Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Францускиот државен секретар за евроинтеграција за спорот за името и евроинтеграциите
ДВА ОДВОЕНИ ПРОЦЕСА
(По МИМ)


СПОРОТ со Грција околу името и процесот на европска интеграција на Македонија се два одвоени процеси, порача на 24 септември о. г. Жан Пјер Жује, францускиот државен секретар за европски прашања:

- Треба да се направи разлика помеѓу про-должувањето на ре-формскиот процес, ва-жно е тој да продолжи во делот на судството, ин-вестициската клима, се што се однесува на по-лициската реформа, бор-бата против корупцијата, сето тоа треба да биде сторено. А од друга страна, како што добро знаете, е спорот со името. Но не треба да се мисли дека се е поврзано со спорот околу името. Тој спор е проблем помеѓу вас и Грција. До-дека се друго е проблем кој зависи од властите и за што француското прет-седателство го чека извештајот на Европската Комисија на почетокот од ноември 2008 г.
Жан Пјер Жује по средбата со вице-премиерот Боцевски во Брисел истакна дека ЕУ очекува сега резултати и не може да каже дали Македонија ќе добие препорака за старт на преговори оваа година се додека не се види извештајот на Европската Комисија во ноември.
- Ние зависиме од извештајот на Европската Комисија, што значи ќе видиме каква ќе биде состојбата во него, и ќе ги следиме сосема објек-тивно препораките на Комисијата – вели Жује. - РМ три години е кандидат за членство во ЕУ. Три години процесот тапка во место. Оваа ситуација е неодржлива. РМ мора да продолжи жестоко кон Унијата. Ја имаме поддршката на нашите соузници и пријатели. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да пристапиме кон овој процес - рече Ивица Боцевски, вицепремиер за Европски прашања.
Франција на народот и на властите во Македонија им порача да не се обесхрабруваат, да не се фокусираат само врз спорот околу името и ревносно да се продолжи со реформскиот процес. Како добра вест, Жан Пјер Жује ја истакна можноста за скоро укинување на визниот режим и зголемување на студентските размени помеѓу Македонија и Франција: - Имате многу добар информатички систем и мислам дека можеме да се движиме кон целосна либерализација на визите. Исто така мислам дека на билатерален план можеме да напредуваме во однос на приемот на студенти од Скопје во Франција.

ЗА крај Жује истакна дека влезот на Македонија како и на целиот Западен Балкан во ЕУ во голем дел се уште зависи од ратификацијата на Лисабонскиот Договор, која беше одложена поради негативниот референдум во Ирска на 12 јуни годинава.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА ФОРМИРААТ СВОЕ ЗДРУЖЕНИЕ
Читај
ПРАТЕНИКОТ СТЕРЈОВСКИ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ОПШТИНА ПУСТЕЦ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting