Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став
ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ
АТАНАС ВЕЛИЧКОВ


На 11 октомври Р. Македонија го слави почетокот на отпорот спрема бугарските окупаторски трупи во Македонија. О, се извинувам окупаторски ли ги нареков, каква голема грешка, тие трупи биле ослободителни. Така велат нашите мили браќа Бугари, тие многу поубаво од мене ја познават историјата и затоа јас нема да се бунам ако за нив нешто што е бело е црно како ноќ. За нашите соседи 11 октомври е многу болен датум и тука не ги сметам само Бугарите, тоа е денот во кој ние покажавме дека никој не може да не понижува и уништува. На 11 октомври Македонија надигна глава, против своите ослободители... Инспирирани изгледа од другарот Тито, “македонските Бугари” многу брзо заборавија дека се дел од Светата троица на големобугарскиот националшовинизам- Мизија, Тракија, Македонија и дека се “елитата” на бугарската нација. Да, луѓето кои се чуствуваат Бугари а се од македонско потекло се сметаат себе си за елитата на бугарската нација... Тоа е исто како синдромот “поголем католик од папата”, но тоа е веќе еден друг проблем од кој патат единките кои подведени од бугарската пропаганда и дарежлива асимилаторска политика, која ќе ги користи се додека има интерес од нив. Многу интересно, како е можно една политичка сила, тогаш во илегала и еден бравар, каков што по професија или занает бил маршалот Тито да ги натераат Македонците да се надигнат против нивните браќа од Исток.

Тито изгледа е бил многу харизматска личност. Друг многу интересен факт, поголемиот дел од водачите на Македонскиот народ во тој период после доаѓањето на Тито на власт се биле ликвидирани. Не биле послушни... Воделе своја политика, која не одговарала на ниту еден од нашите соседи, по се изгледа дека тоа е била причината Македонија да остане без Ченто, Брашнаров, Шатев. Лесно е да ги определиме како Бугари, не оделе по свирката на другарот Тито, а според некоја логика ако не си србин си бугарин... Црна судбина за секој Македонец, да биде се друго но не и тоа што е во суштина. Време е тоа да се промени...

Време е Македонецот да докаже пред Светот дека му дојде крајот на кроењето на планови за тоа како да ја искористиме Македонија, која се појави на Балканот како гноен чир, кој чат-пат им ги солзи очите од болка на националистичките кругови во Бугарија, Србија и Грција. Време е Македонецот гордо да зачекори по својот пат... Замислете имаме задача да се зачуваме а упорно одиме кон огнот кој може да не уништи. Тоа само ние го можеме. Само ние се делиме на триста групички кои по својата бројност асоцираат со црните тројки на Михајлов и си мислиме дека сите спијат а ние сме сами па дај сега да си поделиме по некоја функција, на некој состанок на некое место во некое време. Така не се работи... Но јас сум, како да кажам, уште многу зелен и несмеам да давам определби и да делам совети. Не делам совети, само сакам на сите да им стане кристално јасно дека ако сакаме да постигнеме нешто, треба активност. Треба прави луѓе да застанат на правите места и да работат. На времето се креваа востанија...

Денеска сме XXI век и едноставно е пројава на лош вкус да повикуваш некој да се фати за пушката... Ако си маж поведи го не го повикувај, дај му пример. Денес мои браќа и сестри, треба само да не им се дадеме на “добрите намери” на “браќата” со кои не надари судбината од сите страни. Вапцаров велеше вака: Борбата е безмилосно жестока... Но денеска не е времето на Вапцаров и покрај тоа што тркалото на историјата се врти... И покрај тоа што веќе непокорните не ги стрелаат, се уште некој нас не не признава како фактор, како нешто што е реално. Ако треба некој да биде растрелан па да се разбудиме, кажете еве јас ќе се пријавам. Неможам да ви кажам како да си ги воспитате како патриоти децата, бидејќи немам деца. Неможам да ви дадам некој совет бидејќи не сум доволно едуциран за тоа... Кажете ми што да правам. Ќе се пријавам да бидам растрелан за Македонија, ама се сомневам дека некој ќе ми ја исполни таа желба... Така ќе го сврти вниманието кон нас, кон Македонците, тие кои не постојат, тие кои се духови. Духови кои креваат востанија, кои печатаат весници и списанија, духови кои ја кажуваат вистината за Македонија. Македонија која била идеал за некои и Македонија која е чир и непријатна ситница за нивните негатори. За крај, што да Ви кажам. Нека продолжи да живее во нас непокорот и нека не се плашиме да ги истакнеме нашите факти за тоа кои сме што сме и зошто сме дојдени... Некои дојдоа за да останат во историјата, а други... Тие чисто онака им помагаа на тие што останаа за секогаш пред Олтарот на Македонија... Имаше и има се разбира и предавници, ама тие ги има насекаде и не планирам уште повеќе да им давам публицитет. Се прашувам дали ние Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, ќе најдеме сили за нашиот 11 октомври. Ден по кој сите ќе научат дека има едни луѓе, кои не се впишуваат во политиката на една држава член на Европската Унија и НАТО. Револуција не се крева само со оружие во рака... На нас ни е потребна една револуција, која да ни смени сервилното однесување и да бидеме свои на своето. Тоа ќе биде многу потешко од тоа да се фатевме за пушките, и реализирањето на таа револуција ќе биде еден добар почеток, еден добар 11 октомври. Нека ни е честит 11 октомври денот на Македонскиот непокор а не на разликите.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting