Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
8 СЕПТЕМВРИ - ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА
МАКЕДОНИJА СЕ ПРЕРОДИ, ЖИВА Е, И ЌЕ БИДЕ ВЕЧНА
ЈАН ПИРИНСКИ


МИНАТОТО на Македонија е полно со мноштво историски пресврти. Големи, незаборавни траги на слава и процут остави нашиот народ во историјата на човештвото. Но и жестоката судбина на погром. Тој ја спозна својата судбина на маченик, ниту за миг не прекина да води херојска борба за враќање на својата величина и право на иднина.

И тоа време дојде. Започна Илинденското востание на 2 август 1903 г. (само да спомнеме дека на 2 август 338 г. пр. н. е., во историската битка кај Херонеја македонската армија водена од Филип II и неговиот син Александар Македонски ги порази Грците). Како што е познато востанието беше задушено, но не пред македонските борци да ја прогласат Крушевската република – првата република на Балканот. Илинденската епопеја беше доказ дека македонскиот народ е жив и ќе ја продолжи борбата за своето ослободување и воспоставување на сопствена држава. И таа желба стана реалност по 41 години, на историското собрание на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчински“ – пак на 2 август, но 1944 г., кога Македонија ја прогласи својата победа и повторно ги постави темелите на својата државност во рамките на Народна Федеративна Република Југославија. Но по промените во почетокот на 90-те години на минатиот век, кога многу режими паднаа, а југословенската федерација се распадна, тогаш македонскиот народ се определи да заживее во сопствена независна држава, како што тоа го посакуваа илинденските борци. Се разбира, тоа беше исклучиво тежок процес кој наметна и бројни компромиси.
Во оваа нова ситуација се спроведоа избори за првиот повеќепартиски парламент на Македонија, кој официјално беше конституиран на 8 јануари 1991 г. по демократски избори во кои зедоа учество 17 партии. На 25 јануари парламентот се определи за правото на отцепување од југословенската федерација и одлучи да се спроведе референдум за независност. На 8 септември истата година македонскиот народ гласаше за самостојна и независна Република Македонија. Народот кажа категорично ДА на идејата за самостојност. Со овој историски факт категорично им беше одговорено на оние од соседите на Р. Македонија кои ја негираат македонската нација, јазик и култура (т.е. на Грција и Бугарија) дека Македонците имаат своја држава и нејзиното име е Република Македонија. Потоа на 17 септември беше усвоена декларација за независност, а на 17 ноември 1991 г. беше изгласан и Уставот. На 8 април 1993 г. Македонија стана 181 членка на Организацијата на обединетите нации со што беше признаена од сите држави во светот. Денес над 120 од нив и покрај грчкото противење ја признаваат под нејзиното уставно име – Република Македонија.

МАКЕДОНСКИОТ народ достоинствено се бореше и се избори за својата слобода. Денес Република Македонија е суверена држава која успешно ја гради иднината на својот многу напатен народ. Таа има доволно сили, разум на демократски и цивилизиран начин да докаже на нејзините „душегрижници“ дека просперитетот на народите на Балканот може да се гради на база на рамноправноста, толерантноста, солидарноста и искрениот соживот.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Вечна памет

ДЕН НА ГЕНОЦИДА

На 13 септември се навършват 84 години от Вартоломейските нощи, започнати в Горноджумайско и обхванали цяла Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и българските власти. Македонските организации в България са избрали този ден като възпоменание за геноцида, извършван от страна на екстремисти и българските власти срещу македонското движение в България. Този ден е също така символ на предателството на българските медии към принципите на журналистиката и тяхното съучастничество не само в тогавашните убийства, но и в преследването и оклеветяването на македонските активисти тогава и днес. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Ново издание
Излезе от печат книгата на Ангел Динев

“ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ“

Излезе ново издание на вече легендарната книга на Ангел Динев “Илинденската епопея”. Излязла още в царска България, след идването на власт на Тодор Живков тя повече не е преиздавана в България и днес е библиографска рядкост. Авторът Ангел Динев е роден в с. Смоквица, Гевгелийско, на 1 октомври 1891 г. - - - умира в Скопје на 17 февруари 1952. Активен деец и ръководна фигура във ВМРО (об) за България, той през 1935/6 г. издава “Македонски вести”, в които смело защищава истината за самобитността на македонската нация. След 1944 г. взема активно участие в дейността на македонската емиграция в България и се изявява като последователен критик на опитите на някои среди да представят македонската нация като нещо случайно, ново и ограничено само в границите на Вардарска Македония. Динев е и един от основоположниците на македонската историческа наука заедно с Васил Ивановски. Автор е на книгите “Македонските славяни”, “Илинденската епопея” и “Политическите убийства в България.”
“Илинденската епопея” се смята за едно от най-добрите изследвания за епохата, базирано, освен на богата документация, също така и на множество свидетелства на участници в събитията.
“Илинденската епопея“ е на 400 страници. Цената й е 8 лв. Можете да я намерите в секциите на ОМО “Илинден”-ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.

Дарение
БЛАГОДАРНОСТ!
Нашите редовни читателии спомоществoватели Костадин Пачов (от САЩ) и Лефтер Манче (Канада) направиха дарения и абонация за вестника: първият в размер на 300 американски долара, а вторият - 300 канадски долара.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.
СЛАВЧО КОВАЧЕВ, една от жертвите на михайловисткия погром на 13. 09. 1924 г., оставил в наследство следния

ПОЛИТИЧКИ КАТЕХИЗИС НА МАКЕДОНСКИТЕ ФЕДЕРАЛИСТИ

- Ја сакам неизмерно Македонија повеќе од се друго на светот.
- Верувам постојано во нејзиното скорешно ослободување.
- Сметам само на нашите сопствени сили.
- Не верувам во интервенциите на големите сили.
- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза.
- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа.
Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со заедничките усилби на македонските националности и на балканските народи.
- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Неизмерно верувам дека само во обединувањето на вистинските македонски сили е нашиот спас.
- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави.
- Никогаш нема да дигнам рака против мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и со зборот.
- Најсовесно ќе дејствувам материално и морално на македонските организации кои за девиза ја имаат: Независна Македонија, како рамноправен член на Балканската федерација.
- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и нарекувам Македонец, гордеејќи се со тоа симболичко име, без да го заборавам ни за миг нашето национално потекло.
- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблиску тупкањето на моето чисто мкедонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа.
- Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест за да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа.
- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерни и топли молитви на македонскиот Бог, за да ја излее својата штедра милост над моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија, за што поскоро да ги усреќи со реализирање на нашата лелеана мечта: слободна и независна Македонија.


Македонија пее
 
МАКЕДОНИЈА
Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Како зрак од сонце
Како мирис од цвеќе
Ти си наш најубав цвет (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме
Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме

Нека знае Европа
Нека чуе сиот свет

Колку љубов носиш
Колку даваш сила
Од тебе нема помила (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
Вечно ќе те чуваме (2)

Македонијо ти си се што имаме
Ти си песна и радост
Сонце и младост
За тебе живееме (2)

СЕ СОБРАА КОМИТИТЕ
Се собрале комитите (2)
ќе ми одат суво поле (2)
напред оди војводата (2)
војводата Јордан Пиперка. (2)

Ќе ми фаќат Мемет Изин (2)
ќе ми го чекаат Алил Паша (2)
што ја грабил руса Стојна (2)
руса Стојна од Мало Црско. (2)

Проговара војводата (2)
да слеземе долу Брезово (2)
да го венчаме Алил Паша (2)
за невеста остра сабја. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting