и стрек’ата на Турцко. Бугариiа до сегашното востааiн’е немаше политички опит за решеiн’ето на македонцкото прашаiн’е, ето зашчо, сите маневри да се решит оно излегоа iалови. Бугариiа до сега не знаiеше, оти решеiн’ето на македонцкото прашаiн’е не iет искл’учител’но во Софиiа, ами колку во Софиiа, толку и во Белград, т.е. во согласуаiн’ето мег’у Софиiа и Белград. Тоа согласуаiн’е до сега се броiеше за државна измена, но от сега, от како си испитаа бугарцките дипломати сето безсилиiе, и при наi големите своiи усилиiа сами да решат македонцкото прашаiн’е, ке се наiдит цел ред бугарцки дипломати, коiи ке погледат на тоа согласуаiн’е, како на неизбежно зло. Сегашниiот политичен опит да беше бил у бугарите по напред, ке се пристапеше, прво до раздел’уаiкето на сферите на влиiаiн’ето во Македониiа мег’у срби и бугари, а после во време на востааiн’ето, србцките и бугарцките воiски ке навлезеа во Македониiа. Таков ке бидеше излезот на востааiн’ето при по голем опит мег’у бугарцките дипломати. За наша стрек’а, тоа патниiе се избаифме од дележот на таткоината ни и Турцко от загубуаiн’ето на iедна од прекрасните своiи провинциiи.
Востааiн’ето не донесе делеiн’ето на Македониiа: тоа iет положител’ниiот резултат од него. На тоа делеiн’е, стрек’но iет избегнато само от случаiната неопитност на нашите неприiатели. Делеiн’ето ни грозит ушче поеке вo идно време от по големата опитност на нашите неприiатели: Бугариiа можит да закл’учит со Србиiа догоор за разделеiн’е сферите на влиiаiн’ето во Македониiа. Такво разделеiн’е на сфери на влиiаiн’ето неминуемо ке донесит дележ на Македониiа, ето зашчо, iеден од наi главните долгои на македонцката интелегенциiа iет, да се отстранат еднаш на секога од Македониiа бугарцката и србцка пропаганда, да се оснуатво Македониiа своi дуовен центр за македонците и тоi центр, како и самите македонци, да немаат никакво зимаiн’е дааiн’е со соседните балканцки држаи и народи. Во таiа мера се состоiит предотврак’аiн’ето на дележот на Македониiа и сочувуаiн’ето на таiа провинциiа за Турцко. От тука iет iасно, оти арно сознаiаните интереси на турците и македонците им диктуваат, не да трошат нивните сили во мег’уусобна борба во полза на обшчите нивни неприiатели, ами да си подадат iеден на друг рака, и да отстранат сите фактори, шчо бркаат на нивните приiател’цки односи и обшчи интереси.
Со прекратеiн’ето на востааiн’ето ке зафатит во Македониiа мирна културна работа. Она ке требит од нас устаноуаiн’е арни односи кон сите народности, шчо насел’аваат Македониiа. Нашата интелигенциiа до сега не можа да устаноит наi желател’ните односи мег’у нас и друзите македонцки народности. Тоа отчасти не зависеше од неiа. Така, односите на нашиiот народ кон турците и мусул’маните у опшче поеке iет заисел от последните, отколку од нас: ако мусул’маните гледаа на рисiаните, како на л’уг’е рамни ним, то немат сомнеiн’е, оти не само ке бидеа наi арни односите мег’у рисiани и мусул’мани, ами можит, и да немаше востааiн’е. За сожал’уаiн’е, мусул’маните и до последно време не можаа да се ослободат от своiо стар предрасудок, да гледаат на рисiаните, како на по долна раса од ниф. Ќе се надеiаме, оти турцкото праителство и турцката интелигенциiа ке се уверат во сета вреда, шчо причинуат подобен предрасудок и ке се постараат да го искоренат, и со тоа ке попраат односите мег’у рисiаните и мусул’маните.
Добрите односи мег’у грците и нас македонците (словените) пак поеке зависат от првите, от колку од нас. За да се попраат тиiе, грците ке требит да се откажат от своiата „мегали идеiа” и да признаат праото на сашчествуаiн’е и на македонцката народност редом со грцката во Македониiа. Особено патриархиiата, како устаноа вселенцка, требит да престанит да посталуат, како устаноа со грцки характер. Она требит свето да чуат праата на сите рисiани, а не да пожртвуат праата на iедни во полза на друзите. Особено iет нужно, патриархиiата свето да чуат праото на националното сашчествуаiн’е на сета своiа паства. Тогаi ке се избегнит конфликтот мег’у грците и македонците, оти последните не бараат, тиiе, шчо зборуваат грцки, да имаат во своите цркви старомакедонцки iазик, а во сколиiите сегашниiот македонцки iазик, ами тоа се барат само за тиiе, шчо зборуваат македонцки. Ако пак патриархиiата продолжит преследуаiн’ето на македонцкиiот iазик мег’у македонците, и место него пропагандират грцкиiо iазик, со тоа ке натерат македонците да гледаат на неiа, како на орадиiе на грцката национална пропаганда. Во таков случаi, и грците и патриархиiата ке ни се обiаат за неприiатели на нашата народност, и наш свет долг ке ни бидит, да одбиеме сите грцки напади на нашата народност. За таiа борба мег’у рисiани ниiе свал’аме от себе одгоорност на грците и патриархиiата, оти ниiе во тоiа случаi не нападаме, ами се браниме от чузди покушеiн’а.
Наi арни можат и требит да ни бидат односите со власите. Нашите интереси никаде не се престрек’аат со влашките. Власите поеке живеiат во градоите, и сет трговци, а ниiе поеке сме во селата, и сме селцки стопани. Тиiе од власите, шчо живеiат во селата, се занимаваат со овчарство. Власите и нашиiо народ се разликуваат: по iазлк, носиiа, характер, така да никоi пат власите не можат да претендираат на нашите села, исто така, никоi пат ниiе не сме кажуале оти влашките села сет наши. Мег’у нас и власите немат никаква историiцка недоразбериiа. Власите никоi пат не сет имале, никаква власт. над нас, и никоi пат не ни се сториле никаква пакост, Исто така и они немаат нишчо патено од нас. На опаку, ушче от стредните векои мег’у нас и власите iет имало секоi пат согласiе. На таква почва можит да.се развиiит наi срдечна дружба мег’у нас и власите. Таiа дружба требит да пушчит глабоки корени мег’у двата братцки народи, за да им даит возможност, рака за рака да врват по тешкиiо пат на културниот прогрес.
Једно се устаноат праилни односи мег’у нас и друзите: рисiанцки и мусул’манцки народности, iедно се признаiит нашата народност од праител’етвото на Н. Ц. В. Султано, се внесит во нофузите името македонец, се напраат првите постапоци за нашето национално и религиозно ослободуаiн’е от пропагандите и се воведат политичните преобразуан’iа, предвидени от реформаторцките сили; iедно се приiимат мери за економцкото попрауаiн’е на нашите селцки стопани, па и до воведуаiн’ето на сите тиiе подобруаiн’а во нашето националнорелигиозно и економцко жиуаiн’е, ниiе- македонцката интелетенциiа ке требит да напраиме ушче iедно, а то ке бидит и.наi важното: да приложиме сите своiи физически, интелектуални и морални сили на нашето национално возродуаiн’е.
Последното востааiн’е ни покажа, оти тоiа пат, по коi шчо одефме, сега iет погрешен и опасен. Тоi требаше много жртви, а дааше малу полза. Револ’уциiата не компрометира пред нашето праител’ство и не не исстаи во добра боiа пред европеiцкиiот свет. Но во се тоа ниiе сме малу криви. Од iеднастрана не поддупуваа кон востааiн’е; од друга - ниiе сме млад народ и се увлечефме со iедна нездрела предприiимачка. Како младите л’уг’е, кои предпочитаат во работеiн’ето скокои, на место постепено, но постоiано работеiн’е во iеден исти праец, и младите народи предпочитаваат скокоите пред постоiаната упорна работа во iеден исти праец. До сегашното наше работеiн’е, особено востаiн’ето беше неомислена младенческа работа, но они ни се опростуваат, iедно, зашчо до сега ниiе бефме млад народ, коi шчо одваi се проникнуат со своiето национално самосознаiн’е, а друго, зашчо до сега, не живеiки како оддел’на национално-религиозна iеденица, се наог’афме под влиiаiн’ето на разни национални и религиозни пропаганди. Но тоа шчо ни се прошчааше до сега, не можит да ни се опростит за од напред.
Сега ниiе не можиме поеке да гледаме на себе и своiо народ, како на iеден младенчески народ, без политичен опит. Ниiе поминафме во своiето историiцко развиiаiн’е веке важни стадиiи, коiи можит да состаат епоха во историiата на коi и да бидит народ. А ноата епоха налагат на нас ноа требност, - културно работеiн’е.
До сега работеше народот со интелегенциiа задружно, но работеiн’ето беше распределено не iеднакво: народотсе iавуаше исполнуач на планоите на интелегенциiата, кога последната не праеше нишчо поеке от состауаiн’е планои или организуаiн’е на реовл’уционо движеiн’е. Организаторцката работа iет пак работа, но не можит да се речит да iет од тешките. Подготвуаiн’ето за револ’уциiа iет работа, коiа, можит, требит нервно работеiн’е, но тоа работеiн’е не iет толку мачно и толку ценено, колку се мисл’ат револ’уционерите- младата наша интелегенциiа. Подготвуаiн’ето на iедно востааiн’е се продолжаат 5-10 години и после сите забркани во него, или умираат, или пак, ако остацат живи, требит да останат без нишчо, и да си изберат некоiа друга работа, коiа ке требит да зафатат од ноо, и за коiа, можит, и не сет сосим приготвени. Организаторцката работа не iет толку мачна и за тоа, шчо, обично, ортанизаторите често, мислеiки, оти нивниiот жиот iет по важен од жиотот на сел’аните, подстауат на наi мачните работи простите работници, или народот. За тоа организаторцката работа од iедна страна iет работа за iеден чоек, шчо предпочитат временото напрегуаiн’е на силите пред постоiаниот упорен и мачен труд, од друга страна, она iет и безнравствена, зашчо, при неа, не чоек се жртвуат во полза на обшчеството, на народот своi, или на чоешчината, а со народот праит опити за своiите фанастични планои македонцка интелегенциiо! Време iет да се помисли, да iет грешно да се праит опит со туг’и чоешки жиоти за нашите фантастични планои.
Но со тоа iас не сакам да кажам ниiе да престаниме да идеализираме и да живеiеме со народни идеали. Не! Ниiе не можиме да живуаме без идеали: само нашите идеали от сега ке требит да бидат по чисти от понапредните. От сега ниiе ке требит со нашата патриотична работа да искупиме нашите греои пред нашиiо народ. От сега ниiе ке требит да се жртвуаме за негоите интереси и со тоа да му отплатиме за негоата вера во нас и за негоото послушно и точно иеполнуан’е планоите на организациiата. Како можит нашата интелегенциiа да се одолжит пред нашиiо народ за дадените од него жртви? На тоа прашаiн’е iас одгоориф, кога зборуаф по горе за борбата со пропагандите и за постааiн’е на нашиiо народ во добри односи кон сите македонцки народности. Но главно, како шчо напомниф пак по горе, ке се поможит на нашиiот народ со културно работаiн’е, а наi поеке со просветуаiн’ето.
Науката и литературата сет наi важниiот фактор во развиiаiн’ето на iеден народ, како народ, По степента на развиiаiн’ето на науката и литературата у iедан народ се мерит негоата култура и по ниф се дел’ат народите: на културни и не културни; културните народи владеiат, а не културните робуваат. Само со знаiаiн’е и просветеiн’е, само со културна работа ке можит нашата интелегенциiа да попраит и искупит своiите грешки пред нашиiот народ.
Ке речат некоiи, оти културната работа iет возможна само кога имат политична слободиiа; без неiа она iет не вооможна. - Вистина во таiа забелешка имат iеден дел истина, но само iеден дел. Главното, условiе за културна работа не iет полната политична слободиiа, а моралната воспитаност на народот и негоата интелегенциiа, сознаiн’ето на нравствен долг пред народот у секоi член от тоiа народ. Полната политична слободиiа не чинит за нишчо, ако iеден чоек не сознаат, оти негоиiот чоечки долг, негоиiот долг пред своiата таткоина и своiот народ iет: труд, труд и пак труд. Слободиiата чинит само за ползуаiн’е од резултатите от своiот труд, но не толку за самиiот труд, А за да можит чоек да се ползуат од резултатите на своiот труд, требит прво да се потрудит. Да работит и да се трудит можит чоек и при по стеснени политични условиiа.
За да си очистиие совеста пред народот наш за дадените од него жртви, требит, значит, да се зафатиме за културна работа. А при тоа да цените своiето работеiн’е, не по надворешниiот негов вид, а по негоата ценост, а цената на трудот се мерит со потребните за него сили. Ако гледаме така на трудот, и ако искрено сакаме да се одолжиме пред нашиiот народ, то не ке се извинуаме да немат почва за културно работеiн’е. Почва за него имат, но немат сакаiн’е. При сакаiн’ето, ако не ке можиме да печатиме много работи на нашиiот iазик; то зато нашата интелегенциiа ке можит да послужит, како жива народна енциклопедиiа, во коiа ке се имаат точни и проверени сведеiн’а по сите оддели на науката и литературата.
Но точни и проверени сведеiн’а се добиiаат при многогодишно упорно работеiн’е, и то кога се работит со сознааiн’е, да се иополнуат со работеiн’ето долгот кон таткоината и своiот народ. А таквоа многогодишно упорно работеiн’е iет по полезно, по мачно и по нравствено од револ’уционото. Оно iет исто разумно. Ползата за народот од научното работеiн’е на на шата интелегенциiа, ке се видит от тоа, шчо нашиiот народ сам со своiи очи ке можит да погледат на себе и на друзите народи, ке изучит своiите и туг’ите достоiинства и недостатоци. Једен просветен народ можит да се срамнит со iеден умен чоек; за тоа, наш долг iет, да приложиме сите своiи сили, со своiето работеiн’е да просветиме нашиiот народ.
Културното работеiн’е iет по мачно од револ’уционото, зашчо првото iет умствено, а второто поеке физическо. За ил’устрациiа земете изучааiн’ето на класическите и нои iазици и кореспонденциiата на комитетот или распределеiн’ето на четите. Револ’уционата деiател’ност iет времена и разрушаiушча, а не вечна, созидаiушча. А културниiот чоек, за да имат прао да се наричат таков, требит да созидат, а не да рушит. За да бидит здаiн’ето здрао, требит да му бидит темел’от убав. За тоа чоек не требит, само за олеснуаiн’е на своiата работа, отрицател’но да се однесуат кон много науки мачни, како старите iазици, но шчо состауваат осноаiн’ето на много положител’ни сведеiн’а и науки. Цел’ата да се добиiат положител’ни сведеiн’а от сите оддели на науката, не само за нас лично, а како членои народни, ке требит да застаит секого од нас да посветит сите своiи сили, сето своiе слободно време за изучуаiн’е на сите тиiа науки, шчо сет наi нужни за нашиiот народ и шчо требат наi много работа, зашчо за по лесните секоi пат ке се наiдат доста охотници. Ниiе, ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиiот народ и пред себе, требит да зимаме на себе, за да му поможиме, и наi мачните научни работи, а не да се изгооруаме, избираiки наi лесното, да немаме способности или призваiн’е за тиiа науки, шчо требаат наi много труд и сакаiн’е да се работит. Културното работеiн’е iет по нравствено од револ’уционото, зашчо со првото интелегенциiата се чинит истинцки слуга на своiот народ, а со револ’уциiата она се обрнуат во немимлосрден експериментатор.
Наi после културното работеiн’е iет разумно. Интелегенциiата со него разiасиуат наi важните за себе и за народот прашаiн’а. А наi важни сет тиiа прашаiн’а, шчо сет врзани со народното самосознааiн’е.
Во последно време ниiе истапифме со бараiн’е политична слободиiа, без да се запитаме, али сме ниiе дозрели до неiа, и али сега тоа ни iет наiнужното? Нашите последни бараiн’а до колку сет праилни, или не, не земам да решаам. За мене iет по важно прашаiн’ето за нашето национално-религиозно и економцко возродуаiн’е; а тоа можит да станит само со изучааiн’ето на своiот народ, прво како одделна iединица, после во врска со друзите македонцки и балканцки народи, и наi после како член ,на словенцката фамилиiа народности. Такво изучааiн’е ке внесит разумност во нашите односи кон сите упоменати народи.
Ето приближно какво можит да бидит наi главното работен’е на македонцката интелегенциiа за дасе попраат сите грешки напраени со последното востааiн’е. И така работеiн’ето наше ке требит да бидит на почва на народното просветеiн’е: мирно, легално, евол’уциiно; оно ке имат за цел’а, интелегенциiата да бидит истинцка служанка на народот, а не на опаку. Но за да бидит таiа служба благодатна, нам ке ни требит да создадиме народни служители, народна интелегенциiа, коiа ке си посветит сите своiи сили на народното благо. Ни требит интелегенциiа со iасно сознааiн’е на моралниiот долг на чоека пред негоата таткоина и негоiот народ. Ни требит интелегенгциiа морално и умствено совршена.
Сегашната наша интелегенциiа требит да посветит сето своiо работеiн’е над моралното и умствено усовршуаiн’е на своiот народ и создааiн’е на iедна идеална македонцка интелегенциiа. Ако тоiа долг се сознаит, ако обiединуаiн’ето на нашата интелегенциiа со бугарцко, србцко и грцко образуаiн’е се достигнит, ако се парализуат работеiн’ето на пропагандите и се успеит, тиiа сосим да се отстранат од Македониiа, ако се устаноат добри односи кон сите македонцки народности и се подобрит политичното и материiалното состоiаiн’е на македонците, то, при сите дадени жртви, ке можиме краi другото да бидиме доолни од iедно: востааiн’ето ни отвори очите на грешниiот пат, по коi до сега врвифме, по коi ке врвифме и за однапред, и без востааiн’ето сами ке подготвифме почва за дележ; оно ни отвори очите на много наши нужди, коiи шчо и не и предполагафме по напред.
Даi, Боже, сегашното востааiн’е да ни послужит како iеден урок на нашиiот народ; урок за сите нас македонците, без разлика каде сме се образуале и како сме се до сега викале. Даi, Боже, сега пролиената крв да послужит како завет мег’у живите, коiи сет должни пред таiа крв да се заколнат за iедна обшча културна работа, на полза и стрек’а на нашата обшча много патена таткоина - Македониiа.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА ФОРМИРААТ СВОЕ ЗДРУЖЕНИЕ
Читај
ПРАТЕНИКОТ СТЕРЈОВСКИ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ОПШТИНА ПУСТЕЦ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting