Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
По разговорите на Нимиц во Скопје и во Солун
РЕАКЦИИ И КОМЕНТАРИ
(Од македонскиот печат)


Македонија инсистира на што помал опсег на употреба на името за кое евентуално ќе се постигне договор со Грција, со тоа што ќе се остави на секоја земја сама да одлучи дали ќе го користи уставното име Република Македонија или она што ќе биде договорено.
Македонската страна бара чиста варијанта за јазикот и нацијата - македонски - а не некоја варијанта според името за меѓународна употреба за кое ќе се постигне договор и не се согласува со решение што ќе води кон промени на македонскиот Устав. Ова се главните забелешки на македонскиот државен врв на идеите во последниот пакет на посредникот во преговорите за името, Метју Нимиц, кои му биле изнесени на завчерашните средби во Скопје. Неофицијално дознаваме дека на средбите не се разговарало конкретно за некое од осумте имиња во пакетот, од кои четири се варијанти на Северна Македонија и четири на Горна Македонија, со тоа што Северна и Горна како географски одредници би биле во заграда или со цртичка. Меѓу последните „идеи“ на Нимиц не биле ниту Црквата, како што побара претходно премиерот Никола Груевски, ниту топонимите, барање што веќе го изнела грчката страна. Со ваквите забелешки Нимиц вчера беше во Солун на средба со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис и по разговорите со него оцени дека треба повеќе време за решавање на разликите меѓу Македонија и Грција околу името.
- Потребно е повеќе време за да видиме до каде сме. Иако ова прашање треба да биде решено, нема да поставуваме никакви рокови - рече Нимиц по средбата, повторувајќи дека, лично, не верува во никакви временски рамки. Посредникот уште изјави дека не изнел нов предлог за името, бидејќи работите уште не биле конкретизирани, додавајќи дека кога ќе излезе со нов предлог, сака тој да биде конкретен. Од средбите во Скопје и во Солун, Нимиц заклучил дека двете страни имаат конкретни ставови за тоа што е прифатливо, а што не е и дека решение ќе се најде кога двете страни ќе бидат задоволни со предложеното решение. Другиот заклучок на Нимиц од двете средби е дека и Грција и Македонија имаат сериозна намера за изнаоѓање решение и оти двете земји имаат сериозен однос во напорите да се затвори прашањето. На средбата со Василакис биле поставени и други теми.
- Беа посочени многу работи, кои јас би ги опишал како периферни во однос на централното прашање за името. Некои од нив се повеќе, а некои помалку релевантни во однос на главното прашање за името - вели Нимиц. Според него, овие работи може евентуално да се третираат како „прашање“, но тие не ја претставуваат суштината и предлага „овие работи да ги оставиме настрана и да се справиме со прашањето за името во обид да најдеме решение“. Грчкиот преговарач Василакис, одговарајќи на прашање дали е постигнат каков било напредок во преговорите, рече дека е оптимист по природа и ако има трпение, ќе биде изнајдено решение.
- Потребно е да бидеме трпеливи и да ги движиме работите полека - изјави Василакис. Веднаш по средбата во Солун, од Атина се огласи министерката за надворешни работи Дора Бакојани со изјава дека нема крајни рокови во грчко-македонските разговори. Таа рекла дека грчката влада нема да ги коментира последните изјави на премиерот Груевски, бидејќи е убедена дека „суштински и чесни напори“ се потребни за решавање на прашањето, додавајќи дека „бескорисната реторика“ мора да се избегнува. Според Бакојани, преговорите со посредство на ОН течат и ќе продолжат и во наредните денови.Во врска со неофицијалните информации за името Северна Македонија, Бакојани рекла: „Грција сака заемно прифатливо име, со географска одредница што ќе се користи во целиот свет. Тоа е грчката позиција“.
За прашањето за името и грчко-македонските преговори не се исклучува да се разговара на маргините на Генералното собрание на ОН на крајот на овој месец. Според неофицијалните информации, пред почетокот на Генералното собрание може да има уште една рунда разговори на посредникот Нимиц со преговарачите Димитров и Василакис, на која посредникот би излегол со конкретен предлог. Од тоа ќе зависи дали во Њујорк ќе има средба на повисоко ниво. Во врска со можноста за разговори на повисоко ниво, Нимиц во Солун изјави дека во овој месец ќе се одржи седница на Генералното собрание на ОН и оти „ова е многу важна година“. Кипарскиот весник „Политис“ вчера, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека е голема веројатноста американскиот дипломат да ги покани министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Антонио Милошоски и Дора Бакојани, на средба во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН, на која ќе присуствува и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Вечна памет

ДЕН НА ГЕНОЦИДА

На 13 септември се навършват 84 години от Вартоломейските нощи, започнати в Горноджумайско и обхванали цяла Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и българските власти. Македонските организации в България са избрали този ден като възпоменание за геноцида, извършван от страна на екстремисти и българските власти срещу македонското движение в България. Този ден е също така символ на предателството на българските медии към принципите на журналистиката и тяхното съучастничество не само в тогавашните убийства, но и в преследването и оклеветяването на македонските активисти тогава и днес. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Ново издание
Излезе от печат книгата на Ангел Динев

“ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ“

Излезе ново издание на вече легендарната книга на Ангел Динев “Илинденската епопея”. Излязла още в царска България, след идването на власт на Тодор Живков тя повече не е преиздавана в България и днес е библиографска рядкост. Авторът Ангел Динев е роден в с. Смоквица, Гевгелийско, на 1 октомври 1891 г. - - - умира в Скопје на 17 февруари 1952. Активен деец и ръководна фигура във ВМРО (об) за България, той през 1935/6 г. издава “Македонски вести”, в които смело защищава истината за самобитността на македонската нация. След 1944 г. взема активно участие в дейността на македонската емиграция в България и се изявява като последователен критик на опитите на някои среди да представят македонската нация като нещо случайно, ново и ограничено само в границите на Вардарска Македония. Динев е и един от основоположниците на македонската историческа наука заедно с Васил Ивановски. Автор е на книгите “Македонските славяни”, “Илинденската епопея” и “Политическите убийства в България.”
“Илинденската епопея” се смята за едно от най-добрите изследвания за епохата, базирано, освен на богата документация, също така и на множество свидетелства на участници в събитията.
“Илинденската епопея“ е на 400 страници. Цената й е 8 лв. Можете да я намерите в секциите на ОМО “Илинден”-ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.

Дарение
БЛАГОДАРНОСТ!
Нашите редовни читателии спомоществoватели Костадин Пачов (от САЩ) и Лефтер Манче (Канада) направиха дарения и абонация за вестника: първият в размер на 300 американски долара, а вторият - 300 канадски долара.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.
СЛАВЧО КОВАЧЕВ, една от жертвите на михайловисткия погром на 13. 09. 1924 г., оставил в наследство следния

ПОЛИТИЧКИ КАТЕХИЗИС НА МАКЕДОНСКИТЕ ФЕДЕРАЛИСТИ

- Ја сакам неизмерно Македонија повеќе од се друго на светот.
- Верувам постојано во нејзиното скорешно ослободување.
- Сметам само на нашите сопствени сили.
- Не верувам во интервенциите на големите сили.
- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза.
- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа.
Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со заедничките усилби на македонските националности и на балканските народи.
- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Неизмерно верувам дека само во обединувањето на вистинските македонски сили е нашиот спас.
- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави.
- Никогаш нема да дигнам рака против мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и со зборот.
- Најсовесно ќе дејствувам материално и морално на македонските организации кои за девиза ја имаат: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и нарекувам Македонец, гордеејќи се со тоа симболичко име, без да го заборавам ни за миг нашето национално потекло.
- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблиску тупкањето на моето чисто мкедонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа.
- Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест за да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа.
- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерни и топли молитви на македонскиот Бог, за да ја излее својата штедра милост над моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија, за што поскоро да ги усреќи со реализирање на нашата лелеана мечта: слободна и независна Македонија.


Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting