Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Алан Терноар, претседател на Паневропската меѓународна унија
ИМЕТО Е ЛАЖЕН ПРОБЛЕМ
(Преземено од МИМ)


Во време на меѓусебна зависност и светски предизвици, Паневропската унија го признава правото на самоопределување на народите и нивни културен, економски и политички развој како етнички групи. Иако денес Паневропската унија е задоволна со ситуацијата во Европа, нејзиниот претседател Алан Терноар, поранешен француски и европски пратеник, во интервјуто за „Утрински весник“ вели дека, сепак, постои место и за незадоволство во однос на политиката на ЕУ кон Западен Балкан, вклучително и кон Македонија.

Господине Терноар, како претседател на Паневропската меѓународна унија, ја критикувате многу политиката на ЕУ кон Западен Балкан. Зошто?
Најпрво жалам што Европа не беше способна да помогне при поделбата на поранешна Југославија во нови држави, што беше, би рекол, нејзина историска и политичка улога. Како европска организација, таа требаше да го олесни решавањето на проблемите од минатото меѓу европските земји, но се покажа неспособна да го направи тоа. И не само тоа, туку, за жал, помогна да се зголемат разликите и некои поделби се претворија во конфликти. Затоа велам дека Европа не беше на висината на своите амбиции во деведесеттите години. Исто така, не е на висината на настаните при европската интеграција на Југоисточна Европа. Тие земји треба да станат дел од Европската унија, а критериумите од Копенхаген би се разрешиле со времето. Ова на ист начин како што беше прифатено тоа за Бугарија и за Романија. Не треба повторно да доцниме и да не и’ го дадеме на Европа колку што е можно поцелосното лице, со сите земји од Југоисточна Европа и со сите земји од Западен Балкан.
ЕУ вели дека сите овие земји имаат европска перспектива, но зошто тогаш се одложува толку многу таа перспектива?
Природно е што тие имаат европска перспектива, бидејќи се европски земји со својата историја, култура и географија! Зошто тогаш се одложува? Јас констатирам дека Европа напредува се’ побавно. Се надевам и се’ уште не сум сигурен дека Лисабонскиот договор ќе биде ратификуван од сите земји-членки на ЕУ. Имаме потреба од нови институции и од прегледност до каде се простира европската територија. Тоа е и една од причините поради кои некои европски народи се воздржани во поглед на ЕУ. Потребно е земјите од Југоисточна Европа, започнувајќи со Македонија, да и’ се приклучат набрзо на Унијата. Потоа тие прогресивно ќе ги исполнат сите критериуми што се бараат денеска од нив. Европа, пред се’, е политички проект за заедничко живеење и заедничка судбина, тоа е нејзината суштина, се’ друго е секундарно.
Како што рековте сами, критериумите од Копенхаген не им беа побарани на старите земји-членки на ЕУ кога се градеше нејзиното јадро?
Точно, тоа не и’ беше побарано на пример на Италија, како што не беше побарано ниту од Грција, Шпанија или Португалија. Тие беа интегрирани во ЕУ и со тоа не се направи грешка, бидејќи тие се дел од Европа и Европа, како што реков, е политички проект. Таа не е технички, бирократски проект кој треба да ги понесе сите европски народи кон заедничка судбина. А тоа е ситуацијата што ја посакувам и затоа не сум задоволен.
Вие добро знаете дека, покрај сите овие критериуми од Копенхаген, кои не е лесно да се исполнат, за Македонија е поставен уште еден услов – името!
Критериумите од Копенхаген, како што се правната држава, борбата против организираниот криминал, корупцијата, колку повеќе сте интегрирани во Европа толку повеќе сте принудени, за среќа, да ги почитувате. Што се однесува до името, тоа е типично лажен проблем, кој беше ставен во прв план и за што искрено жалам, бидејќи Македонија сите ја викаат Македонија. Сите ќе продолжат и понатаму да ја нарекуваат Македонија, па дури и оние што се спротивставуваат денес. Не постојат други средства за да се нарече поинаку, освен Македонија и точка. Ние ги знаеме прашањата поврзани со историјата, со грчката северна провинција итн. Но, нека ми кажат како може поинаку да се нарекува оваа земја освен Македонија. Дури и ако и’ додадевме едно друго име што ќе беше малку посложено, на крајот повторно во секојдневниот јазик ќе ја викавме Македонија. Тогаш се прашувам зошто сето ова, освен само да се забави неизбежниот и посакуван рок за интеграција во ЕУ.
Зошто тогаш Европа нема храброст да и’ го каже тоа на Грција?
Бидејќи Европа функционира за ваквиот тип проблеми според принципот на едногласност. Таа се конституира според овој принцип. Европа треба да еволуира. Договорот од Лисабон нема да го реши проблемот, но за многу други прашања ќе можеме да преминеме да функционираме според принципот на квалификувано мнозинство. Можеме да се надеваме дека и за еден проблем сличен како овој со името, исто така, ќе се одлучува со квалификувано мнозинство. Но, мислам дека ако Македонците се цврсти во своите убедувања, во што не се сомневам, на крајот ќе победат, односно ќе победи разумот.
Покрај тоа што сте претседател на Паневропската меѓународна унија, Вие сте и Французин, што мислите за француската политика кон Македонија?
Франција отсекогаш е пријател на Македонија, таа секогаш ги поддржуваше македонските проекти. Околу ова немам никакви резерви, иако знам дека неодамна моите македонски пријатели беа по малку вчудовидени од позицијата на нашиот претседател. Неговата позиција беше многу повеќе втемелена врз сентиментални отколку врз политички елементи. Политичките елементи се тие што треба да ги утврдат односите меѓу Франција и Македонија.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЕКСЕЛЕНЦИИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИСТОРИСКА РЕАЛНОСТ, ФАКТ
Читај
ТЕМПИРАНА БОМБА НА БАЛКАНОТ
Читај


Вечна памет

ДЕН НА ГЕНОЦИДА

На 13 септември се навършват 84 години от Вартоломейските нощи, започнати в Горноджумайско и обхванали цяла Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и българските власти. Македонските организации в България са избрали този ден като възпоменание за геноцида, извършван от страна на екстремисти и българските власти срещу македонското движение в България. Този ден е също така символ на предателството на българските медии към принципите на журналистиката и тяхното съучастничество не само в тогавашните убийства, но и в преследването и оклеветяването на македонските активисти тогава и днес. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Ново издание
Излезе от печат книгата на Ангел Динев

“ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ“

Излезе ново издание на вече легендарната книга на Ангел Динев “Илинденската епопея”. Излязла още в царска България, след идването на власт на Тодор Живков тя повече не е преиздавана в България и днес е библиографска рядкост. Авторът Ангел Динев е роден в с. Смоквица, Гевгелийско, на 1 октомври 1891 г. - - - умира в Скопје на 17 февруари 1952. Активен деец и ръководна фигура във ВМРО (об) за България, той през 1935/6 г. издава “Македонски вести”, в които смело защищава истината за самобитността на македонската нация. След 1944 г. взема активно участие в дейността на македонската емиграция в България и се изявява като последователен критик на опитите на някои среди да представят македонската нация като нещо случайно, ново и ограничено само в границите на Вардарска Македония. Динев е и един от основоположниците на македонската историческа наука заедно с Васил Ивановски. Автор е на книгите “Македонските славяни”, “Илинденската епопея” и “Политическите убийства в България.”
“Илинденската епопея” се смята за едно от най-добрите изследвания за епохата, базирано, освен на богата документация, също така и на множество свидетелства на участници в събитията.
“Илинденската епопея“ е на 400 страници. Цената й е 8 лв. Можете да я намерите в секциите на ОМО “Илинден”-ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.

Дарение
БЛАГОДАРНОСТ!
Нашите редовни читателии спомоществoватели Костадин Пачов (от САЩ) и Лефтер Манче (Канада) направиха дарения и абонация за вестника: първият в размер на 300 американски долара, а вторият - 300 канадски долара.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.
СЛАВЧО КОВАЧЕВ, една от жертвите на михайловисткия погром на 13. 09. 1924 г., оставил в наследство следния

ПОЛИТИЧКИ КАТЕХИЗИС НА МАКЕДОНСКИТЕ ФЕДЕРАЛИСТИ

- Ја сакам неизмерно Македонија повеќе од се друго на светот.
- Верувам постојано во нејзиното скорешно ослободување.
- Сметам само на нашите сопствени сили.
- Не верувам во интервенциите на големите сили.
- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза.
- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа.
Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со заедничките усилби на македонските националности и на балканските народи.
- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Неизмерно верувам дека само во обединувањето на вистинските македонски сили е нашиот спас.
- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави.
- Никогаш нема да дигнам рака против мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и со зборот.
- Најсовесно ќе дејствувам материално и морално на македонските организации кои за девиза ја имаат: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и нарекувам Македонец, гордеејќи се со тоа симболичко име, без да го заборавам ни за миг нашето национално потекло.
- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблиску тупкањето на моето чисто мкедонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа.
- Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест за да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа.
- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерни и топли молитви на македонскиот Бог, за да ја излее својата штедра милост над моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија, за што поскоро да ги усреќи со реализирање на нашата лелеана мечта: слободна и независна Македонија.


Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting