Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Од историјата на пиринскиот дел на Македонија
БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА
Д-р Васил Јотевски


При една таква состојба на антијугословенска и антимакедонска кампања што ја презела НР Бугарија, партиското и државното раководство на НР Македонија презело дејства да ја запознаат македонската јавност со пропагандните активности на НР Бугарија. Имено, во рефератот што го поднел Крсте Црвенковски на V конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија, што се одржал од 18 до 20 ноември 1968 година, меѓу другото, тој ќе истакне: „Во Бугарија, особено во последната година, сведоци сме на една нечуена антијугословенска и антимакедонска националистичка кампања. Таа се манифестира пред s# низ негирањето на нашата национална македонска самостојност, низ присвојувањето на нашата севкупна историја, низ директните агресивни потцртувања на наводно бугарскиот карактер на Македонија, низ цврстата политика на асимилација на Македонците во Пиринска Македонија.
За да се надмине таквата состојба во меѓусебните односи на СФР Југославија и НР Бугарија, во ноември 1970 година К. Црвенковски ја посетил НР Бугарија. Меѓутоа, посетата не ги дала очекуваните резултати.
Таквата состојба на тивка пропагандна војна ќе се одржува до 1978 година, кога повторно Тодор Живков, кој и покрај тоа што бил запознаен со иницијативата и предадените три документи: Свечена изјава на Сојузниот извршен совет во Собранието на СФРЈ за бугарската народност во СФРЈ, Заедничка изјава и Свечена изјава за почитување на териториалниот интегритет и неповредливоста на границите, што ги понудила СФРЈ уште во 1967 година со кои, меѓу другото, се предлагало да се задржат принципите на доследно почитување на сувереноста, територијалниот интегритет и немешањето во работите на други држави и со кои сепак се утврдува согласноста на двете држави за заштита на бугарското малцинство во СФРЈ и на македонското во НР Бугарија, на митингот од 15 јуни истата година, во Благоевград ќе истакне:
„Длабоко сме уверени дека изострувањето и истакнувањето на преден план на таканаречените отворени прашања (во нив Т. Живков ги сместил барањата за враќање на националните права на Македонците од пиринскиот крај, аналогно на националните права на бугарското малцинство во СФРЈ, В.Ј.), издигањето на нивното решавање како предуслов за соработка, обидите истите да се наложат од другата страна (се мисли на СФРЈ, В.Ј.), сето тоа е погрешен, неплоден и неперспективен потфат“. Истовремено тој ќе истакне дека ја изразува својата готовност за развивање на добрососедските односи меѓу СФР Југославија и НР Бугарија меѓутоа „го подвлекувам и нашето категорично ’не’ на обидите да се злоупотребува нашата политика и конструктивност, да се доведува во заблуда светското општествено мислење или да се допушти мешање на кого било во нашите внатрешни работи.“ За Т. Живков решавањето на националните права и слободи на Македонците во пиринскиот крај, на начин како што беа и се решени националните права и слободи на Бугарите во СФР Југославија, немало никаква перспектива, дури се истакнува дека тоа преставувало „мешање во внатрешните работи на Бугарија.“
Тодор Живков не сакал да разбере дека НР Бугарија имала обврска преку својот Устав и со законски одредби да ги признае националните права на малцинствата. Таквиот негов личен став, спротивно на меѓународните принципи, бил наметнат и прифатен и од страна на владејачката структура во НР Бугарија. Т. Живков бил само еден од повеќето што ја користеле политичката моќ за тесно националистички и тесно партиски цели. Таквата негова активност била надвор од сите дотогаш зацртани меѓународни принципи за правата на малцинствата. Но тоа само ја покажува немоќта на меѓународната заедница да преземе и да поправи барем нешто во тој контекст. Впрочем, и денес сме сведоци на такви активности што се преземаат против Македонците во пиринскиот крај.
10. Појавата и дејноста на Независната македонска организација „Илинден“

Начинот на кој Македонците од пиринскиот дел на Македонија и не само од таму биле избришани при пописот од 1965 година, продолжуването со употребата на старите и со примена на новите средства и методи за денационализација и асимилација од страна на бугарската држава врз сопствените граѓани, кои по своето етничко потекло и самоопределба не биле Бугари, наметнатото политичко решение од страна на бугарското политичко раководство за македонското национално прашање и неговото прифаќање од страна на бугарската историска наука, изразена преку „Историско-политичката информација“ на БАН, како и меѓународната состојба по настаните во Чехословачка, придонеле поединичниот и неорганизиран отпор на Македонците во пиринскиот крај да израсне во форма на организиран.
На 15 април 1968 година во Петрич биле ставени темелите на Независната македонска организација „Илинден“. Првите членови и основоположници на организацијата се: Сократ Маркилов, Пандо Илиев, Ѓорги Алексов Дунгалов, Илија Кочев, Алексо Иванов, Тодор Цаканделов, Иван Тимчев, Јордан Гошев и Иван Немчев. Нешто подоцна, во организацијата влегол и долгогодишниот затвореник, борец за националните права на Македонците во пиринскиот крај, Стојан Георгиев - Томовичин.
Истите лица го претставувале и раководството на Организацијата. Набрзо таа броела над 20 души. За зачувување на конспирацијата, организациската поставеност се темелела така што секој од членовите на раководството имал формирано своја група, а членовите на групата ги знаел само нејзиниот раководител, додека членовите меѓусебе не се познавале. На тој начин зачленувањето во Организацијата го вршеле раководителите на групите. Според евиденцијата што ја водел Сократ Маркилов, во периодот од 1968 до нејзиното откривање при крајот на 1973 година, во Организацијата членувале меѓу 200 и 300 лица од целиот пирински крај. А според нотесот во кој ги запишувал, нивниот број изнесувал 134 души.
Според сеќавањата на Сократ Маркилов, Ор-ганизацијата имала печат, а него го изработиле Иван Немчев и Кољо. Статутот и програмата ги подготвиле Иван Тимчев и Стојан Георгиев.
Покрај усната пропаганда за будење на македонската национална свест и самосознание кај Македонците во пиринскиот крај, организираните членови на Независната македонска организација „Илинден“ печателе и распространувале материали со најразлична содржина. Биле печатени и распространувани карти на Македонија во нејзините природни географски и етнички граници, фотографии на македонски револуционери од периодот пред и по Илинденското востание од 1903 година, апели до населението во кои го повикувале на борба за своите национални права и слобода, материјали во кои се опишувала тешката материјална и духовна положба на Македонците во пиринскиот крај и друго. Печатените материјали биле распространувани низ сите населени места во пиринскиот крај, како и во поголемите градски центри во Бугарија. Истите биле доставувани до Собранието и Владата на НР Бугарија, до Централниот комитет на КП на Бугарија, како и до дипломатските и конзуларните претставништва на државите од Европа, Америка и другиот свет, акредитирани во НР Бугарија.
Силниот заман на активностите, самозадоволството од постигнатото што се појавило кај некои од раководителите, како и некритичкиот однос при приемот на нови членови во редовите на Организацијата, биле основните причини што довеле до нејзиното откривање и до апсење на нејзините најактивни членови и раководители. Провалата на Организацијата и апсењата настанале кон крајот на октомври и во почетокот на ноември 1973 година.
Во ист ден, на 5 ноември 1973 година, во Петрич, Софија и Разлог биле уапсени Сократ Маркилов, Пандо Илиев и Стојан Георгиев - Томовичин. Нешто подоцна биле уапсени: Илија Кочев, Тодор Цаканделов, Ѓорги Дунгалов, Иван Тимчев и многу други. Во истражната постапка биле покренати обвиненијата против осум души.
Според сите досегашни сознанија, употребата на средновековните инквизициски методи на мачења што биле применувани за време на истражната постапка на полицијата, претставувала најстрашниот период за уапсените. Истражната постапка против Сократ Маркилов се водела во Благоевград, а потоа продолжила во Софија и во затворот кај Белене на островот Персин на Дунав. За него С. Маркилов си споменува:
„Јас не сум ни сонувал каде е Белене. И таму гнасотии што сум гледал не се за споменување, а не за говорење. Жив човек сум гледал како го закопуваат во калта зимно време. Студ, студ. Со лисја да се покриваш и да спиеш надвор. Таму затворениците што се во затворот се привилегирани. Од таму нема каде да се бега. Едно момче се обиде, го убија. Кој што сака може да направи со тебе, дури и самите затвореници меѓу себе се тероризираат.“
Илија Кочев, за истражната постапка што се водела во Петрич, си споменува: „Началникот Михалчев ми се обрати со зборовите ’Вашата глава Илија е полна со кал и тиња, знаете ли дека секој што сака да касне парче месо од Бугарија му се зема дел од телото или животот’.
И навистина, едно парче од неговото тело му било земено при испитувањето во Софија. При секое поставено прашање од страна на истражниот судија Димитар Сошев, Кочев бил удиран со рачката од револверот по слепочницата, при што му истекло левото око. Ништо полесно не поминале ниту другите уапсени членови на Организацијата.
По завршувањето на истражната постапка, за 4 јуни 1974 година бил закажан судскиот процес, којшто требало да се одржи во Софија. Меѓутоа, плашејќи се од меѓународната јавност, бугарските судски органи решиле судскиот процес да се одржи во Благоевград. Но не во градот. Процесот бил организиран и се одржал во просториите на една од салите на Трудовокооперативното земјоделско стопанство (ТКЗС), односно во Машинско-тракторската станција (МТС). Самиот судски процес бил затворен за јавноста. Присуство на судењето им било дозволено само на мал број најблиски роднини. Сите членови на Независната македонска организација „Илинден“ биле обвинети по член 109, ал. 1 и по член 108 и член 20, ал. 2 и член 54 од Кривичниот закон, за ширење на клеветничка пропаганда и за загрозување на безбедноста и териториалниот интегритет на НР Бугарија.
На ниту едно место и кај ниту еден од обвинетите не била прибележана неговата национална припадност. Во ниту еден документ од судскиот процес не било забележано дека обвинетите се организирале во организација преку чиј статут и програма се бореле за своите македонски национални и човечки права.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting