Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
НА 1 ОКТОМВРИ 1980 ГОДИНА ИЗЛЕГУВА ПРВИОТ БРОЈ НА ВЕСНИКОТ „НАРОДНА ВОЛЈА“
СО БЛАГОРОДНА ИСТОРИСКА МИСИJА ЗА ДОБРОСОСЕТСТВО И МИР
ЈАН ПИРИНСКИ


ПРВИ октомври 1980 година е роденденот на весникот „Народна волја“. На овој ден во далечна Австралија, во градот Сиднеј, слободољубивите македонски патриоти Александар Христов, Крсто Енчев, Ангело Вретовски, Георги Чочков, Митре Мојсовски и други ги ставија темелите на едно големо и свето дело за македонската национална кауза – создавањето на македонско печатено издание.

Ако се вратиме назад во времето, ќе си спо-мнеме дека по политич-ката расправија меѓу Ста-лин и Тито, кога Тито му го кажа на Сталин катего-ричното не, пријателските односи меѓу Југославија и Бугарија беа прекинати. Како што е познато, тогаш во училиштата во Пирин-скиот дел на Македонија имаше македонски учи-тели кои предаваа маке-донски јазик и историја. Тие беа приморани да ја напуштат земјата и да се вратат во македонската република. Бугарија како верен сателит на СССР ја исполнуваше стриктно политиката диктирана од Сталин. Тито беше про-гласен за предавник на комунизмот и импе-ријалистички агент на западните земји. Во оваа нова политичка ситуација во Бугарија започна да се проповеда антијугосло-венска и антимакедонска пропаганда. За жал, анти-македонската пропаганда продолжи и трае до денес.

Болшевичката дик-татура во Бугарија падна. Неопходноста од излегува-ње на македонски весник кој би се дистрибуирал не само во пределите на пиринскиот дел на Маке-донија туку и насекаде во Бугарија каде што живеат Македонци, како за нив, така и за останатите гра-ѓани на земјата едноставно се наметна. Благодарејќи на политичките промени во земјата, од април 1992 г. весникот започна да излегува како месечник во Благоевград, пирин-скиот дел на Македонија и беше впишан во бугар-скиот каталог на вес-ниците и списанијата. Од овој момент натаму главен и одговорен уредник на весникот по инсистирање на основачите стана Георги Христов со псев-доним Јан Пирински.

Уште при појавува-њето на „Народна волја“ во Благоевград, а и подоцна, многу бугарски медиуми (весници, радио и телевизиски канали) во земјата со голема злоба започнаа безобѕирно да фрлат клевети и лаги против весникот. Појавата на „Народна волја“ им стана трн во очите на бугарските национал-шовинисти. Тие не очеку-ваа овде појава на маке-донски весник. Збеснаа од омраза. Тие, кутрите, не беа навикнати некој да им ги покажува подмол-ните и нечисти постапки и веднаш се нафрлија како подивени врз него, лепејќи му гнасни и лажни етике-ти, како „антидржавен“, „антинароден“, „антибугарски“ и слични, се во таа насока. Специ-јалните бугарски служби и обвинителството про-работија активно против весникот, при што стигнаа дотаму весникот без законско право неколку пати да биде конфискуван. Но нам во редакцискиот колегиум на весникот ни беше јасно дека поли-тичкиот процес во земјата наспроти се се менува и оваа безобѕирна постапка на бугарските државни власти, и најмногу на специјалните служби ќе прекине. Така и се случи.

Обвиненијата против весникот не одговараа на вистината, зашто основ-ната идеја, принципите и целите на „Народна волја“ имаат општочовечки и прогресивен карактер. Бидејќи ние секогаш сме изјавувале дека се бориме за вистински добросо-седски односи преку кои сите спорни прашања останати од минатото ќе треба да се решаваат преку дијалог, отворено, чесно и без да се нару-шуваат нечии национални интереси.

Весникот „Народна волја“ секогаш декларирал дека се бори против наци-оналшовинизмот одкаде и да доаѓа тој. Зашто тој е најголемото зло за сите народи, а тоа важи и за бугарскиот народ. Еве зошто ние секогаш со факти и документи ќе ги разобличуваме сите псе-вдоисторичари и мегало-мани, државници и поли-тичари, кои занесени во своите фатаморгани за голема Бугарија, безобзирно и бесрамно повторуваат пред својот народ и пред светската јавност дека македонска нација и народ нема. Нашата борба е праведна, бидејќи ние, Македонците, имаме полно право, па дури и граѓански и човечки долг, да ги бараме и браниме своите права и слободи – човечки и малцински. Овие наши права и слободи Бугарија е должна да ни ги гарантира согласно со Рамковната конвенција за националните малцинства, согласно Европската конвенција за правата на човекот и останатите меѓународн договори и документи што таа ги има потпишано. Овие наши барања на никој начин не ги загрозуваат или засегаат бугарските национални интереси – напротив, создавањето на демократско и праведно општество без сомнение е национален интерес на секоја држава. А и ние за разлика од нашите опоненти никого не негираме. Не ги негираме ниту бугарскиот народ, ниту бугарската држава. Напротив, секогаш сме изјавувале дека сме за заемна почит и создавање на отворени и пријателски односи меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија, и меѓу сите држави во регионот.

Треба да се разбере еднаш за секогаш, дека македонски народ и нација има, постојат, дека македонска држава има и таа се вика Република Македонија. Нека сите нејзини соседи, кои страдат од своите апетити кон Македонија, да сфатат дека сите обиди за приграбување на Македонија ќе ги снајде злосреќна судбина. Денес Република Македонија е реалност, таа се прероди, таа е жива и ќе биде вечна. Зашто темелите и се длабоко во душите и срцата на македонскиот народ.

Проповедајќи ги идеите за добрососедство и пријателски соживот меѓу соседите, ние веруваме дека ќе можеме да помогнеме за реализацијата на овие идеи, а тоа ќе биде во корист на нашите народи.
Исповедувајќи ги горенаброените идеи и цели, верувајќи во нивното мирно реализирање „Народна волја“ најде свои читатели во Бугарија, на Балканот, во САД, Канада, Европа, Австралија и други земји низ светот. Ние од редакцијата на „Народна волја“ ја искажуваме нашата голема и срдечна благодарност на сите, кои со материјали или финансии го имаат помогнато весникот и им посакуваме долг живот, одлично здравје, среќа и многу успеси. Посебни поздрави до основните спонзори, нека бидат живи и здрави и да продолжат со својата патриотска дејност и во иднина.

ВЕСНИКОТ „Народна волја“ во изминатите години ја докажа во живот својата благородна и историска мисија, борејќи се за правата на Македонците, разобличувајќи ја секоја антимакедонска пропаганда, проповедајќи ги идеите за добрососедство, пријателство и мир, водејќи справедлива борба во интерес и за доброто на сите држави на Балканот, борба во името на разумот, правдата и слободата на народите.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
КОИ СЕ ПОГОЛЕМИ КРЕТЕНИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ИЛИ ИСТОРИЧАРИТЕ?
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО 1900: НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА ТУЃА ПОМОШ, ДА НЕ ЧЕКАМЕ ПОМОШ ОД БУГАРИЈА
Читај
АТАНАС ШОПОВ ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО В МАКЕДОНИЯ
Читај


Дарение
ПРИЗНАТЕЛНОСТ
Редколегията на вестник “Народна воля” изказва най-искрена благодарност на г-н Владимир Ралев, бизнесмен от Швейцария, за отпуснатата парична помощ от 1000 швейцарски франка.
На семейството на г-н Ралев желаем здраве и късмет, а на него лично - и успех в бизнеса!
Също така горещо подкрепяме многобройните донаторски инициативи на нашия македонски патриот по света!
* * *
Също така редколегията сърдечно благодари на г-н Иван Петров и г-жа Стефка Петрова от Белгия, дарили на вестника 100 евро.
На тях и техните роднини желаем здраве и късмет, много успехи в живота!

Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting