Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Срѓан Керим, првиот Македонец претседател на ООН
МАКЕДОНСКИОТ ГЛАС СЕ ЧУ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ
(Преземено од МИМ)


Неговата слика веќе е на ѕидот на влезот во Салата за пленарни состаноци на Генералното собрание на Обединетите нации. Срѓан Керим, првиот Македонец-претседател на светското собрание, веќе ги пакува куферите за дома. Ударот со чеканот за крај на 62. сесија, според него, означи крај на една успешна сесија на најголемиот собир на нациите, а за својата лична успешност и ефикасност во изминатата една година мандат остава да зборуваат другите и историјата. Засега не размислува за кандидатура за претседател на Македонија, ќе размислува само ако некоја од политичките партии оцени дека тој е вистинскиот човек за тоа место и ако има конкретна иницијатива или предлог. На сработеното во изминатите дванаесет месеци гледа и како на голем капитал за Македонија.

Во дел од земјите се закитивте со највисоки признанија и ордени. Колку, освен за лична сатисфакција, тие помагаат и за афирмација на Македонија?
- На сите средби неизбежна тема беше Македонија, што е и природно, зашто мене сите ме врзуваат со земјата од која доаѓам. Многу работи што не биле воопшто или биле малку познати или погрешно познати за нашата земја можеа да бидат објаснети. Македонија доби можност да се чуе нејзиниот глас во целиот свет. Таква можност ретко се пружа. И мислам дека беше максимално искористена од моја страна за афирмација на земјата.

Обврските на Срѓан Керим како претседател на ГС на ОН ги делеше еден меѓународен, мултинационален тим, составен од дипломати од повеќе земји, меѓу нив се разбира и од нашето МНР. Како функциониравте како тим?
- Ќе кажам три работи. Прво, имав безрезервна и многу јасно артикулирана поддршка од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и јавно сакам да му оддадам признание за тоа. Второ, македонскиот дел од тимот, амбасадорот Џундев и другите тројца дипломати, Поповски, Џафери и Бајаџиева, професионално и со големо дипломатско чувство си ги извршуваа обврските. И трето, иако бевме тим составен од претставници на 20 земји, функциониравме хомогено и ефикасно.

Што му пренесовте како искуство на наследникот, дипломатот од Никарагва Мигел Джеското, на примопредавањето на должноста?
- Само две реченици. Дека најважно е да ги држи земјите активни и самиот да продуцира и да проектира динамика и дека со сите сили треба да се бори за да има консензус и да нема надгласување.

Каква ви беше соработката со генералниот секретар Бан Ки-мун?
- Тој даде на некој начин одговор на ова прашање во беседата што ја одржа на свеченоста по повод завршувањето на нашето претседавање со ГС на ОН. Мене ми беше голема чест и задоволство да соработувам со него. Иако припаѓаме на две сосема различни култури, географски оддалечени, бргу најдовме заеднички јазик. Многу помогна и тоа што имаше слух за важноста на Генералното собрание, а доказ за тоа е што прифати редовно да го брифира за своите активности.

Јасно е дека преговорите во спорот за името се водат под негово покровителство и вие тука немате директни надлежности, но можевте ли на каков било начин да придонесете да се дојде до брзо, праведно и фер решение?
- Во директна смисла сигурно не, а во индиректна да. Функцијата ми овозможуваше да разговарам со целиот свет. Ми овозможи и да сфатам една важна работа - има голема олеснителна околност за нас во тој процес, а тоа е дека не постои земја во светот што не мисли дека прашањето е излишно, дека не треба да ги засега ни ОН, ни НАТО ни ЕУ. И, што е уште поважно, сите сметаат дека Македонија како и секоја друга земја има право на своето име.

Имавте ли последици од тоа што во почетокот на Вашиот мандат го именувавте Бранко Црвенковски како претседател на Република Македонија? Наидовте на мошне остра грчка реакција.
- Најотворено ќе кажам: Грција имаше формално право да протестира. Затоа, нивната реакција не ми пречеше. Но, политички немаше право да реагира. Јас, кога ги мерев тие два аспекта, сепак проценив дека политичкиот заслужува поголема важност. Инаку, бев свесен дека Грција може и има право да бара претседателот на Генералното собрание, како и другите претставници на ОН, да се придржува до референцата по која сме примени. Мислам дека, сепак, Грција на некој начин сфати оти претседателот мора да го почитува достоинството на сите земји, се разбира и на својата. Потоа, во текот на целиот мој мандат, се однесуваше многу коректно и немав опструкции во работата од нивна страна.

Но, како дипломат, а пред се’ како Македонец, сигурно не Ви е сеедно кога гледате како тој спор ја оковува Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и кон НАТО. Кој е Вашиот личен став за спорот, како Срѓан Керим, не како довчерашен претседател на ГС на ОН?
- Тоа што се случи во Букурешт многу ме заболе зашто Македонија ги исполни сите критериуми според оценката на НАТО, а не според сопствена оценка. Името никогаш не било, ниту смее да биде критериум како другите, а никако не смее да испадне дека тој критериум е поважен од сите други. Затоа ветото ми предизвика болка и мачнина. Мислам дека токму поради тоа, НАТО и ЕУ треба да бидат подготвени да помогнат да се реши ова прашање, а не да го набљудуваат процесот од страна.

Има ли, според Вас, шанси за брзо решение?
- Ако се спушти малку топката на земја и ако разговараме отворено како соседи што сакаат да бидат пријатели, мислам дека ќе може да се најде решение, притоа, се разбира, водејќи сметка за достоинството на нашата земја и за идентитетот на нашиот народ. Ние би требало да водиме сметка за чувствителноста на Грција за ова прашање. Имајќи предвид дека сме сериозни партнери во многу сфери, во економијата, на пример, не гледам зошто не би биле партнери и во ЕУ и во НАТО.

Побогат сте за многу нови пријателства преку формалните и неформалните контакти, не само со познати светски лидери, туку и со многу други влијателни луѓе од светот. Колку можете да го претворите тоа во бенефит за Македонија?
- Две третини од луѓето со кои се сретнав, а беа можеби 2.000 средби, изразија љубопитност да дојдат и да ја видат Македонија. Од Зубин Мехта до Дени Гловер, да не зборувам за претседателите и премиерите. Ништо друго да немаме како придобивка, само ова да се реализира - е голем успех. Мислам и дека со начинот на кој беше водено Генералното собрание Македонија се стекна со добар имиџ, кој сега треба да се валоризира. Во една позитивна смисла, многу земји ги задолживме и сега чувствуваат потреба да ни се оддолжат на некој начин. Тоа треба да се искористи, но не во вулгарна смисла на зборот.

За време на претседавањето со ОН бевте посветен на тој предизвик, па јавноста не доби дециден одговор за Вашите амбиции. Планирате ли да се кандидирате за претседател на Република Македонија?
- Моето размислување веќе го соопштив во други пригоди, кога ми беше поставувано ова или слични прашања. Би сакал да повторам. Јас сум човек што на извршувањето одговорни јавни функции, било да е претседател на ГС на ОН, било да е амбасадор, министер или претседател на држава, гледам низ призмата на одговорност, а не на лични амбиции и желби. Важна е подготвеноста да се носи една таква одговорност. Немам приод да размислувам дали јас би сакал, туку сметам дека политичките партии треба да се определат кого ќе кандидираат. Ако има согледување дека можам добро и квалитетно да ја извршам таа одговорна функција, ако се појави иницијатива или предлог, дури тогаш ќе почнам да размислувам на таа тема. Нормално, ќе го имам предвид и расположението на граѓаните и нивниот став за мене ќе има важна улога при носењето на одлуката. Не кокетирам со партиите

Сте имале контакти со некоја од политичките партии на тема претседателски избори?
- Не сум имал контакти, ниту сум кокетирал за оваа идеја за да биде сфатено дека трчате пред некои луѓе за да ве видат дека сте тука и да ги потсетите на вас. Јас не сум таков човек, а не ми прилега ниту на годините. Кога завршив со функцијата министер, најголема сатисфакција ми беше што кога се шетав низ скопските улици, сам или со пријатели, не видов ниту еден непријателски поглед, забелешка или провокација, напротив луѓето ми приоѓаа со убави чувства. Кога прифаќам одговорни функции, најважно ми е луѓето да бидат задоволни.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
КОИ СЕ ПОГОЛЕМИ КРЕТЕНИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ИЛИ ИСТОРИЧАРИТЕ?
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО 1900: НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА ТУЃА ПОМОШ, ДА НЕ ЧЕКАМЕ ПОМОШ ОД БУГАРИЈА
Читај
АТАНАС ШОПОВ ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО В МАКЕДОНИЯ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting