Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Правата што ги дава Р Македонија се инспирација за малцинствата на Балканот
МАКЕДОНИЈА Е ПРИМЕР НА ГРЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА
ВЕРА ТОДОРОВСКА


Грчкото малцинство во Албанија бара такви права какви што имаат Албанците во Македонија. Анонимни владини извори го отфрлаат барањето со образложение дека Грци има само 4 отсто, додека Албанците во Македонија се една четвртина од вкупната популација.Признавањето на грчкиот како втор службен јазик во Албанија е неопходен чекор што треба да го направи албанската влада за подобрување на односите со Грција, смета градоначалникот на приморското гратче Химара, Васил Болано, претседател на „Омонија“, организација на грчкото малцинство во Албанија. Тој неодамна ги тргна сите сообраќајни знаци и патокази во општината напишани на албански и постави нови на грчки јазик.
- Максимално ги поддржувам сите одлуки за подобрување на статусот на Грците во Албанија и за остварувањето на нивните легитимни права. Албанската влада постојано ги отфрла барањата на нашата организација, што е на штета на двата народа - изјави Болано. „Омонија“ бара Албанија да го прогласи грчкиот како втор службен јазик „како што тоа го направи Македонија со албанскиот јазик“.Албанија како релевантни ги зема податоците од последниот попис спроведен во април 2001 година, иако малцинствата го бојкотираа и го сметаат за невалиден. Според тие податоци, во Албанија има околу 60.000 Грци, а Македонци има 4.400. Нивните здруженија како и Центарот за етнички истражувања во Тирана тврдат дека Грци има над 600.000, а Македонци околу 150.000. И претходниот премиер Фатос Нано и актуелниот Бериша им ветуваат нов попис со листи на кои ќе има графа за етничка и верска припадност, но од тоа нема ништо.Заедницата на Македонците во Албанија веќе 17 години бара признавање статус на малцинство за сите Македонци. Македонците се Македонци само додека живеат во Мала Преспа. Доколку заминат во кој било друг дел од Албанија тие веќе не се тоа што се. Да не зборуваме за десетиците илјади во областите Гора и Голо Брдо, во Корча, Поградец, Кукс и во други места - вели Ефтим Митревски, долго години претседател на заедницата. Во Албанија за малцинства се признати Македонците, Грците и Власите, но само во делови во кои нивната концентрација е најголема.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Вечна памет

ДЕН НА ГЕНОЦИДА

На 13 септември се навършват 84 години от Вартоломейските нощи, започнати в Горноджумайско и обхванали цяла Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и българските власти. Македонските организации в България са избрали този ден като възпоменание за геноцида, извършван от страна на екстремисти и българските власти срещу македонското движение в България. Този ден е също така символ на предателството на българските медии към принципите на журналистиката и тяхното съучастничество не само в тогавашните убийства, но и в преследването и оклеветяването на македонските активисти тогава и днес. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Ново издание
Излезе от печат книгата на Ангел Динев

“ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ“

Излезе ново издание на вече легендарната книга на Ангел Динев “Илинденската епопея”. Излязла още в царска България, след идването на власт на Тодор Живков тя повече не е преиздавана в България и днес е библиографска рядкост. Авторът Ангел Динев е роден в с. Смоквица, Гевгелийско, на 1 октомври 1891 г. - - - умира в Скопје на 17 февруари 1952. Активен деец и ръководна фигура във ВМРО (об) за България, той през 1935/6 г. издава “Македонски вести”, в които смело защищава истината за самобитността на македонската нация. След 1944 г. взема активно участие в дейността на македонската емиграция в България и се изявява като последователен критик на опитите на някои среди да представят македонската нация като нещо случайно, ново и ограничено само в границите на Вардарска Македония. Динев е и един от основоположниците на македонската историческа наука заедно с Васил Ивановски. Автор е на книгите “Македонските славяни”, “Илинденската епопея” и “Политическите убийства в България.”
“Илинденската епопея” се смята за едно от най-добрите изследвания за епохата, базирано, освен на богата документация, също така и на множество свидетелства на участници в събитията.
“Илинденската епопея“ е на 400 страници. Цената й е 8 лв. Можете да я намерите в секциите на ОМО “Илинден”-ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.

Дарение
БЛАГОДАРНОСТ!
Нашите редовни читателии спомоществoватели Костадин Пачов (от САЩ) и Лефтер Манче (Канада) направиха дарения и абонация за вестника: първият в размер на 300 американски долара, а вторият - 300 канадски долара.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.
СЛАВЧО КОВАЧЕВ, една от жертвите на михайловисткия погром на 13. 09. 1924 г., оставил в наследство следния

ПОЛИТИЧКИ КАТЕХИЗИС НА МАКЕДОНСКИТЕ ФЕДЕРАЛИСТИ

- Ја сакам неизмерно Македонија повеќе од се друго на светот.
- Верувам постојано во нејзиното скорешно ослободување.
- Сметам само на нашите сопствени сили.
- Не верувам во интервенциите на големите сили.
- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза.
- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа.
Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со заедничките усилби на македонските националности и на балканските народи.
- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Неизмерно верувам дека само во обединувањето на вистинските македонски сили е нашиот спас.
- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави.
- Никогаш нема да дигнам рака против мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и со зборот.
- Најсовесно ќе дејствувам материално и морално на македонските организации кои за девиза ја имаат: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и нарекувам Македонец, гордеејќи се со тоа симболичко име, без да го заборавам ни за миг нашето национално потекло.
- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблиску тупкањето на моето чисто мкедонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа.
- Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест за да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа.
- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерни и топли молитви на македонскиот Бог, за да ја излее својата штедра милост над моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија, за што поскоро да ги усреќи со реализирање на нашата лелеана мечта: слободна и независна Македонија.


Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting