Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Од историјата на пиринскиот дел на Македонија
БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА
Д-р Васил Јотевски
(Продължава от миналия брой)



И во овој случај пописите на населението во Народна Република Бугарија од 1946 и 1956 година и резултатите од нив не се предмет на разгледување во Информацијата. Во неа доследно се застапуваат старите тези: „Одвај по Петтиот конгрес на Партијата во 1948 г., и главно по Априлскиот пленум на ЦК на БКП во 1956 г., Партијата ги совлада слабостите во својата позиција во однос на македонското прашање.“
Што се однесува до Македонците во пиринскиот дел на Македонија, кои според пописите од 1946 и 1956 година претставуваа мнозинство од населението, според оваа информација, тоа население „во секој однос се чувствува како неразделен дел од бугарската нација, род од нашиот род. Мајчиниот јазик на населението во тој крај исто така е бугарскиот јазик, како што се бугарски и неговото потекло, неговото минато, битовите обичаи, песните.“
Што се однесува на македонската нација и држава во рамките на југословенската федеративна државна заедница, авторите на оваа информација, макар и прикриено, меѓу редови пројавуваат дури и територијални претензии, кога велаат:
„Бугарската комунистичка партија и НР Бугарија го признаваат постоењето на СР Македонија како составен дел на СФРЈ и се упорни во закрепнувањето на пријателските односи. Меѓутоа, БКП и нашата држава не можат да го премолчат фактот дека во СР Македонија упорно се спроведува политика на насилна денационализација на бугарското население...
Не можеме да не ја искажеме својата возбуденост и загриженост од денационализаторските дејства и преследувања на оние што се чувствуваат Бугари во СР Македонија.“
Ставовите изнесени во оваа информација, кои претходно беа утврдени и прифатени од страна на највисоките партиски и државни раководители на Бугарија, имено, дека не постојат македонска нација, македонски јазик, македонско национално малцинство во Бугарија и до денешен ден останаа непроменети. На крајот, треба да признаеме дека таквите ставови, со мали исклучоци, се прифатени и од поширокото бугарско општeство.

9. Настаните во Чехословачка од 1968 и положбата на Македонците во пиринскиот крај до 1989 година

Воената интервенција врз Република Чехословачка предизвика меѓународна криза, која не ги одмина односите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија со Советскиот Сојуз и посебно со Народна Република Бугарија. Меѓутоа самата агресија врз Чехословачка од страна на партиското и државното раководство на НР Бугарија претставуваше повеќе повод за заладување на односите со СФР Југославија, додека причините се наsираа уште во текот на 1967 година, а до полн израз дојдоа во првата половина на 1968 година. Имено, дотогашните добрососедски односи што беа воспоставени меѓу НР Бугарија и СФР Југославија, а согласно и меѓу СР Македонија и НР Бугарија, најјасно беа изразени преку отворањето и организирањето на пограничните средби што беа одржувани во периодот меѓу 1963 и 1968 година. Средбите се одржувале наизменично во пограничните и поблиските градови во НР Македонија и во НР Бугарија. На нив, покрај задоволството од средбите, што се изразувало преку заедничките културно-уметнички програми, се пројавувало и незадоволство од дотогашната состојба на затворени граници, се истакнувала желбата за зближување и сплотување на народот со намалување на важността на политичката граница. Но наспроти желбите на широките народни слоеви да се остваруваат таквите заложби или барем да се движат во правец на нивното остварување, првиот човек на бугарската партија и држава, Тодор Живков, им го задал решавачкиот удар. По настаните во Чехословачка, пограничните средби ќе бидат забранети.
На заседанието на Политбирото на ЦК на БКП од 12 октомври 1967 година, Тодор Живков ги разработил тезите кои требало да послужат како основа за работата со бугарската младина. Истите тези биле прифатени и потврдени од страна на Пленумот на ЦК на БКП што се одржал на 26 и 27 декември истата година. Во нив, покрај другото, Тодор Живков, во глава V, „За патриотското воспитување на младината се повикува на Димитар Благоев, кој навистина е основоположник на социјализмот во Бугарија, (но истиот Димитар Благоев, повторуваме, не еднаш се има искажано дека не бил Бугарин туку дека бил Словен од село Загоричани, Костурско, егејскиот дел на Македонија) и се повикува на славното минато од времето на македонскиот цар Самуил и на богомилите. На тој начин, Т. Живков, во рамките на своите три златни правила за патриотското воспитување на бугарската младина: „љубов кон бугарската држава“, „љубов кон татковината“ и „љубов и почитување кон бугарскиот начин на живеење и бугарскиот фолклор“, ја смести и средновековната историја на Македонија и на македoнскиот народ.
Покрај сето погоре искажано, во својот говор одржал на 13 јануари 1968 година на Конгресот на младината, односно пред Комсомолот, тој ги надополнил своите тези, па Илинденското востание на македонскиот народ од 1903 година го означил како еден од петте најзначајни настани од поновата бугарска историја. Неколку дена потоа започнала со работа радиостанцијата „Родина“, која емитувала редовно антимакедонска пропаганда.
Настапите на првиот човек на Бугарската комунистичка партија и држава им ги отвориле вратите на националистичките и антимакедонски расположени бугарски научни, културни и други политичко-публицистички работници. Меѓу првите што ја искористиле новонастаната положба биле писателите и научните работници од областа на историјата. Писателите ги негирале македонскиот јазик и култура, а историчарите македонскиот народ, нација и историја. Во 1968 година, се основало Бугарското историско друштво, кое претставувало „единствен центар за историја“, директно раководен од Бугарската академија на науките (БАН) со нејзините институти. За потребите на Енциклопедијата на Бугарија, која била во фаза на подготовка за објавување, била формирана посебна „информативна група за Македонија“. Основната задача на целокупниот работен колектив се состоела во негирањето на s# што имало македонски национа-лен белег и во присвојувањето на македонското историско минато. Посебно место тука заземала веќе споменатата брошура „Македонското прашање - историско-политичка информација“ на Институтот за историја при БАН, издадена во Софија, во ноември 1968 година. Овој памфлет, како што и погоре споменавме, беше отпечатен во 100 000 примероци и доста од нив беа нелегално пренесени во Југославија, односно во Македонија. Освен тоа, преку радиото „Родина“, од 15 јануари до 12 февруари 1969 година била емитувана целата нејзина содржина. Покрај сето тоа, надополнувајќи ги ставовите на Тодор Живков, бугарскиот историчар Љубен Толев, во својата статија „Бугарската историска наука и патриотското воспитување“, што била објавена во централниот печатен орган на историчарите на НР Бугарија „Исторически преглед“, како истакнати примери од бугарската историја заедно со Илинденското востание, Самуиловото царство и богомилите, кои ги споменал и Тодор Живков, ќе ги наведе уште и Разловечкото и Кресненското востание од 1878/79 година и македонските револуционери Гоце Делчев, Даме Груев и Јане Сандански.
При една таква состојба на антијугословенска и антимакедонска кампања што ја презела НР Бугарија, партиското и државното раководство на НР Македонија презело дејства да ја запознаат македонската јавност со пропагандните активности на НР Бугарија. Имено, во рефератот што го поднел Крсте Црвенковски на V конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија, што се одржал од 18 до 20 ноември 1968 година, меѓу другото, тој ќе истакне: „Во Бугарија, особено во последната година, сведоци сме на една нечуена антијугословенска и антимакедонска националистичка кампања. Таа се манифестира пред s# низ негирањето на нашата национална македонска самостојност, низ присвојувањето на нашата севкупна истотијата, низ директните агресивни потцртувања на наводно бугарскиот карактер на Македонија, низ цврстата политика на асимилација на Македонците во Пиринска Македонија.
За да се надмине таквата состојба во меѓусебните односи на СФР Југославија и НР Бугарија, во ноември 1970 година К. Црвенковски ја посетил НР Бугарија. Меѓутоа, посетата не ги дала очекуваните резултати.
Таквата состојба на тивка пропагандна војна ќе се одржува до 1978 година, кога повторно Тодор Живков, кој и покрај тоа што бил запознаен со иницијативата и предадените три документи: Свечена изјава на Сојузниот извршен совет во Собранието на СФРЈ за бугарската народност во СФРЈ, Заедничка изјава и Свечена изјава за почитување на териториалниот интегритет и неповредливоста на границите, што ги понудила СФРЈ уште во 1967 година со кои, меѓу другото, се предлагало да се задржат принципите на доследно почитување на сувереноста, територијалниот интегритет и немешањето во работите на други држави и со кои сепак се утврдува согласноста на двете држави за заштита на бугарското малцинство во СФРЈ и на македонското во НР Бугарија, на митингот од 15 јуни истата година, во Благоевград ќе истакне:
„Длабоко сме уверени дека изострувањето и истакнувањето на преден план на таканаречените отворени прашања (во нив Т. Живков ги сместил барањата за враќање на националните права на Македонците од пиринскиот крај, аналогно на националните права на бугарското малцинство во СФРЈ, В.Ј.), издигањето на нивното решавање како предуслов за соработка, обидите истите да се наложат од другата страна (се мисли на СФРЈ, В.Ј.), сето тоа е погрешен, неплоден и неперспективен потфат“. Истовремено тој ќе истакне дека ја изразува својата готовност за развивање на добрососедските односи меѓу СФР Југославија и НР Бугарија меѓутоа „го подвлекувам и нашето категорично ’не’ на обидите да се злоупотребува нашата политика и конструктивност, да се доведува во заблуда светското општествено мислење или да се допушти мешање на кого било во нашите внатрешни работи.“ За Т. Живков решавањето на националните права и слободи на Македонците во пиринскиот крај, на начин како што беа и се решени националните права и слободи на Бугарите во СФР Југославија, немало никаква перспектива, дури се истакнува дека тоа преставувало „мешање во внатрешните работи на Бугарија.“

(Продължава в следващия брой)

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЕКСЕЛЕНЦИИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИСТОРИСКА РЕАЛНОСТ, ФАКТ
Читај
ТЕМПИРАНА БОМБА НА БАЛКАНОТ
Читај


Вечна памет

ДЕН НА ГЕНОЦИДА

На 13 септември се навършват 84 години от Вартоломейските нощи, започнати в Горноджумайско и обхванали цяла Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и българските власти. Македонските организации в България са избрали този ден като възпоменание за геноцида, извършван от страна на екстремисти и българските власти срещу македонското движение в България. Този ден е също така символ на предателството на българските медии към принципите на журналистиката и тяхното съучастничество не само в тогавашните убийства, но и в преследването и оклеветяването на македонските активисти тогава и днес. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Ново издание
Излезе от печат книгата на Ангел Динев

“ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ“

Излезе ново издание на вече легендарната книга на Ангел Динев “Илинденската епопея”. Излязла още в царска България, след идването на власт на Тодор Живков тя повече не е преиздавана в България и днес е библиографска рядкост. Авторът Ангел Динев е роден в с. Смоквица, Гевгелийско, на 1 октомври 1891 г. - - - умира в Скопје на 17 февруари 1952. Активен деец и ръководна фигура във ВМРО (об) за България, той през 1935/6 г. издава “Македонски вести”, в които смело защищава истината за самобитността на македонската нация. След 1944 г. взема активно участие в дейността на македонската емиграция в България и се изявява като последователен критик на опитите на някои среди да представят македонската нация като нещо случайно, ново и ограничено само в границите на Вардарска Македония. Динев е и един от основоположниците на македонската историческа наука заедно с Васил Ивановски. Автор е на книгите “Македонските славяни”, “Илинденската епопея” и “Политическите убийства в България.”
“Илинденската епопея” се смята за едно от най-добрите изследвания за епохата, базирано, освен на богата документация, също така и на множество свидетелства на участници в събитията.
“Илинденската епопея“ е на 400 страници. Цената й е 8 лв. Можете да я намерите в секциите на ОМО “Илинден”-ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.

Дарение
БЛАГОДАРНОСТ!
Нашите редовни читателии спомоществoватели Костадин Пачов (от САЩ) и Лефтер Манче (Канада) направиха дарения и абонация за вестника: първият в размер на 300 американски долара, а вторият - 300 канадски долара.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.
СЛАВЧО КОВАЧЕВ, една от жертвите на михайловисткия погром на 13. 09. 1924 г., оставил в наследство следния

ПОЛИТИЧКИ КАТЕХИЗИС НА МАКЕДОНСКИТЕ ФЕДЕРАЛИСТИ

- Ја сакам неизмерно Македонија повеќе од се друго на светот.
- Верувам постојано во нејзиното скорешно ослободување.
- Сметам само на нашите сопствени сили.
- Не верувам во интервенциите на големите сили.
- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза.
- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа.
Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со заедничките усилби на македонските националности и на балканските народи.
- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Неизмерно верувам дека само во обединувањето на вистинските македонски сили е нашиот спас.
- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави.
- Никогаш нема да дигнам рака против мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и со зборот.
- Најсовесно ќе дејствувам материално и морално на македонските организации кои за девиза ја имаат: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и нарекувам Македонец, гордеејќи се со тоа симболичко име, без да го заборавам ни за миг нашето национално потекло.
- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблиску тупкањето на моето чисто мкедонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа.
- Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест за да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа.
- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерни и топли молитви на македонскиот Бог, за да ја излее својата штедра милост над моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија, за што поскоро да ги усреќи со реализирање на нашата лелеана мечта: слободна и независна Македонија.


Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting