Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
„Егејското прашање“ - Каков било договор (компромис) со Грција мора да ги опфати сите отворени
НАПРАВЕН Е САМО ПРВИОТ ЧЕКОР
(Преземено од ”Дневник”)


Отворањето на т.н. „егејско“ прашање, во разговорите (медијацијата) со Грција ,е секако потег за поздравување. Крајно време беше за преземање таква иницијатива, но тоа е само првиот чекор: топката е повторно кај нас бидејќи не е доволно само да му се каже на Метју Нимиц. Доколку сме сериозни, отворањето на овој проблем мора да биде проследено со конзистентни, добро осмислени дипломатски активности. Зад тоа мора да стои деликатно разработена стратегија, која постепено ќе се спроведува. Првата задача мора да биде веднаш да се состави тим од макар неколку експерти кои би се концентрирале на подготвување соодветни материјали и би разработувале можни опции или предлози за решавање на проблемот. Секако, исклучително корисно би било да се ангажираат и странски консултанти. Меѓу приоритетите треба да биде подготвување кус но содржаен меморандум, кој би се дистрибуирал до сите релевантни личности и институции. Потоа, макотрпно треба да се работи на генерирање на што поширока поддршка на нашите легитимни барања, кои се апсолутно во согласност со меѓународната практика. Основната наша порака мора да биде дека коренот на спорот со името со Грција е токму прашањето на Егејците, односно македонското малцинство во Грција, а не некакви наши иредентистички намери или закани или некакво прекројување на грчкото историско наследство. Објективно, „егејското“ прашање ќе создаде нова ситуација, која многу работи ќе врати на почеток. Тоа целосно ни одговара бидејќи би ја зајакнало нашата позиција во спорот со името, а грчката позиција би била - целосно разголена.
Зошто е опортуно ова прашање да се отвори токму сега?
Прво, сосема е извесно дека прифатлив компромис со Грција околу името не е возможен во скоро време. Второ, недискутабилно е дека Нимиц повеќекратно го има надминато мандатот дефиниран од ООН, и тоа целосно на наша штета. Наместо да бара решение за „разликата околу името“, тој отиде предалеку и дејствува (речиси) целосно на линија на срамната Лисабонска декларација. Си зема право да одлучува дали ние имаме македонски јазик, македонска култура, историја, дали името да го користиме само наутро или и попладне и слично. Трето и најважно, во интервјуто за „Гласот на Америка на македонски јазик“, на почетокот на март 2008, Нимиц рече дека „Привремената спогодба заврши. Сега говориме за нов договор и луѓето треба да погледнат што може сега да се направи, а што не“!?! Во таа пригода, прв пат јавно, Нимиц ги откри своите размислувања и не’ врати еден век назад. Рече дека „десет години (посредување!) можеби звучат како долго време, но македонското прашање можеби е присутно речиси стотина години, можеби уште од Договорот во Букурешт во 1913, нели?“ Што треба да значи тоа? Дали Нимиц има намера да го заокружи Букурешт 1913? Дали целта на Нимиц е со новиот договор, дефинитивно, да се расчисти со македонското прашање, кое (непланирано?) „воскресна“ по Втората светска војна? Ова можеби звучи премногу грубо, но во политиката и дипломатијата постојат опасни игри, со несогледливи последици. Изјавите на Нимиц, и на други, дека не смее да се гиба нашиот идентитет лесно може да се покажат како замка. (Не заборавајте, според Резолуцијата 817, референцата беше предвидена за користење само во системот на ООН!). Ако државата остане безимена и нерамноправна во меѓународните односи, како што истите тие инсистираат, тоа точно ќе значи дека нема ниту македонска држава ниту признати и прифатени Македонци. Тоа што по дома ќе си останеме такви, малку ќе значи. Поради другите опасности на кои сме објективно силно изложени. Точно е дека Курди има, иако немаат држава, но не заборавајте, тие се преку 16 милиони. Што мислите, колку Македонци останаа, од стотиците илјади, во Грција, Бугарија, Албанија? За жал, малку, многу малку.
Заради сето тоа, неизбежен е заклучокот дека нов договор со Грција не е можен, без да се реши „егејското“ прашање! Дилеми не треба да има: ако сакаме да опстоиме, на маса мора да се стават сите отворени прашања со Грција и во периодот кој доаѓа да се обидеме да најдеме трајни решенија. Само во тој случај ќе се отворат (нај)широки перспективи и за двете земји, но и за регионот кој, поради нас Македонците, сега е заложник на грчката политика.
Не требаше да има никакви дилеми дека Атина тоа веднаш ќе го одбие, како што и стори. Таа ќе продолжи да го игнорира овој проблем исто како и македонското малцинство во земјата.
Затоа, не треба да се занесуваме дека поддршката ќе дојде лесно, брзо и безусловно. Напротив. На почетокот, не само Атина туку и сите други фактори, меѓу кои и Нимиц, ќе бидат против ваквиот наш обид. Ќе не советуваат дека, божем, тоа не е компатибилно со сегашниот процес, туку само ќе го комплицира и слично. Тоа никако не смее да не разочара и обесхрабри бидејки нема сомневање дека (скоро) сите меѓународни фактори се свесни дека Грција нема аргументи во спорот со нас и дека на сите им е преку глава грчката тврдоглавост. Но, сите имаат и некакви обврски према Атина. Било да се работи за солидарноста меѓу членките на НАТО и ЕУ, или некоја земја сака да и’ продаде оружје за баснословни суми, било да е во прашање некое традиционално пријателство...
Неспорен факт е дека Грција има силна меѓународна позиција и тоа е реалност со која мораме да сметаме. Слабата поддршка која стои зад нас е секако резултат и на нашите досегашни дипломатски активности. Но, состојбите може и мора битно да се променат.Во поранешна СФРЈ, во однос на Грција доминираше српскиот политички интерес: „традиционалната соработка со Грција“ да не се доведува во прашање. Затоа, ова прашање не дојде на дневен ред. Сепак, главната вина паѓа врз македонското раководство кое никогаш не покажа подготвеност да го постави. Не е случајно што, во комуникацијата со Грција, ова прашање го отвори Хрватката Милка Планинц, за време на официјалната посета на Атина. И, толку!
Во целосно независна РМ, ова прашање го отвори Александар Димитров, како министер за надворешни работи при посетата на Пангалос на Скопје. Тоа секако заслужува почит, но Димитров не реагираше ниту се дистанцира, кога Пангалос крајно безобразно, на заедничката прес-конференција, Македонците од „Виножито“ ги нарече „група хомосексуалци“! Димитров и подоцна се обидуваше нешто да стори (со младиот Папандреу, тогашен грчки министер за надворешни работи) но, како што изгледа, зад овие секако позитивни обиди, не стоеле поширок политички консензус и соодветна стратегија. Затоа, исклучително е важно сегашната иницијатива да е резултат на цврста политичка решеност да се истрае до крај, и да се постигне максимумот. Никој во историјата, во слични ситуации, не успеал без нагласена истрајност и подготвеност да се бори за своето. Ако тоа не го демонстрираме и ние, и не заслужуваме да ги оствариме своите права. Но, историјата тоа жестоко ќе го осуди.

РИСТО НИКОВСКИ (Авторот е дипломат)

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЕКСЕЛЕНЦИИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИСТОРИСКА РЕАЛНОСТ, ФАКТ
Читај
ТЕМПИРАНА БОМБА НА БАЛКАНОТ
Читај


ЕПОПЕЯ НА МАКЕДОНСКИЯ НАРОД

НИКОЛА КАРЕВ
 
ДАМЕ ГРУЕВ
“Заклевам се в името на своята чест и пред Бога, че вярно и честно ще служа на интересите на своята татковина Македония...“ (Клетва при встъпване във ВМРО)
 
 
Македонија пее
 
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ...
Бојот започнал горе Kрушево,
горе Крушево, на Мечкин камен. (2)

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули. (2)

Жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен. (2)

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија. (2)

ГОРДА МАКЕДОНКА
Вистина е мила мамо вистина
среќна сум мамо Македонка
со душа и срце распеана
на ден Илинден родена
Гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам да играм да горам да бликам
се ќе сторам мајко да те имам
во тага и солзи, во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо вистина
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО
Се запали пиле Трено одајчето, (2)
одајчето пиле Трено варосано,
варосано пиле Трено - падросано.

Не ми е жал пиле Трено за одајчето, (2)
тук’ ми е жал пиле Трено за чекмеџето. (2)

Внатре беа пиле Трено тапиите, (2)
тапиите пиле Трено од момите. (2)

Поезия
ВЕРНИЯТ ПЪТ
На вас, безсмъртни илинденци!
Дори като затворник зад решетка
или на път към слънчев необят,
сърцето разговаря с равносметка
на извървяното през този свят.

Повехне ли от ужас свободата,
животът е трагедия на роб,
че заедно приличат на тревата,
която плаче над забравен гроб.

Но тъжна безизходица е жажда
сърцето на доброто да тупти
и даже в поражение да ражда
величие и то да му шепти: -

През кървав ад душата ми премина
и може да разказва мълчешком,
че който носи болка за Родина,
той в нея ще намери своя дом.

Съдбата ми завинаги е твоя
като прегърната от две ръце,
че нищичко си няма, Майко моя,
освен едно премръзнало сърце.

В душата ми пищяха ветровете
на всички тиранични времена,
защото аз отглеждах вековете,
които търсят път от светлина.

Аз идвам от далечните ти рани
и нося неугасваща звезда,
че минах под илинденски камбани,
които възвестяват свобода.

Аз минах през разбитите окови
на дългото мълчание от страх
и тръгнах през изсъскани отрови
и бъдещи виелици от прах.

Аз вчера бях спасителна пътека
за още неизгряла красота
и гледах от сълзата на човека
как утре се усмихва пролетта.

Сърцето верен път е извървяло
в огромното световно колело,
когато на Родината е дало
поне това, което е могло!
АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting