Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Историјата разобличува
ТАЕН ГРЧКИ ДОКУМЕНТ ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ
(Преземено од МИМ)


Кој поведе идеолошка офанзива против Македонците

Генералштабот на грчката армија побарал од Филипос Драгумис, во интерес на внатрешните и на меѓународните интереси на грчката држава, да најде име за да го прекрсти македонскиот јазик. Според дотогашните прописи, јазикот на Македонците во 1920 година се нарекуваше македонски, во 1928 година - македонско-словенски, и во 1940 година - словенски. Ова произлегува од еден историски документ, всушност доверлив Меморандум од дваесет отчукани страници од Филип Драгумис до Генералштабот на грчката војска, од 12 ноември 1948 година. Меморандумот се наоѓа во личната архива на Ф. Драгумис, во библиотеката „Генадиос“, во поддосието 104. 6, документ број 160 и со наслов „За пограничното бугарофонско население“.
Составувачот на меморандумот Филипос Драгумис (1890-1980), по потекло од грчкото село Богацико или Богацко, Костурска околија, син на Стефанос, бил висок функционер на грчката држава, чијашто кариера се идентификува со процесот на погрчување на нехелинофоните жители од околиите на Македонија што се инкорпорираа, по балканските војни и Првата светска војна во Грција. Во времето кога е составуван Меморандумот, борбите меѓу сојузничките сили на Демократската армија и НОФ од една страна и грчката војска од друга страна, се воделе со особена жестокост во западна Македонија.
Грчката држава, паралелно со воените операции, организира и идеолошка офанзива против македонската национална заедница. Филипос Драгумис, голем познавач на македонското прашање, бил четирипати пратеник од Леринско-Костурско 1920-1922, 1926-1928. ;1932-1933. ; 1933-1935, поранешен гувернер за Македонија (1932-1934), помошник министер за надворешни работи (од мај 1944 до јануари 1945 и од април до ноември 1945 година), министер за одбрана (од ноември 1945 до јануари 1947 година) и пратеник од Солун во тие години (1946-1949 година), го искажува своето мислење за насоките на конструирањето и доизградбата на грчката пропаганда, имајќи го во предвид брзиот развој на настаните на Балканот. Задачата што му била поставена на Ф. Драгумис, како член на комисијата за национални публикации од страна на Генералштабот на армијата, се однесува на наоѓањето термини за одредување на јазичниот словенски идиом на населението од некои погранични села во Северна Грција и конкретно во Западна Македонија. Тоа значи, со други зборови, дека воениот штаб барал да најде, во согласност со внатрешните и меѓународните интереси на грчката држава, име за да го прекрсти македонскиот јазик. Ф. Драгумис се обидува опширно со својот Меморандум да и помогне на грчката пропаганда да се от-каже од дотогашните три принципи кои официјално ги има-ше употребено Грција во своите пописи за да го одреди јазикот на Македонците: македонски во 1920 година, македонско-словенски во 1928 година и словенски во 1940 година. Првата глава од Меморандумот е насловена: „Отфрлување на терминот Славомакедонци „, каде е дадено и појаснувањето за причините за отфрлувањето на овој термин. Иницијативата потекнува од Министерството за надворешни работи кое „ја признава штетноста од употребата на Терминот славомакедонски јазик и славомакедонска националност, што намерно го воведоа славомакедонистите во меѓународната употреба и бара тој термин да се отфрли“.
Наспроти фактот дека термините македонски јазик и македонска нација не престанаа да се употребуваат од грчките комунисти, вистина е и тоа дека истовремено, партискиот јазик ја наложи и употребата на терминот Славомакедонци.

Се задушуваат правата на Македонците

Комунистичката партија на Грција го поистовети терминот Славомакедонци со терминот Македонци, почитувајќи ја очигледно како постара одлуката на Комунистичката интернационала за македонското прашање од 25 февруари 1943 година со која се напаѓа негирањето на постоењето на македонската нација од страна на трите империјалистички држави што ја поделија Македонија, така и сопствената одлука на шестиот конгрес (11/1935 година) каде што се осудува страотното задушување на правата на националните малцинства кои живеат во Грција, во прв ред на Македонците.
Доказ за тоа дека за Комунистичката партија на Грција термините Македонци и Славомакедонци во тие години се поистоветуваат, е резолуцијата на Петтиот пленум на ЦК на Партијата (31 јануари 1949 година), два месеца по составувањето на овој реферат, во која резолуција станува збор за полна национална рехабилитација на македонскиот - славомакедонскиот народ, да се нарекува така како што самиот сака. Драгумис на почетокот изјавува дека му е драго донесувањето на оваа одлука - рамка што ја поставува Министерството за надворешни работи, односно отфрлувањето на терминот Славомакедонци ја поддржува тргнувајќи од еден гласолошки пристап:
“Денешниот бугарски јазик покажува забележителни траги од трет јазик, веројатно од исчезнатиот стар тракиски или илирски.
На пример славобугарскиот јазик го става членот на крајот од именката, како што е и во современиот романски, во куцовлашкиот и во албанскиот јазик, а тоа не е случај со ниеден друг словенски јазик.

Истите тие карактеристики ги има и словенскиот идиом што го зборуваат во некои посеверни места од Македонија“.

Од оваа значајна забелешка и дополнителна констатација, произлегува дека српскиот јазик на кој се зборува северно од Скопје, Славомакедонците многу тешко го разбираат, додека бугарскиот го разбираат. Драгумис од ова го извлекува првиот произволен заклучок, дека не се работи за посебен јазик, ниту за бугарски дијалект, туку за самиот бугарски јазик со некои лексички разлики. Така доаѓа до една толку крајна теза, што грчкиот национален лингвист Н. Андриотис беше принуден една деценија подоцна да изврши корекција, подвлекувајќи дека помалку скандалозно, посоодветно и поблизу до вистината е да се зборува за словенски идиом. Во продолжение, не од незнаење, туку свесно изнесувајќи лаги, тој тврди дека тие што го зборуваат тој јазик никогаш во минатото не го нарекуваа српски или некако поинаку, туку само бугарски. Иако е познато дека во куќата на Драгумис, како неговиот татко Стефанос, така и неговиот зет Павлос Мелас говореа на македонски јазик, а писмата на последниов до неговата сестра Наталија, првпат објавени во 1926 година, сведочат за тоа.

Тој, исто така, ги критикува оние што имаат симпатии спрема Грците, а кои поради омразата кон Бугарите, говореа за посебен македонски идиом-несловенски кој е близу до грчкиот јазик, алудирајќи главно на Константин Цјулкас и на сите смешни работи што ги напишал 1907 година за македонскиот јазик.

Постои посебна словенска македонска националност

Во втората глава, под наслов „Претпочитување на терминот бугарофони Грци“, Филипос Драгумис го конкретизира својот предлог.

Овде читаме дека Србите по 1912 година го нарекуваат мнозинството од населението на македонските околии што ги освоија Словени од Македонија или Славомакедонци и најстојчиво им ја влеваа свеста, на оние што не мораа да ги придобијат во србизмот, идејата за постоење на посебна словенска македонска националност, различна од бугарската и по потреба на вистинската српска.

Повикувајќи се на централистите - македонски револуционери, тој пишува за Социјалистичкиот автономистички македонски комитет, за поддршката кон него од оние што го сакаат своето ослободување од Отоманското ропство, а не се формално христијани, жители на Македонија (во почетокот на векот), а исто така и за солидарноста на европските социјалисти кон револуционерите.

За употребата на името Славомакедонци, од страна на селаните, за виновно го смета комунистичко-автономистикото движење и организацијата НОФ, а што се однесува до политичките цели на последнава, верува дека се тие три:

- Крајна разврска- освојување на сета Македонија:

- Преодна разврска - отцепување на погусто населените места во Западна Македонија;

- Последната разврска - признавање од страна на ООН на национално малцинство, Славомакедонско во грчка Македонија со обезбедување според меѓународните норми на малцински, национални, црковни и училишни права.

Оценувајќи ја стварноста од тоа време, политичките и воените околности, Драгумис забележува во врска со погоре изнесеното: Првите две можности веќе изгледаат попусти, благодарение на англоамериканската помош и на повеќе од двегодишниот отпор на народот и војската што продолжува против славокомунистичкиот бандитизам, иако бандите целосно ги држат двата најзначајни погранични реони на Корештата, Костурско, Преспа и Леринско.

Но, третата можност се уште не е отстранета, како што се гледа и од конференцијата на ООН во Париз и настојувањето на пансловенската коалиција, која интензивно го пропагира решението за меѓународно признавање на славомакедонското малцинство во грчка Македонија. Но бидејќи заштитата на малите, на слабите и на малцинствата е омилена тема на сите вистински слободољубиви и со демократски убедувања народи, се наоѓаме пред опасноста да ги видиме нив измамени од страна на пансловенската коалиција и да биде прифатен нејзиниот сомнителен предлог“.

Во третата глава од Меморандумот, под наслов „Терминот словенски идиом е идентичен со терминот славомакедонци“.

Авторот објаснува зошто по негово мислење се случува тоа.

“Терминот словенско јазично малцинство во суштина е идентичен со терминот славомакедонско. Теоретски би можело да се тврди дека нема поблизок национален карактер, туку само јазичен или племенски.

Словенското семејство го сочинуваат многу нации со разни словенски јазици. Но во практиката, ако ние признаваме словенско јазично малцинство во Македонија, различно од бугарското и од српското, ние ќе западнеме автоматски и задолжително во словено-комунистичката теорија за постоење на посебна славомакедонска националност“.

Две години подоцна, во писмо до својот пријател Христидис, со години член на мешовитата комисија на грчко-бугарското преселување и автор на книгата „Le Comuflage Macedonien” (1949), Ф. Драгумис се навраќа на содржината на споменатиот параграф, признавајќи дека таму тој ги изложува и оние причини кои не можат јавно да се искажат.

Во продолжение на таа глава, неговиот автор доаѓаа до прашањето на некогашната одлука на грчката влада (во 1925 година), за изучување на македонскиот јазик во малцинските региони, издавањето на македонската читанка Абецедар и на размената на населението врз основа на спогодбата на Неили.

Кои причини не можат јавно да се искажат

Составувачот на Меморандумот појаснува зошто е во интерес на грчката држава да не ги крсти Македонците со името словени или Славомакедонци, туку со името бугарофони. „Неизбежно е, пишува тој, дека дури и ако ги признаеме од наша страна само како словенско јазично, а не национално малцинство, тие да се стремат кон меѓународно признавање како славомакедонско национално малцинство и да бараат заштита од независната држава Македонија, членка на широката Југословенска Федерација на Тито, додека доколку се меѓународно признаени како бугарофонско малцинство би се расцепило македонското единство. И практично тој верува, како што истакнува понатаму, дека на овој начин се олеснува нивното отфрлување како агенти на поранешната непријателска држава“.

Во продолжение на овој Меморандум во глава пет се вели: „Невозможно е меѓународно одобрение за принудно искоренување на кое било јазично национално малцинство“. Особено разобличувачки се чини, кога Драгумис пишува за намерите на одредени функционери на грчката држава да тргнат кон конечното решавање, целосно, преку насилство да се искоренат Македонците од нивните огништа. Но, сепак, не се согласува со таквиот предлог, затоа што верува дека нема надеж за успех. Можноста за протерување во иднина, на која се надеваат некои, или за принудно иселување на сите бугарофони, независно од нивните убедувања и наспроти нивната волја, е вистинска утопија, особено ако тие се оквалификувани како славофони. За политичката симпатија на македонските автономисти во периодот меѓу двете војни кон КПГ, поради нејзините ставови по македонското прашање, тој коментира: „Гласаа на изборите за комунистичката партија, изразувајќи ја така на изглед законски својата омраза кон либералниот режим“. Но, го истакна прашањето со тоа што го смета мал процентот на комунистите. „Но, оваа партија во префектурата на Лерин и Костур (тогаш беше единствена префектура) доби само една десетина од гласовите“. Оваа забелешка на Драгумис, за незначајноста на избирачката база, се наоѓа во антиподот на она што го тврдеше неговиот соработник и пријател, голем познавач на македонските работи Константинос Каравидас, за кој, верувам дека е многу поблизу до историската стварност, го покажува немирот на грчките власти и вреди да се пренесе тука автентично: “Треба да се забележи дека од наведените 1278 гласови дадени (1936 година во Леринската префектура) за комунистичкиот правец, односно за антигрчкиот и автономистичкиот правец, од селани, слепи фанатици, ако за нив се суди од гледна точка на квалитетот и динамиката, очигледно е дека секој глас има многу кратко значење во однос на дадените за разни други партии. Затоа што додека некои од последните се гласови дадени случајно и други дадени поради користољубиви врски он една или друга партија, или поради лични врски, гласовите за реакционерните комунисти беа дадени, спротивно на личниот интерес на секој гласач, за еден кандидат сосема незначаен и од преданост кон идеал крајно опасен за нив.

Тоа се толку ефективни гласови, така што може да се претпостави дека секој од нив зрачи влијание врз 30 и 40 луѓе меѓу останатите месни селани. „Драгумис ги остава предлозите за четвртата глава, која ја насловува: „Надворешно-политички причини за претпочитање на терминот бугарофони“. Тука веќе пишува отворено:

“Дури и кога не би било вистина дека словенскиот идиом, за некои делови од македонското население е навистина бугарски идиом, а не македонско-словенски или едноставно дури словенски и ако оние меѓу нив што ги мразат Грците со тежината на својата душа не би и сочувствувале на Бугарија, туку на Југославија или Русија, би било во наш интерес да ги квалификуваме како склони кон Бугарите или симпатизери на Бугарите, а не како божем национално безбојни Словени, кога веќе називот Славомакедонци го исклучуваме“.

Да се искоренат Македонците од нивните огништа

Размена на населението како со Југославија така и со Бугарија, станува невозможна, затоа што во овие две земји не постои веќе изразито грчко население и особено гркофони. Вредноста на последниов параграф, мислам дека станува разбирлив, штом дава одговор на се што неописливо и нереално се тврдеше од многу Грци познати по име и презиме, по офанзивата против соседната Република за неупотреба на името Македонија. Но, извонредно интересна е и втората причина за отфрлување, според Драгумис, на размената и откорнувањето на македонското население. “Меѓународно признаена принудна размена или откорнување на какво било население апсолутно се исклучува, затоа што таквите тоталитарни мерки, промовирани од Германците и препишани со усовршувања од руските комунисти, прогласени се како неприфатливи од страна на западните демократи“.

Драгумис, се разбира, го премолчува фактот дека првиот проповедник на принудната размена или откорнување на населението е грчката држава, која предничи за три децении, како со прочуената грчко-бугарска спогодба од Неили од 1919 година така и главно со грчко-турската спогодба за принудната размена од Лозана од 1923 година.

Според Драгумис ако е невозможно целосно откорнување на Македонците од своите родни места, тоа не значи дека не постојат други начини за значаен удар и нивно отстранување од својата татковска земја. И така, Драгумис во главата: „Отстранување како хранители на бандите и опасни за националните вооружени сили и агенти на бандитизмот од пограничните реони“, го предлага следново: Навистина можеме преку разни законски, уставни, на вистина либерални и меѓународно признаени мерки да ги обезглавиме славокомунистичките махинации во Грција. Треба само тие мерки да се применат со координација и на единствен начин од сите надлежни разграноци на администрацијата и со согласноста на сите политички партии“. Понатаму авторот на Меморандумот напоменува дека подготовката за комплетирање на досиејата за македонското население (политички убедувања) веќе е во тек во последните три години и тоа со негово учество. Сета подготовка за прибирање на статистички податоци е извршена со мисијата на тогашната грчка влада, кога министер за надворешни работи беше г. И. Политис, а составена од господата Д. Андреадис (починал тогаш), Г. Модис и од потпишаниот, кои по тримесечно истражување на самото место и работа низ Македонија и Тракија, со помошта на месните органи на власта, црковни, судски, административни и воени, составивме комплетни списоци на разни луѓе осудени за злосторства, кои не се појавија пред судот и на оние по секое село посебно со податоци дали се наклонети кон Грците или се со нестабилна свест или пак се со јавно докажани антигрчки убедувања и тоа посебно за префектурите Костурска, Леринска и Пела.

Овие списоци беа доставени до Генералната управа за Македонија во Солун, до Генераштабот на војската и до министерството за надворешни работи. Значи, постои веќе основата, која послужи и која мора да послужи и денес, со понатамошно информирање и со дополнување, за спроведување на одредена политика.

Овие собрани податоци од списоците постојат во доверлив извештај на Министерството за јавен ред до Министерството за надворешни работи потпишани од министерот С. Теотокис, со датум 24 јули 1946 година. Така, согласно со овие податоци, како сомнителни со антигрчки убедувања се сметаат 104. 655 Македонци и 2. 207 Власи од Македонија. Во истиот извештај, Теотокис е на мислење дека треба да се соочиме со прашањето за протерување на споменатите, а со него се согласува и Комисијата под претседателство на првиот заменик началник на Генералштабот на армијата.

Драгумис во својот Меморандум и самиот смета дека бројот на Македонците изнесува 120 илјади, признавајќи дека јавно, обично признаваме дека не се повеќе од 90 илјади, но смета дека бројот на „уривачите“, како што ги вика, е 10 до 20 отсто.

Тој го коментира, исто така, прашањето на двојазичноста, забележувајќи дека освен Македонците (бугарофоните, како што систематски ги именува), и другите ксенофони, односно влахофони, албанофони, туркофони се веќе двојазични, затоа што го разбираат и зборуваат, особено мажите, грчкиот јазик.

Мерки за елиминирање на националното малцинство

Кога би биле принудени на меѓународен план да го признаеме постоењето на славофонско или бугарофонското јазично малцинство во Грција, нема ниту еден селанец да се осмели да се пријави и да побара ниту отворање на малцински училишта ниту цркви па дури и просто изучување на нивниот јазичен идиом во грчкото основно училиште во своето село, затоа што во меѓувреме оние бугарофони со лабилна свест ќе бидат поучени од последиците на откорнувањето на славокомунистичките агенти-нивните селани и ќе бидат соодветно просветени од нашите надлежни власти. Посебно, одземањето на нивите и оддалечувањето од семејствата ќе создаде во нив најдлабок впечаток, така што нема да потклекнат на прикриените притисоци и закани за славокомунистите, а пак оние кои покажуваат упорност за грчкото образование и верност на Грчката црква, ќе биде корисно да им се доделуваат специјални морални признанија и награди.

Ако во спротивно, пак, им поверуваме на хистеричните и демагошки гласови, на оние кои тврдат дека е потребно да се протераат насилно сите славофони и тн., ние ќе создадеме самите во овој критичен за меѓународниот мир и за грчката кауза момент, национално малцинство во Грција, од кое ќе биде веќе невозможно да се ослободиме преку каква било принудна размена или друга тоталитарна мерка, меѓународно неприфатлива и неостварлива. Таква насилна мерка се обидоа да применат кон средината на оваа тековна година воените власти во Костур и Лерин, протерувајќи насилно од овие околии кон границата и кон реоните што ги држат бандите, такви фамилии кои останаа во своите села. Во главата под наслов „Мерки што треба да се преземат за елиминирање на создавањето на национално малцинство“, следуваат предлозите на Драгумис за мерките што треба да се преземат против Македонците“. Соодветниот извадок што го приложуваме, е поопширен од претходните затоа што го опишува, речиси со фотографска точност, се она што следуваше по поразот на оружените македонско-комунистички сили. За да се избегнат потешките последици од меѓународното признавање, макар и само јазичното, односно националното признавање на бугарофонското или воопшто славофонско малцинство, потребно е од сега да решиме и активно, но бесшумно, да ги примениме следните мерки, кои ги предложив пред една година до локалните, административните, судските, воените власти итн., во западна Македонија, како и до Министерството за надворешни работи (до постојаниот заменик министер г-н С. Китрилакис).

а) Оние што соработуваат со окупаторите и посебно со Бугарите за време на окупацијата и осудените и оние на кои им се суди за криминални дела поврзани со бандитизмот и комунизмот во тие погранични региони, како и оние кои доброволно избегаа во соседните територии или што им пристапија на бандите (не принудно) и оние кои не се појавуваат пред суд, да се сметаат официјално дека се откажале од грчкото државјанство и дека избрале практично друго државјанство.

б) Да им се конфискуваат имотите, а нивните ниви да им се отстапуваат отсега, од страна на државата за обработка, на соселани-безимотни луѓе со потврдени грчки убедувања, но само од блиските реони, на пример, од гркофонските села од Грамос, кои полесно ќе можат да се адаптираат на суровите природни и општествени услови на овие погранични ридишта, а да примаат туторство, за да не се претворат во мали тирани над останатите стари жители.

А пак, доделувањето земјиште на идните колонисти, треба да е доволно за издржување на петчлено семејство, како би имале интерес да се населат за постојано и да не ги напуштат своите нови живеалишта при првото дувнување на ветерот, и нивните семејства независно од јазикот, што значи и гркофоните да се интернираат постепено во јужна Грција. Но, распрскани по едни или најмногу две семејства во секое село или град, во согласност со законот за разбојништвото, а за сигурност на воените сили, кои водат операции во пограничните реони.

При нивниот транспорт и сместување во местата на интернацијата да се почитуваат од страна на државните органи, строго сите законски и хуманитарни правила на однесување спрема жените и децата што ќе бидат интернирани... Во пограничните реони сместени се во актуелни пунктови и гркофони Грци (како на пример оние од Русија наречени Кавкасци) од кои, за жал, многумина се опасни комунисти. Значи за да не биде обвинета грчката влада дека дејствува незаконски, против слободата и нечовечки и особено за прогони-јазични и национални, би било препорачливо интернацијата да почне со семејствата на гркофоните злосторници.

На тој начин ќе биде јасно истакнат принципот дека оние од осудените или не појавените пред суд што покажаа практично дека сакаат да и припаѓаат на славомакедонската, на бугарската или друга националност, се откажаа автоматски од грчкото државјанство и нема повеќе да бидат примени на грчкото тло, а ќе им бидат испратени во погодно време во своите нови татковини.

Не постојат веќе гркофони

А резултатот беше, по неколку дена, тие да се вратат, речиси сите, а и по новото протерување повторно се вратија во своите села или во други соседни села. За среќа, ставен е крај на оваа произволна и извонредно опасна игра од страна на Генералштабот на владата. Потребно е да сфатиме дека никаква изолирана мерка не може да се примени без одговорна владина иницијатива, комплетна соработка и совршена координација на постапките на сите надлежни категории на администрацијата. А за каква било политика врз национални прашања, потребна е согласност од сите лојални големи политички партии. Конкретно за комплетна соработка на воените, на судските и на чисто административните власти и на жандармеријата со генералната линија што ќе ја дава Министерството за надворешни работи во согласност, се разбира, со Генералштабот на војската.

Во претпоследната глава од Меморандумот, се истакнува неопходно потребното внимание кое државата треба да го обрне на прашањето на ксенофоните и одразот што може да го има една погрешна политика по ова прашање, особено на експанзионистичката политика на Грција, или како што поелегантно се наведува, врз националните претензии на Грција. Тука Драгумис е сосема јасен и категоричен. „Ние сме должни, пишува тој, да обрнеме внимание и на овој аспект, кој во недалечна иднина, не е исклучено да има големо влијание врз нашиот интерес да создадеме впечаток оти наводно не ги сметаме за Грци, ксенофоните и дека имаме намера да ги уништиме. За жал, не постојат веќе гркофони-грчко население во соседните територии врз кое ние имаме претензии, освен само неколку остатоци во југозападен Северен Епир (односно околиите Погони, Делвино, Аги и Саранда и Химара) „.

Своето размислување Филипос Драгумис го продолжува поставувајќи го прашањето: „ Значи, ако ние се откажеме од тоа дека ксенофоните Грци од Грција се Грци, врз што ли ќе ги засноваме евентуалните претензии да добиеме соседни територии, во кои живеат, исто така, и уште покомпактно слични ксенофони жители. Како ќе го бараме Аргирокастро, Премети, Корча, Москополе, Битола, Струмица, Мелник, Неврокоп итн. ?

На крајот Драгумис го завршува својот Меморандум за преименување на Македонците и на нивниот јазик со одредени специјални укажувања за случајот кога грчката држава беше обврзана од големите сили во тоа време да им даде на малцинствата слобода за изучување на негрчки мајчин јазик. При такво соочување, тој подвлекува дека треба да се преземат неопходните мерки, така што изучувањето да не стане преку специјални ксенофони училишта, (каде што грчкиот јазик ќе се изучува задолжително како странски официјален јазик на државата), туку факултативно во веќе постојните држави грчки основни училишта, каде што останатите предмети ќе се предаваат на грчки јазик. Учителите, пак, на странскиот јазик ќе бидат задолжително грчки државјани, лојални на грчките закони и под надзор на инспектори Грци. И предлага уште при предавањата да се користи, поради национални причини, кирилското (а не латинското) писмо, поради своето византиско потекло и неговата блискост до грчкото писмо.

Филипос Драгумис ќе се наврати пак на ова прашање за политичката опција на грчката држава за преименување на Македонците, со доверливо писмо за соочување со славокомунистичката опасност против северна Грција, четиринаесет години подоцна на 14 септември 1962 година тој го состава новиот текст што му го испраќа на кралот, на премиерот К. Караманлис и на министерот за надворешни работи Е. Авероф. Во интерес на Грција, читаме повторно таму, а славофоните од западна и централна Македонија која граничи со Југославија да се именуваат од нас подобро како бугарофони, отколку како Македонци.

Настојувањето на Филипос Драгумис по прашањето за преименување, како што произлегува од погоре изложеното, веќе неколку децении пред грчката држава да ја воведе и загуби неодамнешната битка за името, го издигнуваат него историски како главен вдахновител на политиката за преименување и духовен водач на една стратегија што ја изолира на меѓународен план Грција и ја доведе до врвен дипломатски пораз. Грчките протагонисти на антимакедонската политика во годините 1991-1996 година, беа, без тоа (повеќето од нив) да го знаат, гласноговорници или претприемачи на една идеја која веќе беше стара половина век.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај


Вечна памет

ДЕН НА ГЕНОЦИДА

На 13 септември се навършват 84 години от Вартоломейските нощи, започнати в Горноджумайско и обхванали цяла Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и българските власти. Македонските организации в България са избрали този ден като възпоменание за геноцида, извършван от страна на екстремисти и българските власти срещу македонското движение в България. Този ден е също така символ на предателството на българските медии към принципите на журналистиката и тяхното съучастничество не само в тогавашните убийства, но и в преследването и оклеветяването на македонските активисти тогава и днес. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Ново издание
Излезе от печат книгата на Ангел Динев

“ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ“

Излезе ново издание на вече легендарната книга на Ангел Динев “Илинденската епопея”. Излязла още в царска България, след идването на власт на Тодор Живков тя повече не е преиздавана в България и днес е библиографска рядкост. Авторът Ангел Динев е роден в с. Смоквица, Гевгелийско, на 1 октомври 1891 г. - - - умира в Скопје на 17 февруари 1952. Активен деец и ръководна фигура във ВМРО (об) за България, той през 1935/6 г. издава “Македонски вести”, в които смело защищава истината за самобитността на македонската нация. След 1944 г. взема активно участие в дейността на македонската емиграция в България и се изявява като последователен критик на опитите на някои среди да представят македонската нация като нещо случайно, ново и ограничено само в границите на Вардарска Македония. Динев е и един от основоположниците на македонската историческа наука заедно с Васил Ивановски. Автор е на книгите “Македонските славяни”, “Илинденската епопея” и “Политическите убийства в България.”
“Илинденската епопея” се смята за едно от най-добрите изследвания за епохата, базирано, освен на богата документация, също така и на множество свидетелства на участници в събитията.
“Илинденската епопея“ е на 400 страници. Цената й е 8 лв. Можете да я намерите в секциите на ОМО “Илинден”-ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.

Дарение
БЛАГОДАРНОСТ!
Нашите редовни читателии спомоществoватели Костадин Пачов (от САЩ) и Лефтер Манче (Канада) направиха дарения и абонация за вестника: първият в размер на 300 американски долара, а вторият - 300 канадски долара.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.
СЛАВЧО КОВАЧЕВ, една от жертвите на михайловисткия погром на 13. 09. 1924 г., оставил в наследство следния

ПОЛИТИЧКИ КАТЕХИЗИС НА МАКЕДОНСКИТЕ ФЕДЕРАЛИСТИ

- Ја сакам неизмерно Македонија повеќе од се друго на светот.
- Верувам постојано во нејзиното скорешно ослободување.
- Сметам само на нашите сопствени сили.
- Не верувам во интервенциите на големите сили.
- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза.
- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа.
Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со заедничките усилби на македонските националности и на балканските народи.
- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Неизмерно верувам дека само во обединувањето на вистинските македонски сили е нашиот спас.
- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави.
- Никогаш нема да дигнам рака против мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и со зборот.
- Најсовесно ќе дејствувам материално и морално на македонските организации кои за девиза ја имаат: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и нарекувам Македонец, гордеејќи се со тоа симболичко име, без да го заборавам ни за миг нашето национално потекло.
- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблиску тупкањето на моето чисто мкедонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа.
- Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест за да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа.
- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерни и топли молитви на македонскиот Бог, за да ја излее својата штедра милост над моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија, за што поскоро да ги усреќи со реализирање на нашата лелеана мечта: слободна и независна Македонија.


Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting